Заниер - Важно е брзо решавање на меѓуетничките инциденти

Средба на премиерот Никола Груевски со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во Скопје.

Можеби убиството во Гостиват не етнички мотивирано, но ако луѓето не веруваат тоа, тоа може да влијае на меѓуетничките односи, вели генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер.
По разговорите со владините и со претставниците на политичките партии, генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер денеска се сретна и со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претседателот Ѓорге Иванов. Со овие средби завршува неговата дводневна посета во земјава. Заниер веќе ги осуди насилствата кои се случија минатата недела, но истовремено го поздрави, како што рече, брзиот одговор на властите.
Секако дека сме загрижени. Имаше неколку инциденти и секако дека разговаравме за тоа. Мислам дека е добро што се реагираше брзо, за да се овозможи натамошно одвивање на истрагата за овие инциденти. Тоа е исклучително важно.
Ламберто Заниер, генерален секретар на ОБСЕ.

„Секако дека сме загрижени. Имаше неколку инциденти и секако дека разговаравме за тоа. Мислам дека е добро што се реагираше брзо, за да се овозможи натамошно одвивање на истрагата за овие инциденти. Тоа е исклучително важно, но исто така е важно да се работи на долг рок“, рече Заниер.

Во интервју за агенцијата МИА, тој вели дека за разлика од другите земји во регионот, прогресот во Македонија не се одвива целосно со посакуваното темпо. Последните меѓуетнички инциденти покажуваат дека е потребен поголем напредок во некои области, вели Заниер.

Средба на вице премиерот Муса Џафери со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во Скопје.


Според него, ситуацијата во земјава е мошне сложена и постои граница меѓу заштитата на слободата на изразување и обесхрабрување на известувањата кои може да стимулираат етнички тензии и стереотипи.
Ако го земеме примерот со неодамнешното убиство во Гостивар, можеби ова убиство не е базирано на етничката припадност, но ако луѓето не веруваат во ова објаснување, тоа може да влијае на меѓуетничките односи.
Ламберто Заниер, генерален секретар на ОБСЕ.

„Ако го земеме примерот со неодамнешното убиство во Гостивар, можеби ова убиство не е базирано на етничката припадност, но ако луѓето не веруваат во ова објаснување, тоа може да влијае на меѓуетничките односи. Затоа е многу важно да се спроведе транспарентна, независна и детална истрага. Ова е исто така пример дека малцинствата треба да бидат дел од полициските служби и судството“, вели Заниер во интервју за МИА.

Една од препораките на генералниот секретар Заниер е и потребата од интегрирано образование, како обид да се намалат поделбите во образовниот систем. Тој изрази силна поддршка на стратегијата за интегрирано образование како основна алатка за долгорочна интеграција на заедниците.

За време на разговорите со државните претставници, Заниер ја нагласи важноста од слободни и независни медиуми како столб на секоја демократија и го поздрави дијалогот меѓу владата и медиумите посветен на законската регулатива за медиумите и декриминализацијата на клеветата и навредата.