Исплатата на пензии со задолжување не е одржлив начин за редовно подмирување на социјалните надоместоци, сметаат упатените.
Зголемен е дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, посочуваат од опозицијата, додека од власта, пак, тврдат дека покрај антикризните мерки нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање. Упатените кои ги консултиравме посочуваат дека исплатата на пензии со задолжување не е одржлив начин за редовно подмирување на социјалните надоместоци.
Екс-министерот за труд и социјална политика од опозициската СДСМ Стевчо Јакимовски посочува дека во 2006 година дефицитот во Фондот бил 26 проценти, а сега изнесува 34 отсто.
„Очигледно е дека оваа влада која владее веќе пет ипол години го прави пензискиoт Фонд нестабилен и неодржлив со тоа што правеше вештачко зголемување на пензиите, со тоа што правеше вештачко намалување на придонесот за пензиите и со тоа што пензионираше предвреме како што беа на пример полицајците, со тоа се прави упад во пензискиот систем.“
Се поставува прашањето дали ако во услови на криза во еврозоната се намалуваат изворите за задолжување, парите за пензиите ќе се „цедат“ од приватниот сектор преку зголемени давачки? Јакимовски одговара:
„Па нормално ризикот ќе биде следен, да одат во насока на зголемување на приоднесот за пензиско или во измена на основицата. Јас не знам кој „Цацко“ ги тераше да чепкаат во придонесот за пензиско осигурување, повторувам, уникатен пример на решавање на проблемот на невработеноста е тоа што го спроведе владата на Никола Груевски тоа да го прави со намалување на придонесот за пензиско, тоа никаде во свет невработеноста со таква мерка не се разрешува.“
Премиерот Никола Груевски изјави дека старосната граница за пензионирање нема да се зголеми.
„Сметаме дека со сите оние пакети на антикризи мерки што ги преземаме и сите мерки кои континуирано ги преземаме, дека можеме да ја одржиме сегашната ситуација без зголемување на возрасна граница за пензионирање.“
Правниот експерт Драге Јовановски забележува дека задолжувањето не е стабилен начин за подмирување на социјалните надоместоци, меѓу кои се и пензиите.
„Сметам дека тоа не е добра работа, бидејќи Фондот за пензиско едноставно и понатака влегува во поголема дубиоза, што во наредниот период повторно ќе претставува потешкотија за исплаќање на пензиите, бидејќи тие пари треба да се вратат. Значи од тој агол, треба државата да си повлече друг потег.“
Годинава државата предвидува да одвои 602 милиони евра за пензиите на 287.200 лица, покажуваат бројките во централниот Буџет.
Очигледно е дека оваа влада која владее веќе пет ипол години го прави пензискито Фонд нестабилен и неодржлив со тоа што правеше вештачко зголемување на пензиите, со тоа што правеше вештачко намалување на придонесот за пензиите и со тоа што пензионираше предвреме.
Екс-министерот за труд и социјална политика од опозициската СДСМ Стевчо Јакимовски посочува дека во 2006 година дефицитот во Фондот бил 26 проценти, а сега изнесува 34 отсто.
„Очигледно е дека оваа влада која владее веќе пет ипол години го прави пензискиoт Фонд нестабилен и неодржлив со тоа што правеше вештачко зголемување на пензиите, со тоа што правеше вештачко намалување на придонесот за пензиите и со тоа што пензионираше предвреме како што беа на пример полицајците, со тоа се прави упад во пензискиот систем.“
Се поставува прашањето дали ако во услови на криза во еврозоната се намалуваат изворите за задолжување, парите за пензиите ќе се „цедат“ од приватниот сектор преку зголемени давачки? Јакимовски одговара:
Сметам дека тоа не е добра работа, бидејќи Фондот за пензиско едноставно и понатака влегува во поголема дубиоза, што во наредниот период повторно ќе претставува потешкотија за исплаќање на пензиите, бидејќи тие пари треба да се вратат.Драге Јовановски, правен експерт.