Со студена глава да се почека полицијата да ги најде убијците

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Да се зачува разумот!

Граѓаните повикуваат да се смират тензиите и бараат од институциите да ги откријат сторителите на петкратното убиство кај Смиљковци.
Граѓаните повикуваат на мир, воздржаност и разум, да се смират тензиите и бараат од институциите да ги откријат сторителите на петкратното убиство кај Смиљковци. Тие стравуваат дека доколку институците не реагираат доволно брзо, можно е ситуацијата да ексалира, а како што велат, од тоа аир нема да види никој.
Нема потреба од насилство, ама има потреба од откривање на убијците за да се избегнат сите тие глупости.
Анкетиран граѓанин.

„Мир само мир и слога, со лошо деца не можеме ништо да постигнеме, ама убијците да се фатат.“

„Нема потреба од насилство, ама има потреба од откривање на убијците за да се избегнат сите тие глупости.“

„Да нема тензии, да бидеме мирни, да чекаме резултати од институциите.“

Ваквите коментари на граѓаните доаѓаат по вчерашните немири на протестите пред владата каде што околку илјада луѓе вчера го изразија своето незадоволство. Граѓаните велат дека нема потреба од насилство, но институциите треба да бидат повеќе загрижени за она што се случува во државата.

„Протести не сакам да има, ама владава малку да се замисли за состојбата и за ситуацијата во државава, не само од страна да гледаат и сочуства на родителите да праќаат туку малку да се замислат кон што води ова, и сиромаштијата и другите работи.“

„Треба протестите да бидат мирни, достоинствени ама треба некој да стави прст во чело и да размисли подлабоко, ова не знам каде ќе води.“

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека демонстрантите повредиле двајца полицајци и неколку граѓани, предизвикале материјална штета, а нападнати биле и новинарски екипи. Таа додаде дека насилното однесување индиректно и наштетува на истрагата.

„Непотребно предизвикаа насилство и ескалација на настаните, непотребно предизвикаа дополнителен ангажман на полицијата, која евидентно мораше да се занимава со справување со последиците од инцидентите, наместо целиот свој капацитет да го посвети на расчистување на убиството, меѓутоа и во опасност доведоа и недолжни граѓани кои со добра намера беа излезени да го изразат своето незадоволство“, рече Јанкулоска.

Експертите сметаат дека дополнително внимание е потребно да се посвети и на револтот којшто освен на улиците се појавува и на социјалните мрежи. Тие велат дека граѓаните се обудуваат на секој начин да го искажат несогласувањето со бруталниот чин и сакаат да извршат конструктивен притисок врз институциите за откривање на злосторот. Аналитичарите велат дека во овој момент е потребна голема воздржаност како израз на политичка зрелост со цел да се остават институциите да ја завршат истрагата.