На прсти може да се избројат вработените Роми во Дебар, иако во градот живеат околу 1.000 Роми.
Ромската етничка заедница во Дебар не е задоволна од ефектите на Декадата на Ромите. Оваа етничка заедница останува да се соочува со сите проблеми кои ги имаше и во изминатите декади.
Според последниот попис на населението, во Дебар живеат над 1.000 Роми, но на прсти можат да се избројат вработените од оваа етничка заедница. Најголемиот број на нивните семејства живеат од социјална помош. Припадниците на оваа етничка заедница во Дебар претежно живеат во периферните населби Вакоф и Вџен, каде што има и нагласени проблеми во сферата на инфраструктурата.
Политичкото организирање на Ромите на последните локални избори во Дебар им овозможи да имаат и советник, но и тоа не дава некои битни ефекти во подобрувањето на нивниот живот, вели членот на Советот на општината Џеват Куртиши.
„Јас како советник во општина Дебар од ромската заедница не сум задоволен од Декадата на Ромите во Дебар. Со активностите во декадата ништо не е подобрено во интерес на ромската популација. Ние имавме одредени напори заедно со градоначалникот, но и тој не е моќен да стори нешто повеќе. Се останува како што беше порано, кога се во прашање Ромите.“
Тој додава дека на Ромите треба да им се помогне во сите сфери, но тоа според него не се случува.
Преку здружението на Ромите „Месечина“ во Дебар со поддршка на домашни и странски организации се реализирани многубројни проекти, но нема конкретни резултати, истакнува претставникот на оваа здружение Урим Куртиши.
„Ние како невладина организација имаме реализирано бројни проекти. Но треба да кажеме дека Декадата на Ромите нема многу ефекти во сферата на вработувањето и подобрувањето на животот на ромската популација.“
Поради тешката економска состојба, кај оваа етничка заедница остануваат да бидат актуелни малолетничките бракови, слабиот интерес за образование, но и миграцијата на младите. Во западноевропските земји живеат околу 400 дебарски Роми, а меѓу државјаните на Македонија кои побараа азил минатата година во земјите на ЕУ, имаше и Роми од Дебар. Тие потоа беа вратени во нашава земја.
Јас како советник во општина Дебар од ромската заедница не сум задоволен од Декадата на Ромите во Дебар. Со активностите во декадата ништо не е подобрено во интерес на ромската популација.Џеват Куртиши, советник во општина Дебар.
Според последниот попис на населението, во Дебар живеат над 1.000 Роми, но на прсти можат да се избројат вработените од оваа етничка заедница. Најголемиот број на нивните семејства живеат од социјална помош. Припадниците на оваа етничка заедница во Дебар претежно живеат во периферните населби Вакоф и Вџен, каде што има и нагласени проблеми во сферата на инфраструктурата.
Политичкото организирање на Ромите на последните локални избори во Дебар им овозможи да имаат и советник, но и тоа не дава некои битни ефекти во подобрувањето на нивниот живот, вели членот на Советот на општината Џеват Куртиши.
Треба да кажеме дека Декадата на Ромите нема многу ефекти во сферата на вработувањето и подобрувањето на животот на ромската популација.Урим Куртиши, невладина организација „Месечина“.