Отварањето на пристапниот дијалог на високо ниво е напредок за земјата, смета еврокомесарот Штефан Филе. Членството во Унијата останува примарна цел на земјава и напорите на владата ќе бидат насочени кон отпочнување преговори оваа година, рече премиерот Груевски.
Денеска отворивме нова фаза од патот на Македонија кон Европската Унија, го најави отварањето на пристапниот дијалог на високо ниво еврокомесарот за проширувањето Штефан Филе, појаснувајќи зошто неговото отпочнување го смета за напредок за земјава. Битно е да се работи на целиот процес од три агли рече тој.
„Првата е внатрешно политичка дебата и инклузивно учество во рамките на земјата, вториот агол е реформскиот процес а третиот се односите со соседите. Моето мислење е колку поцврсто работите на еден или на два агли, толку подобри услови обезбедувате за останатите агли.“
Како нова платформа за соработка со Унијата со ограничено времетарење го најави пристапниот дијалог и премиерот Груевски. Членството во Унијата останува примарна цел на земјава и напорите на владата ќе бидат насочени кон отпочнување преговори оваа година, рече Груевски.
„Главната цел е да се овозможи натамошен евроинтеграциски напредок на Македонија и подобра подготвеност за преговорите за членство, кои неизбежно ќе дојдат.“
Уврдени се конкретни таргети за познатите теми, слобода на изразување, владеење на правото, реформа на јавната администрација, изборна реформа и зајакнување на пазарната економија, информираше Груевски.
Денешниот состанок не беше празен туку воспоставивме листа на јасни заклучоци и листа на целите кои треба да се исполнат во веќе познатите пет области. Тие подразбираат конкретни обврски, напомена Филе. За неговото отпочнување, како што рече, се направени сериозни подготовки.
Подготвена е табела како оперативна мапа за оствaрување на овие цели која премиерот и Владата се обврзале дека ќе ја претворат во оперативен патоказ до средината на април. Во мај таа мапа ќе биде претставена пред Унијата а ќе се одржи и уште една средба во септември. На крајот од дијалогот ќе бидат отворени и поглавјата 23 и 24.
Првата е внатрешно политичка дебата и инклузивно учество во рамките на земјата, вториот агол е реформскиот процес а третиот се односите со соседите. Моето мислење е колку поцврсто работите на еден или на два агли, толку подобри услови обезбедувате за останатите агли.Штефан Филе, еврокомесар за проширување.