Десничарскиот фанатик Андерс Брејвик, денеска во судот во Осло се изјасни за невин и покрај тоа што призна дека лани уби седумдесет и седум луѓе. Пресудата се очекува во јули.
Триесет и три годишниот Андерс Бехринг Брејвик влезе во судницата со подигната тупаница, што всушност е десничарски поздрав. Тој со замрзното лице во судот ги прими обвинувањата за тероризам и убиство со предумисла. Брејвик одби да ја признае јурисдикцијата на судот, поради, како што рече, поврзаноста на судот со владата.
„Јас не ги признавам норвешки судови. Го добивте вашиот мандат од политичките партии кои поддржуваат мултикултурализам.“
Брејвик се соочува со обвинувања за тероризам и масовно убиство.
Тој призна дека ја оркестрирал експлозијата на бомба во Осло при што загинаа осум луѓе, како и пукањето во летниот камп на владејачката Лабуристичка партија. Во вториот напад загинаа 69 луѓе, главно тинејџери.
Брејвик во судот изјави дека не се чувствува виновен за ниту едно од овие дела.
Тој претходно изјави дека нападите биле во знак на протест против норвешката либерална имиграциска политика и било потребно да се спречи земјата да биде преземена од страна на муслиманите.
Притоа тој не изрази каење за убиствата и најави дека ќе го искористи судењето како можност за испраќање на неговите антимуслимански ставови.
Еден од преживеаните, Вегард Венесланд денеска во Осло изјави дека му било тешко да го гледа Брејвик за прв пат по масакрот во јули 2011 година.
„Тоа ќе биде тешко време за многумина, но исто така многу важен момент. На главниот претрес ќе ги добиеме сите детали за она што се случи и за мотивите што стојат зад нападите на 22 јули. Но, исто така е важно дека правниот систем работи и оти тоа ќе се докаже во следните 10 недели.“
Бидејќи Брејвик ги призна кривичните дела, сега клучно прашање во наредните 10 недели ќе биде утврдувањето на неговата ментална состојба што ќе влијае и врз казната.Ако судот оцени дека е непресметлив, тој може да се соочи со сместување во душевна болница. Ако се докаже дека е ментално здрав ќе се соочи со казна затвор од 21 година.
Судењето се одвива под силно обезбедување, надвор и во самата судница. Норвешката телевизија ќе емитува делови од судењето, но не и е дозволено да ги прикажува сведочењата на Брејвик поради загриженоста дека тој ќе ги искористи за да иницира идни напади.
„Јас не ги признавам норвешки судови. Го добивте вашиот мандат од политичките партии кои поддржуваат мултикултурализам.“
Брејвик се соочува со обвинувања за тероризам и масовно убиство.
Јас не ги признавам норвешки судови. Го добивте вашиот мандат од политичките партии кои поддржуваат мултикултурализам.Андерс Брејвик
Тој призна дека ја оркестрирал експлозијата на бомба во Осло при што загинаа осум луѓе, како и пукањето во летниот камп на владејачката Лабуристичка партија. Во вториот напад загинаа 69 луѓе, главно тинејџери.
Тој претходно изјави дека нападите биле во знак на протест против норвешката либерална имиграциска политика и било потребно да се спречи земјата да биде преземена од страна на муслиманите.
Тоа ќе биде тешко време за многумина, но исто така многу важен момент. На главниот претрес ќе ги добиеме сите детали за она што се случи и за мотивите што стојат зад нападите на 22 јули.Вегард Венесланд, еден од преживеаните од нападите во Осло.