Достапни линкови

Продлабочување на меѓунационалниот јаз


Архивска фотографија: Протести на албански невладини организации во Скопје на 10 мај 2010 година.
Архивска фотографија: Протести на албански невладини организации во Скопје на 10 мај 2010 година.

Државата не раководи со процесите кои се иманентни за едно демократско општество. Се напушта граѓанскиот концепт и се засилува националниот, меѓуетничките односи се кревки, а секогаш се кине таму каде што е најтенко, велат социолозите.

Предрасудите кон другиот, јазичната, етничката, културната бариера, исполитизираното општество, растечкото насилство и омраза ги прават меѓуетничките односи кревки, а со тоа и податливи за манипулирање. Се уште постојат сили во земјата на кои им одговара подгревањето на тензиите и кои профритиитаат од тоа, велат социолозите.
Зошто секој мал инциден има толку голем одзив?! Тоа е така зошто имаме многу поделби во општеството и Македонија веројатно може да влезе во графата на она што се нарекува искршено општество. Внатре што и да се случи, одма ви реагира и на крајот на краиштата, секогаш се кине таму кај што е најтенко.
Петар Атанасов, професор.

Професор Петар Атанасов, социолог и експерт за меѓуетничките односи, вели дека има многу работи во општеството што се изместени и што не функционираат. Нашите институции повеќе нудат проблеми отколку решенија, политичката комуникација е лоша, недостасуваат дебати, насeлението е поделено и по етничка и по политичка линија, општеството не нуди еднаквост на можностите, вели тој.

„Нашиот ситем или модел на живеење произведе етничките елементи или етничките димензии да се многу истакнати, цело
Претседателот Ѓорѓе Иванов во посета на Старата Чаршија
Претседателот Ѓорѓе Иванов во посета на Старата Чаршија
општесто да се етнифицира и лојалноста да не оди кон институциите и државата туку лојалноста на групите, на етничките заедници оди кон етничките лидери што е особено истакнато кај албанската популација, значи вие што сакате може да правите во општеството, ама државата не ги доминира или не ги раководи или не
Народот се стреми на некој начин да биде поблиску до своите, се создава еден меѓунационален јаз и се повеќе се затвораме во национални граници, значи го засилуваме националниот идентитет а не граѓанскиот.
Хасан Јашари, професор.

ги овозможува оние процеси кои се евидентни и иманентни за демократското општество.“

Со години веќе на одредни периоди пламнуваат меѓуетнички тензии и сето тоа ми личи како да се подготвува нов конфликт, вели социологот Хасан Јашари.

„Народот се стреми на некој начин да биде поблиску до своите, се создава еден меѓунационален јаз и се повеќе се затвораме во национални граници, значи го засилуваме националниот идентитет, а не граѓанскиот“.

За неполна година соживотот беше ставен на тест неколку пати. Случувањата на Кале, инцидентите на спортските терени, палењата на национални знамиња, па тензиите инспирирани од Вевчанскиот карневал, настаните во Струга, па двојното убиство во Гостивар кое доби етнички предзнак, тепачките меѓу Албанци и Македонци во автобуси, само говорат за кревкоста на соживотот. Сите овие инциденти добија гласност во јавноста, по што следуваа многу реакции.

Реакциите се подигаат, тензиите се подигаат и политичките играчи тоа го користат и сакаат сите да се вмешаат во таа игра, вели професор Атанасов.

„Зошто секој мал инциден има толку голем одзив?! Тоа е така зошто имаме многу поделби во општеството и Македонија веројатно може да влезе во графата на она што се нарекува искршено општество. Внатре што и да се случи, одма ви реагира и на крајот на краиштата, секогаш се кине таму кај што е најтенко.“

Јашари вели дека во догледна иднина не гледа начин да се решат работите.

„Јас така гледам дека се подготвува едно лошо сценарио и така работите ќе се лизнат од рака и на некој начин ќе се стремиме кон една бездна.“

Етничките односи се приоритет на оваа држава и доколку не се гради соживот и не се решаваат проблемите, секогаш нешто мало, ќе ви направи голем проблем, велат социолозите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG