Опозицијата бара разрешување на министерката Јанкулоска, која ја сметаат за одговорна за влошената безбедност во државата.
Нема да ја сменам министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и немам намера да дозволам во Македонија да се врати времето кога цветаше криминалот, рече премиерот Никола Груевски, како одговор на барањата на опозицијата.
Пратеникот Игор Ивановски од опозицискиот СДСМ, на седницата за пратенички прањата, рече дека петкратното убиство кај Смиљковци „тектонски ја измести безбедноста на државата“. Тој смета дека тоа што безбедносните служби немаат информации за ова свирепо убиство е „безбедносен кикс“ и го праша премиерот дали планира да ја разреши министерката за внатрешни работи, на што Груевски одговори дека нема да побара смена на Јанкулоска и сегашната структура во МВР.
„Пред една недела се случи петкратно свирепо убиство, масакр. Прошетајте малце помеѓу луѓето, во страв се, во несигурност се, не знаат што се случува, никој не им ги дава одговорите. Никој не им ги дава одговорите. Ако сте толку убедени во ова што го говорите, зошто не отидовте во Радишани кај луѓето кога ве бараа? Како се појавивте за 20 минути во Свети Димитрија да ги гледате фреските, а во Радишни седум дена не можете да отидете, ако сте толку убедени, ако сте толку уверени дека МВР си ја врши работата“, рече Ивановски.
Груевски рече дека опозицијата се обидува да спечали политички поени на големата трагедија. Тој рече дека полицијата посветено работи на случајот и изрази длабоко уверување дека сторителите ќе бидат најдени.
„Вие можете да наоѓате маани, можете да наоѓате слабости, грешки, меѓутоа не можете да одрекнете дека професионалноста во МВР е неспоредлива, ако кажам десет пати поголема мислам дека тоа би било помало од она што беше во времето на СДСМ.“
Пратеникот Тито Петковски побара да се изгради државен став пред Самитот на НАТО во Чикаго за да се овозможи влез на земјава во Алијансата, затоа што тој „безбедносен чадор“ и е неопходен на Македонија. Петковски посочи дека балканските држави засилено се вооружуваат и оцени дека петкратното убиство кај Смилковското Езеро е терористичка акција.
„Македонија влегува во еден мошне неизвесен простор којшто отсекогаш, а денес исто така не помалку, е пенетриран од туѓи интереси. Веројатно подобро и од мене знаете дека сите држави во регионот сериозно се вооружуваат, па и Македонија во тие рамки, купуваме, имаме оружје сигурно многу повеќе отколку што тоа НАТО ќе ни го дозволи, но несразмерно многу сите држави околу нас купуваат оружје. Во Македонија се случуваат терористички акции од оној тип за којшто беше говорено сега. За мене, тоа е само сериозен тест за македонската способност, за системот, да се брани, да ја чува безбедноста на граѓаните и интегритетот на државата. Доколку покажеме резистентност кон вакви акти, бидете сигурни ќе се зголемат очекувањата на некои други коишто историски имаат и имале претензии кон Македонија и не сакаат да има стабилност во Македонија.“
Премиерот Груевски рече дека државен став на сите политички фактори во земјата не може да се изгради додека нема конкретен предлог. Тој рече дека Македонија сака да влезе во ЕУ и НАТО и оти сака да го реши спорот за името со Грција, но како што рече, нема „нормална комуникација со Грција“ поради финанските проблеми што ги има нашиот јужен сосед.
„Ние сакаме да се дојде до решение. Тоа решение може да биде компромис, но не може да биде диктат со којшто ќе се менуваат идентитети, со којшто ќе се менува нешто што со векови се градело, се почитувало, се негувало и се живеело за него. Ние сакаме решение коешто ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Република Македонија на организиран референдум. Со еден исклучок, средбата со премиерот на Грција на 1 март, ние практично безмалку една година, некаде од јуни минатата година, немаме и не можеме да воспоставиме нормална комуникација со Грција од причина што тие имаат одредени проблеми со коишто се соочуваат, барем така кажуваат или барем тоа е нивното алиби за отсуството на комуникација. Кога со некој немате комуникација како можете да разговарате и да најдете решение на проблемот?“, рече Груевски.
Како се појавивте за 20 минути во Свети Димитрија да ги гледате фреските, а во Радишни седум дена не можете да отидете, ако сте толку убедени дека МВР си ја врши работата.Игор Ивановски, СДСМ.
Не можете да одрекнете дека професионалноста во МВР е неспоредлива, ако кажам десет пати поголема мислам дека тоа би било помало од она што беше во времето на СДСМ.Никола Груевски, премиер на Македонија.
„Пред една недела се случи петкратно свирепо убиство, масакр. Прошетајте малце помеѓу луѓето, во страв се, во несигурност се, не знаат што се случува, никој не им ги дава одговорите. Никој не им ги дава одговорите. Ако сте толку убедени во ова што го говорите, зошто не отидовте во Радишани кај луѓето кога ве бараа? Како се појавивте за 20 минути во Свети Димитрија да ги гледате фреските, а во Радишни седум дена не можете да отидете, ако сте толку убедени, ако сте толку уверени дека МВР си ја врши работата“, рече Ивановски.
Груевски рече дека опозицијата се обидува да спечали политички поени на големата трагедија. Тој рече дека полицијата посветено работи на случајот и изрази длабоко уверување дека сторителите ќе бидат најдени.
„Вие можете да наоѓате маани, можете да наоѓате слабости, грешки, меѓутоа не можете да одрекнете дека професионалноста во МВР е неспоредлива, ако кажам десет пати поголема мислам дека тоа би било помало од она што беше во времето на СДСМ.“
Македонија влегува во еден мошне неизвесен простор којшто отсекогаш, а денес исто така не помалку, е пенетриран од туѓи интереси. Веројатно подобро и од мене знаете дека сите држави во регионот сериозно се вооружуваат, па и Македонија во тие рамки.[...] Во Македонија се случуваат терористички акции од оној тип за којшто беше говорено сега.Тито Петковски, НСДП.
Пратеникот Тито Петковски побара да се изгради државен став пред Самитот на НАТО во Чикаго за да се овозможи влез на земјава во Алијансата, затоа што тој „безбедносен чадор“ и е неопходен на Македонија. Петковски посочи дека балканските држави засилено се вооружуваат и оцени дека петкратното убиство кај Смилковското Езеро е терористичка акција.
Ние сакаме да се дојде до решение. Тоа решение може да биде компромис, но не може да биде диктат со којшто ќе се менуваат идентитети, со којшто ќе се менува нешто што со векови се градело, се почитувало, се негувало и се живеело за него. Ние сакаме решение коешто ќе биде прифатливо за мнозинството граѓани на Република Македонија на организиран референдум.Никола Груевски, премиер на Македонија.