Две децении од војната, нова битка за спас на БиХ

Пукањето почна неколку недели потоа, но ако на војната во Босна и треба датум на почеток, тогаш тоа е 6 април 1992. Тој ден Западот ја призна оваа југословенска република за независна и српските вооружени сили пукаа врз демонстрантите за мир во Сараево. Со тоа почна опсадата и скоро секојдневното бомбардирање на градот кое ќе трае 43 месеци.
Војната го стигна доктор Илијаз Пилав единаесет дена потоа, кога униформирани лица влегоа во неговата клиника во Сребреница.
Дејтон го запре крвопролевањето, но ја остави Босна во канџите на етничките водачи. Едноставно сакам да верувам дека е можно, не за 20 или 30 години, туку за време на мојот живот да ја видам Босна каде што етничноста веќе не е решавачки принцип на политичкиот систем.
Илијаз Пилав, жител на Сребреница.

Тој успеа да избега од Сребреница преку околните шуми летото 1995 година, неколку часови пред градот да биде окупиран од српските сили кои подоцна извршија масакр врз 8.000 муслимански мажи и деца.

Дете си игра на тенк во Сараево во 1996 година.


Седумнаест роднини на Пилав беа меѓу жртвите. Со 100 илјади убиени и два милиони раселени, војната конечно заврши со мировен договор потпишан во Дејтон кој, пак, етаблира држава поделена меѓу етничките непријатели.

„Дејтон донесе мир, кој е подобар од секаква војна. Но, Дејтон ја зачува земјата само во нејзината базична форма“, вели сега 48-годишниот Пилав, додавајќи:

„Дејтон го запре крвопролевањето, но ја остави Босна во канџите на етничките водачи. Едноставно сакам да верувам дека е можно, не за 20 или 30 години, туку за време на мојот живот да ја видам Босна каде што етничноста веќе не е решавачки принцип на политичкиот систем.“
На Босна и Херцеговина се гледа како на помала верзија на Југославија. Ако големата не преживеа, како може и малата.
Милорад Додик, претседател на Република Српска.

За разлика од другите земји кои се појавија по распадот на Југославија, во Босна не доминира една етничка група. Токму поради таквата разновидност, по првите пукања во Сараево пред давесет години, Србите под водство на Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, на кои им се суди во Хаг, го зедоа тешкото оружје од ЈНА и освоија 70 отсто од босанската територија.

Сараево - некогаш и сега.


Муслиманите познати како Бошњаци и Хрватите возвратија, а едно време се тепаа и меѓу себе. Со години мировниците на Обединетите нации беа беспомошни. Конечно во 1995 година НАТО употреби сила и ги натера Србите да преговараат.

Дејтонскиот договор го замолкна оружјето, но создаде држава со византиска комплексност. Архитектите на Дејтон оценија дека ваквата структура биле дизајнирана за да се развива со текот на времето и оти етничките линии ќе исчезнат.

Босна и Херцеговина не е мултиетничка земја. Таа е збир на моноетнички региони.
Среќко Латал, Меѓународна кризна група.
Но, поделбите се продлабочија, негувајќи нова генерација со мало или никакво чувство за заеднички национален идентитет. Помалку од половина од раселените два милиони луѓе се вратија во Босна.

Денес Босна има околу 120 министри и повеќеслојна влада. Јавната администрација е најголема по глава на работник и голта половина од буџетот. Босна досега апсорбираше 12 милијаради долари странска помош.

Меѓунроден претставник ги одобрува сите одлуки, но западното влијание полека исчезнува. Таму Европската унија има 1.250 мировници, а се уште не е формирана заедничка полиција.

„На Босна и Херцеговина се гледа како на помала верзија на Југославија. Ако големата не преживеа, како може и малата“, прашува претседателот на Република Српска Милорад Додик.

Идејата дека народите на Босна не можат да живеат заедно беше пропагирана од лидерите кои ги распарчија и кои се уште ги држат канџите на власта.

„Босна и Херцеговина не е мултиетничка земја“, вели Среќко Латал од Меѓународната кризна група, додавајќи: „Таа е збир на моноетнички региони.“

Пилав, пак, смета дека етничките шефови нема лесно да се откажат од власта.

„Ваквиот вид политичка елита може да ги зачува функциите само врз основа на поделби, страв и сузбивање на прогресот. Во ваква Босна, колку што е можен мирот, толку е можна и војната. Тенка е линијата меѓу нив“, вели Илијаз Пилав.