Со настапи на оркестри, камерни состави и уметници од земјава и од странство, балетски претстави, промоции, трибини и предавања, на неколку сцени во Скопје и во Битола, од 23 до 30 март, ќе бидат одржани 35-те „Денови на македонска музика“, манифестацијата што како организатор ја потпишува Сојузот на композиторите на Македонија и чија основна цел е афирмација на домашното творештво.
Свеченото отворање на 35-те „Денови на македонска музика“, во годината кога организаторот, Сојузот на композитори на Македонија, го прославува својот голем јубилеј – 65 години од формирањето, ќе му биде посветено на доајенот Љубомир Бранѓолица. Во Македонската опера и балет, во чест на 80-годишнината од раѓањето на композиторот, ќе биде изведен проектот „Балетска рапсодија“, во кој солистите како Ивана Коцевска, Александра Мијалкова, Саша Ефтимова, Бобан Ковачевски и други ќе изведат фрагменти од неговите дела кои децении наназад биле на репертоарот на нашата национална институција.
„Ние сме имале една многу добра и плодна соработка со господинот Љубомир Бранѓолица и мое лично мислење и мислење на сите колеги е дека го заслужил овој концерт, па и нешто повеќе од тоа“, вели директорот на Балетот Горан Божинов.
Легендарниот композитор и пијанист Љубомир Бранѓолица, откако ќе се пошегува со своите осум децении од животот, во однос на проектот забележува дека во предвидените 60-тина минути публиката ќе има можност да проследи осум варијации селектирани од неговите 15 балети.
„Сите работи се исполнети тука, меѓутоа и многу балети беа исполнети и вон нашите граници. Има околу 20 земји каде што се изведувани моите дела.“
Потем, на програмата е планирано да се најдат нам добро познатите САКСАФОНКВАДРАТ од Германија, ЊУ БОРН КВАЕР од Косово, камерниот концерт со македонски исполнители, дуото ПОЕТИКА МУЗИКА, триото АРДЕНЗА од Бугарија, својот редовен настап во рамките на манифестацијата ќе го има и Македонската филхармонија со дела на Бужаровски, Аврамовски и Цанев и солистите Љубиша Кировски и Маја Шутевска-Кировска и за крај, а по прв пат во земјава, АНКАРА ВИНД КВИНТЕТ кои ќе имаат и перформанс со електронска музика на кој ќе бидат исполнети композиции на Мехмет Џан Озер и нашите Мирослав Спасов и Роберт Саздов.
„Се водеше многу сметка да бидат опфатени што е можно повеќе автори со дела за конкретниве ансабли. За жал тоа не секогаш успева од бројни причини“, истакнува Јана Андреевска, уметнички директор на Деновите на македонска музика.
Згора на ова, ќе бидат промовирани авторските албуми на Бранѓолица, Томе Манчев, Александар Џамбазов, Снежана Анастасова Чадиковска, компилацијата со минатогодишните учесници на ДММ и книгата „Томислав Зоографски – живот и дело“, во НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе се случи трибината „Македонската уметничка музика и општеството“, а планирани се и неколку работилници и презентации.
„Деновите на македонска музика оваа година навистина, без оглед или наспроти се, се најнапред на нивото на својата долгогодишна традиција, а потоа, си дозволувам да кажам, и еден исчекор напред, што навистина е своевиден подвиг со оглед на околностите во коишто вирее македонската музичка култура пред се, но претпоставувам и македонската култура воопшто“, заклучува Марко Коловски, претседател на СОКОМ.
Кон ова само уште информацијата дека влезот за сите случувања и на овие „Денови на македонско музичко творештво“ е слободен.
Се водеше многу сметка да бидат опфатени што е можно повеќе автори со дела за конкретниве ансабли. За жал тоа не секогаш успева од бројни причини.Јана Андреевска, уметнички директор на „Денови на македонска музика“.
„Ние сме имале една многу добра и плодна соработка со господинот Љубомир Бранѓолица и мое лично мислење и мислење на сите колеги е дека го заслужил овој концерт, па и нешто повеќе од тоа“, вели директорот на Балетот Горан Божинов.
Легендарниот композитор и пијанист Љубомир Бранѓолица, откако ќе се пошегува со своите осум децении од животот, во однос на проектот забележува дека во предвидените 60-тина минути публиката ќе има можност да проследи осум варијации селектирани од неговите 15 балети.
Деновите на македонска музика оваа година навистина, без оглед или наспроти се, се најнапред на нивото на својата долгогодишна традиција, а потоа, си дозволувам да кажам, и еден исчекор напред, што навистина е своевиден подвиг со оглед на околностите во коишто вирее македонската музичка култура пред се, но претпоставувам и македонската култура воопшто.Марко Коловски, претседател на СОКОМ.