Педесет и четворица членови на Претставничкиот дом на Соединетите Држави испратија писмо до претседателот Барак Обама, барајќи од неговата администрација да осигура дека НАТО, на самитот во Чикаго, конечно ќе и ја понуди на Македонија нејзината добро заслужена формална покана за членство во Алијансата. „Цврсто веруваме дека поканата ќе биде од полза за американските безбедносни интереси и за мисијата на НАТО во светот“, се вели во писмото.
Овој мај НАТО ќе одржи самит во Чикаго за да дискутира за иднината на Алијансата и за имплементација на Стартегискиот концепт од Лисабон.
Силно ја поттикнуваме вашата администрација да осигура НАТО на овој самит конечно да и ја понуди на Македонија добро заслужената официјална покана, се наведува во писмото во кое се потсетува на силниот консензус од самитот на НАТО во Букурешт 2008 година дека Македонија ги постигна сите критериуми за членство и оти таквиот заклучок бил повторен на самитот во Стразбур Кил 2009 година.
За време на самитот вие изјавивте:
„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе можеме да и посакаме добредојде на Македонија во Алијансата. Вратата за членство ќе остане отворена и за сите други земји што ги исполнуваат стандардите на НАТО и можат да дадат значаен приднес за сојузничката безбедност.“
Ние целосно се согласуваме со тоа, оценуваат конресмените додавајќи дека Македонија придонесува за мирот, демократијата, стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа и покрај тоа што не е членка на НАТО.
„Цврсто веруваме дека поканата за Македонија да и се придружи на Алијансата ќе биде од полза за американските безбедносни интереси и за глобалната мисија на НАТО.“
Неодамна вашата администрација ја истакна новата американска глобална позиција. Како што ги проширивме нашите ресурси надвор од Европа така мора да обезбедиме дека НАТО е способен како и секогаш да ги одврати странските и регионалните закани.
Во писмото кое е потпишано од 22 републиканци и 32 демократи и кое е испратено и до потпретседателот Џо Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон, секретарот за одбрана Леон Панета како и шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен, се истакнува демонстрираната македонска посветеност кон НАТО, од интервенцијата на Алијансата на Косово до учеството во мисиите во Босна, Либија, Ирак и Авганистан.
„Македонија во моментов е 4 најголем контрибутор по жител во нашата мисија во Авганистан. Македонските војници патролираат во штабовите на ИСАФ во Кабул и работат заедно со американските сили таму. Ако Македонија може да го обезбедува шаторот на НАТО, тогаш Македонија би требало да е способна да спие во шаторот на НАТО“, се наведува во писмото во кое се додава и дека домашната поддршка за членство во Алијансата изнесува 85 насто и оти Македонија е на 9 место по воени расходи од бруто домашниот производ во светот.
„Соединетите Држави и нашите НАТО сојузници би требало позитивно да одговорат на ваквите напори со тоа што ќе ги поддржат македонските аспирации за официјално интегрирање во Алијансата. Силно бараме вашата администрација заедно со сојузниците да го комплетира процесот почнат на самитот во Вашингтон 1999 година кога на Македонија и беше доделен Акциониот план за членство и формално да ја покани Македонија да и се придружи на Алијансата на самитот во Чикаго“, се наведува во писмото што 54 конгресмени му го испратија на претседателот Барак Обама.
Претседателот на Обединетите македонска дијаспора Методија Колоски оцени дека писмото е симбол за растечката поддршка во Соединетите Држави за Македонија, но и за разочараноста од сегашната статус кво ситуација.
Македонија во моментов е 4 најголем контрибутор по жител во нашата мисија во Авганистан. Македонските војници патролираат во штабовите на ИСАФ во Кабул и работат заедно со американските сили таму. Ако Македонија може да го обезбедува шаторот на НАТО, тогаш Македонија би требало да е способна да спие во шаторот на НАТО.Писмо потпишано од 54 американски конгресмени до претседателот на САД Барак Обама.
Силно ја поттикнуваме вашата администрација да осигура НАТО на овој самит конечно да и ја понуди на Македонија добро заслужената официјална покана, се наведува во писмото во кое се потсетува на силниот консензус од самитот на НАТО во Букурешт 2008 година дека Македонија ги постигна сите критериуми за членство и оти таквиот заклучок бил повторен на самитот во Стразбур Кил 2009 година.
За време на самитот вие изјавивте:
„Со нетрпение го очекувам денот кога ќе можеме да и посакаме добредојде на Македонија во Алијансата. Вратата за членство ќе остане отворена и за сите други земји што ги исполнуваат стандардите на НАТО и можат да дадат значаен приднес за сојузничката безбедност.“
Цврсто веруваме дека поканата за Македонија да и се придружи на Алијансата ќе биде од полза за американските безбедносни интереси и за глобалната мисија на НАТО.Писмо потпишано од 54 американски конгресмени до претседателот на САД Барак Обама.