Здружението на Албански интелектуалци „Г21“ испрати писма до НАТО, ЕУ и САД со барање за влез на Македонија во евроатлантските институции.
Со писмо до првите луѓе на НАТО, Европската унија и американската администрација, здружението на Албански интелектуалци „Г21“ ќе лобира за влез на Македонија во евроатлантските институции. Од здружението посочуваат дека доколку во најскоро време не се реши македонско-грчкиот спор за името, постои ризик безбедносната ситуација во земјава да ескалира.
„За разлика од структурите на власта кои не се свесни до крај што им се случува во државата, значи имаме потреба да укажеме на оваа криза, на оваа состојба која може многу лесно да ескалира, до релевантните светски играчи да преземат дејствија во рамките на нивните должности за проблемот да се реши“, изјави професор Мерсел Биљали кој го предводи здружението „Г21“.
Според албанските интелектуалци, целата одговорност за ваквата загрижувачка состојба ја носи актуелната влада, бидејќи, според нив, таа не отстапува од намерата да не го затвори деценискиот спор за името, додека, пак, албанскиот коалициски партнер ја толерира оваа, како што велат, изолациска политика.
„Тоа е истовремено и укажување и лобирање дека ако може да се решава кризата меѓу Хрватска и Словенија и уште посложената криза меѓу Косово и Србија, зошто толку се драматизира проблемот со името во државата освен ако некој не сака со тоа да профитира.“
Според Алберт Муслиу кој е член на ова здружение, испраќањето на писмото ќе има и внатрешен и надворешен ефект.
„Еден е и на експлицитен начин да му се покаже на Брисел дека граѓаните на Македонија, освен институциите, се стриктно предодредени и ориентирани кон НАТО и за ЕУ, а втората е и за внатрешната јавност, дека интелектуални кругови се за тоа Македонија да биде полноправна членка и на НАТО и на ЕУ.“
Здружението „Г21“ е отворено за интелектуалците од сите етнички заедници. Соработката со колегите Македонци е постојана, велат од здружението. На прашањето зошто само албанските интелектуалци се потписници на ова писмо, Биљали со одговор:
„Ние мислиме дека треба да ги поштедиме од етикетирања, зашто најверојатно ќе ги етикетираат како предавници.“
Инаку, писмото е адресирано до генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, еврокомесарот за проширување Штефан Филе и државната секретарка на САД, Хилари Клинтон. Следниот самит на Алијансата ќе се одржи веќе следниот месец во Чикаго. Македонија не е на дневната агенда на самитот.
Тоа е истовремено и укажување и лобирање дека ако може да се решава кризата меѓу Хрватска и Словенија и уште посложената криза меѓу Косово и Србија, зошто толку се драматизира проблемот со името во државата освен ако некој не сака со тоа да профитира.Мерсел Биљали, универзитетски професор.
„За разлика од структурите на власта кои не се свесни до крај што им се случува во државата, значи имаме потреба да укажеме на оваа криза, на оваа состојба која може многу лесно да ескалира, до релевантните светски играчи да преземат дејствија во рамките на нивните должности за проблемот да се реши“, изјави професор Мерсел Биљали кој го предводи здружението „Г21“.
Според албанските интелектуалци, целата одговорност за ваквата загрижувачка состојба ја носи актуелната влада, бидејќи, според нив, таа не отстапува од намерата да не го затвори деценискиот спор за името, додека, пак, албанскиот коалициски партнер ја толерира оваа, како што велат, изолациска политика.
Еден е и на експлицитен начин да му се покаже на Брисел дека граѓаните на Македонија, освен институциите, се стриктно предодредени и ориентирани кон НАТО и за ЕУ, а втората е и за внатрешната јавност, дека интелектуални кругови се за тоа Македонија да биде полноправна членка и на НАТО и на ЕУ.Алберт Муслиу, политички аналитичар.