Денешниот Марш за мир во Скопје треба да ја испрати пораката дека во Македонија разумот е посилен од лудоста, толеранцијата ја има повеќе од омразата, а умот ги надвладува екстремизмите.
Под мотото „Ние не сме против, ние сме за“, организаторите на утрешниот Марш за мир, ќе се обидат денеска да го свртат вниманието на јавноста и да ја испратат пораката дека во Македонија разумот е посилен од лудоста, толеранцијата ја има повеќе од омразата, а умот ги надвладува екстремизмите.
За сите нас е важно да прикажеме поинаква слика за македонското општество од онаа што ја гледаме во медиумите последните денови, велат организаторите.
„Сите оние коишто се мнозинство, но за жал, поради тоа што се случува, со страв ја следат ситуацијата, седат дома, не излегуваат на улици, сакам да им упатам порака дека ние сме тука, дека сме дел од нив, дека сакаме да ги охрабриме да излезат со нас в сабота и да покажеме дека не има многу, многу повеќе од оние што не и мислат добро на Македонија“, изјави Петрит Сарачини, еден од организаторите на Маршот.
Маршот за мирот е основа за добар меѓуетнички соживот и освестување на граѓаните за потребата од добри односи меѓу сите етнички заедници во земјава. Вакви се размислувањата на експертите околу оправданоста и ефектите што можат да се постигнат од ваквите собири. Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети вели дека би било добро кога на ваквите собири би учествувале и политичарите, но само доколку нивните намери се искрени.
„Не е доволно само да се учествува и да се каже дека ете ние сега сме добри граѓани и се залагаме за добри меѓуетнички односи, а утредента кога ќе настапуваат од позиции на нивните партии да го прават спротивното.“
Политикологот Соња Стојадиновиќ, пак, вели дека е тешко да се каже дали е потребно учеството на политичките претставници на ваквите собири.
„Лицемерно е политичарите да дојдат на тој марш и да кажат да, ние го поддржуваме мирот и ние сме за соживот, а всушност ние од позадина го предизвикавме тој инцидент, ја предизвикавме таа омраза, а ако не се појават политичарите на маршот, тоа ќе биде знак за народот дека тие молчеливо признаваат дека ги предизвикале инцидентите.“
Стојадиновиќ е убедена дека ваквите маршеви кои повикуваат на мир и добри меѓуетнички односи се од особено значење за добриот соживот. Тоа секако ќе ја подигне свеста на јавноста за потребата од негување на добрите односи меѓу сите етнички заедници. Ќе излезе и обичниот народ кој очајно се обидува да се заштити од политичките влијанија и кој ќе каже: „мене не ми смета што живеам и работам во мултиетничка средина“, вели Стојадиновиќ.
„Имате луѓе кои растеле во мултиетничка средина и не можат да се замислат себеси во моноетничка средина и кои би изгубиле од личното богатство и од личното образование ако живеат во моноетничка средина.“
Организаторите на утрешниот марш, граѓанското здружение „Заедно за мир“ добило поддршка од околу 80 невладини организации и речиси сите медиуми. Маршот ќе почне на школката во Градскиот парк во 14 часот, со музички настап на познати имиња, по што е предвидено да тргне поворката.
Сите оние коишто се мнозинство, но за жал, поради тоа што се случува, со страв ја следат ситуацијата, седат дома, не излегуваат на улици, сакам да им упатам порака дека ние сме тука, дека сме дел од нив, дека сакаме да ги охрабриме да излезат со нас в сабота и да покажеме дека не има многу, многу повеќе од оние што не и мислат добро на Македонија.Петрит Сарачини, еден од организаторите на Маршот.
За сите нас е важно да прикажеме поинаква слика за македонското општество од онаа што ја гледаме во медиумите последните денови, велат организаторите.
„Сите оние коишто се мнозинство, но за жал, поради тоа што се случува, со страв ја следат ситуацијата, седат дома, не излегуваат на улици, сакам да им упатам порака дека ние сме тука, дека сме дел од нив, дека сакаме да ги охрабриме да излезат со нас в сабота и да покажеме дека не има многу, многу повеќе од оние што не и мислат добро на Македонија“, изјави Петрит Сарачини, еден од организаторите на Маршот.
Маршот за мирот е основа за добар меѓуетнички соживот и освестување на граѓаните за потребата од добри односи меѓу сите етнички заедници во земјава. Вакви се размислувањата на експертите околу оправданоста и ефектите што можат да се постигнат од ваквите собири. Политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети вели дека би било добро кога на ваквите собири би учествувале и политичарите, но само доколку нивните намери се искрени.
Не е доволно само да се учествува и да се каже дека ете ние сега сме добри граѓани и се залагаме за добри меѓуетнички односи, а утредента кога ќе настапуваат од позиции на нивните партии да го прават спротивното.Ибрахим Мехмети, политички аналитичар.