Само во изминатата ноќ три момчиња се претепани во Градскиот Парк во Скопје, еден 20-годишник во Шуто Оризари е претепан од четворица насилници, еден полицаец е повреден во Тетово во обид да спречи инцидент. МВР поднесе 28 кривични пријави за насилство против учесниците во инцидентите.
Метални палки на извлекување со гумени рачки, метални шипки, ножеви, безбол палки, боксирачи и еден гасен пиштол. Ова се дел од предметите што биле пронајдени кај ученици при претресот што го изведе полицијата во автобусите по инцидентите што се случија деновите. Во врска со инцидентите кои изминативе неколку денови се случија во Скопје и Тетово, Министерството за внатрешни работи расчисти седум случаи во кои како учесници се идентификувани 28 лица од кои дел се малолетни. Најмладиот од осомничените има 11 години.
Но инцидентите не стивнуваат. Само во изминатата ноќ имаше неколку инциденти. Tри момчиња се претепани во Градскиот Парк во Скопје, еден 20-годишник во Шуто Оризари е претепан од четворица насилници, еден полицаец е повреден во Тетово во обид да спречи инцидент во кој две момчења биле физички нападнати, два автобуси во Скопје се каменувани.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека се поднесени кривични пријави за насилство против учесниците во инцидентите.
„Секој што ќе се обиде да прибегне кон насилство најстрого ќе биде санкциониран и дека насилството нема да се толерира под ниту едни услови. Лицата против кои ќе бидат поднесени кривични пријави припаѓаат на различни етнички заедници.“
Таа додаде дека полицајците добиле наредба при одење на работа да го користат јавниот превоз, со цел превентивно дејствување.
Во меѓувреме политичарите си разменија и неколку обвинувања на сметка на инцидентите.
Премирот Никола Груевски ги повика политичарите да не користат говор на омраза и да не ја злоупотребуваат ситуацијата.
„Да не одат со говор на омраза, со говор кој индиректно или директно ги охрабрува некои млади структури кои на ваков начин ја исфрлаат својата негативна енергија. На тој начин, не придонесуваат да дојдат на власт, туку придонесуваат за нив да се создаде полоша слика како политички субјекти.“
Тој апелираше и до граѓаните да се воздржат од такво однесување и да влијаат врз младите луѓе разумно да се однесуваат, затоа што, како што вели, знае оти младите луѓе имале вишок енергија која требало да ја искористат за позитивни работи наместо за нарушување на мирот на граѓаните.
Опозицијата ја обвини власта дека се однесува несериозно кон инцидентите. Според нив, погрешните политики на владејачката коалиција, политичките дилови за Калето, хашките случаи, па се до пазарот за промена на имиња на улиците и училиштата доведоа до ваква ситуација.
„Тоа што посебно загрижува е несериозниот однос на премиерот. Наместо од седница на Влада да соопшти кои мерки ги презема Владата, премиерот прави пародија од инцидентите, промовирајќи автобуси, како да не го информирале дека токму автобусите станаа синоним за инцидентите“ изјави пратеникот Јани Макрадули од СДСМ.
ЛДП побараа од претседателот Ѓорѓи Иванов да го свика државниот совет за безбедност затоа што станувало збор за вешто осмислен проект во кој инцидентите се однапред режирани, но со кои се оди кон поделба на државата.
„Отсуството на желба и непреземање на енергични мерки за смирување на инцидентите, ги потврдува сомневањата дека не случајно е избран периодот непосредно пред самитот на НАТО, во време кога премиерот, како што јавуваат некои медиуми, при последната средба со неговиот грчки колега го ставил предлогот за менување на името на маса“, изјави Роза Топузова Каревска од ЛДП.
Груевски изјави дека информацијата дека на неодамнешаната средба со грчкиот премиер Лукас Пападимос му дал предлог за името со префикс „северна“ е шпекулација.
Секој што ќе се обиде да прибегне кон насилство најстрого ќе биде санкциониран и дека насилството нема да се толерира под ниту едни услови. Лицата против кои ќе бидат поднесени кривични пријави припаѓаат на различни етнички заедници.Гордана Јанкулоска, Министерка за внатрешни работи.
Но инцидентите не стивнуваат. Само во изминатата ноќ имаше неколку инциденти. Tри момчиња се претепани во Градскиот Парк во Скопје, еден 20-годишник во Шуто Оризари е претепан од четворица насилници, еден полицаец е повреден во Тетово во обид да спречи инцидент во кој две момчења биле физички нападнати, два автобуси во Скопје се каменувани.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека се поднесени кривични пријави за насилство против учесниците во инцидентите.
„Секој што ќе се обиде да прибегне кон насилство најстрого ќе биде санкциониран и дека насилството нема да се толерира под ниту едни услови. Лицата против кои ќе бидат поднесени кривични пријави припаѓаат на различни етнички заедници.“
Да не одат со говор на омраза, со говор кој индиректно или директно ги охрабрува некои млади структури кои на ваков начин ја исфрлаат својата негативна енергија. На тој начин, не придонесуваат да дојдат на власт, туку придонесуваат за нив да се создаде полоша слика како политички субјекти.Никола Груевски, премиер.
Таа додаде дека полицајците добиле наредба при одење на работа да го користат јавниот превоз, со цел превентивно дејствување.
Во меѓувреме политичарите си разменија и неколку обвинувања на сметка на инцидентите.
Премирот Никола Груевски ги повика политичарите да не користат говор на омраза и да не ја злоупотребуваат ситуацијата.
„Да не одат со говор на омраза, со говор кој индиректно или директно ги охрабрува некои млади структури кои на ваков начин ја исфрлаат својата негативна енергија. На тој начин, не придонесуваат да дојдат на власт, туку придонесуваат за нив да се создаде полоша слика како политички субјекти.“
Тој апелираше и до граѓаните да се воздржат од такво однесување и да влијаат врз младите луѓе разумно да се однесуваат, затоа што, како што вели, знае оти младите луѓе имале вишок енергија која требало да ја искористат за позитивни работи наместо за нарушување на мирот на граѓаните.
Тоа што посебно загрижува е несериозниот однос на премиерот. Наместо од седница на Влада да соопшти кои мерки ги превзема Владата, премиерот прави пародија од инцидентите, промовирајќи автобуси, како да не го информирале дека токму автобусите станаа синоним за инцидентите.Јани Макрадули, СДСМ.