20-годишнина од почетокот на војната во БиХ

Изложби, концерти и настапи како одбележување на почетокот на опсадата на Сараево од силите на босанските Срби пред две децении со која започна конфликтот во Босна во кој повеќе од 100.000 луѓе беа убиени, а над 2 милиони ги напуштија своите домови.
Точно 11.541 црвени столчиња беа наредени во редови по должината на главната улица во Сараево една за секој убиен за време на опсада. Стотици од столовите беа мали, за загинатите деца. Нашиот дописник во Сараево, Дејзи Синделар јави дека на настаните организирани за годишнината се гледа како на можност за колективно сеќавање на жртвите.

Јас сум многу тажна. Но, во исто време, јас сум многу горда, бидејќи Сараево е уште еден град за сите, уште една мултиетничко место. За Србите, Хрватите, Евреи, Ромите. Сите.
Биба Мехимовиќ, жителка на Сараево..
Организаторите ја опишуваат денешната церемонија како прва можност во последните 20 години за сараевчани да се здружат и колективно да тагуваат за повеќе од 10.000 луѓе кои загинале за време на опсадата.

Многу сараевчани ги бришат солзите кога се сеќаваат на нивните најблиски кои починаа за време на 44-месечната опсада, најдолга во модерната историја.

65-годишната Биба Мехимовиќ, гледајќи во редовите мали црвени столчиња со нејзината внука Сара, изјави дека чувствува голем број на емоции:

„Јас сум многу тажна. Но, во исто време, јас сум многу горда, бидејќи Сараево е уште еден град за сите, уште една мултиетничко место. За Србите, Хрватите, Евреи, Ромите. Сите.“

Четиринаесетгодишната ученичка Елма Оцуз е премногу млада за да се сеќава на војната, но има слушнато многу приказни од нејзините родители за нејзиниот брат кој тогаш имал само неколку месеци.

„Мојот брат беше многу мал и немаше храна за него и тоа беше многу тешко за моите родители. Јас сум горда на моите родители, бидејќи успеаја.“

Силите на босанските Срби го ставија под опсада Сараево откако Европската заедница ја призна независноста на босанските муслимани и Хрвати за што гласаа на референдум. Силите на босанските Срби потпомогнати од Србија окупираа 70 проценти од земјата. Во опсадата на Сараево која започна на 6 април 1992 година,околу 380.000 луѓе останаа без струја, вода или греење. Многумина од оние кои загинале за време на опсадата - вклучувајќи и стотици деца - беа убиени од снајперисти.

Босанскиот конфликт заврши во 1995 година со Дејтонскиот мировен договор. Договорот стави крај на борбите, но остави нација силно поделена по етнички линии.