Македонија и Албанија заеднички ќе привлекуваат туристи

Албанските општини Поградец и Бучимаш и македонските Прилеп и Битола ќе развиваат пограничен туризам.

Албанските општини Поградец и Бучимаш и македонските Прилеп и Битола ќе развиваат пограничен туризам.
Албанските општини Поградец и Бучимаш и македонските Прилеп и Битола ќе развиваат пограничен туризам, со проект за подобрување на капацитетот за деловна соработка, за што очекуваат средства од ИПА програмата. Со овој проект треба да се интензивира соработката меѓу двата региона, преку размена на низа производи: храна, вино, сувенири и друго.
Двата региона можам многу да си помогнат еден на друг, храната од Пелагонија може да патува таму и да ги снижи цените на таа храна која доаѓа преку море и одма е скапа веќе, а од друга страна може да ни понуди доста поефтино летување од она кога ние одиме во Грција или на Охридското Езеро.
Александар Цветкоски, АГТИС.

Александар Цветкоски, АГТИС.

​Туризмот е основната рамка за проектот. Туристите кои транзит ја минуваат Македонија, да останат ден-два овде, да ги посетат знаменитостите, да ја вкусат македонската храна, а потоа да заминат и во Албанија за ден најмалку да го продолжат својот престој и да уживаат во природните убавини и туристички потенцијали на тие две општини, коишто се наоѓаат од другата страна на Охридското Езеро. Општина Бучимаш има 7 километри плажа, но нема многу македонски посетители, ниту пак македонски прехранбени брендови. Па цел на проектот е и да се привлечат што повеќе македонски туристи.

Јас сум бил неколку пати во Прилеп, мене лично ми се допаѓа и градот Прилеп и регионот. Дојдовме тука заедно со нашите соработници за да основаме соработка помеѓу општините и невладиниот сектор. Се собраме овде за да ги насочиме напорите за добивање на ИПА проектот.
Роши Толожина, градоначалник на Бучимаш, Албанија.
„Двата региона можам многу да си помогнат еден на друг, храната од Пелагонија може да патува таму и да ги снижи цените на таа храна која доаѓа преку море и одма е скапа веќе, а од друга страна може да ни понуди доста поефтино летување од она кога ние одиме во Грција или на Охридското Езеро“, истакнува Александар Цветкоски, претседател на невладината организација АГТИС.

АГТИС аплицираше со овој проект заедно со албанската општина Бучимаш. Делегација од оваа општина преводена од градоначалникот Роши Толожина беа во посета на Прилеп и анализа на дел од потенцијалите кои се основ за заедничка соработка.

„Јас сум бил неколку пати во Прилеп, мене лично ми се допаѓа и градот Прилеп и регионот. Дојдовме тука заедно со нашите соработници за да основаме соработка помеѓу општините и невладиниот сектор. Се собраме овде за да ги насочиме напорите за добивање на ИПА проектот“, изјави градоначалникот Толожина.

Во рамки на проектот се планирани два саема. Еден во Општината Бучимаш, а друг во Прилеп или Битола.

„Првата година преку соработка на градоначалниците и коморите на работодавачи и стопанските комори, може да се направи тоа поврзување, можеме малку да се едуцираме значи како да бидеме поефикасни“.

Како што вели Цветкоски преку таа жива размена целта е луѓето да се навикнат да разменуваат разни културни, енолошки и други вредности. Едновремено населението да се едуцира како да припреми селско туристички, еколошки понуди со храна, и понуди кои се базирани на туризам на возбуда, на монументален туризам и низа други аспекти, во дух на приватниот претприемачки туризам.
Во секој случај, оценуваат во АГТИС најпрвин е потребно да се оствари соработка меѓу градоначалниците и општините, потоа меѓу стопанските и коморите на работодавачите, па преку едукации да се зголеми ефикасноста.