Американскиот претседател Барак Обама изјави дека очекуваното продолжување на разговорите меѓу светските сили и Иран околу нуклеарната програма на таа земја отвора нова можност за дипломатско решение на ќорсокакот. Претходно, петте постојани членки на Обединетите нации плус Германија се согласија да му предложат на Техеран продолжување на разговорите.
Американскиот претседател Барак Обама, на прес-конференцијата во Вашингтон по состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека прашањето со Иран може да биде решено и по дипломатски пат.
„Тоа не е само мое мислење. Тоа е мислење и на нашите и на израелските врвни разузнавачи. Затоа ќе продолжиме да вршиме притисок се додека не ја отвориме вратата за излез на иранскиот режим да и се приклучи на заедницата на народите и да даде гаранции дека ги исполнува обврските, односно не развива нуклеарно оружје.“
Обама ова го изјави откако светските сили во Обединетите нации дадоа согласност да му предложат на Иран продолжување на разговорите за неговата нуклеарна програма за која веруваат дека е воена, а не како што тврди Техеран, дека е наменета само за мирновременски цели.
„Не очекувам пробив на првиот состанок. Но, мислам дека имаме добро чувство за нивната сериозност за решавање на прашањето. Постојат извесни чекори што тие можат да ги преземати кои ќе и дадат сигнал на меѓународната заедница во врска со разговорите“, изјави Обама.
Тој додава дека понудените разговори се дипломатска шанса за Иран да ја одбегне кризата и да ги стивне воените повици.
Тој исто така се осврна и врз нападите од репуликанските претседателски кандидати кои го обвинуваат дека е слаб спрема Иран. Без да спомнува имиња, Обама изјави:
„Ова не игра. Кога ја гледам леснотија со која тие зборуваат за војна, се потсетувам на чинењето на војната.“
Тој исто така ја отфрли можноста и за американски воздушни напади со цел отстранување на сиријскиот претседател Башар ал Асад како што деновиве предложија неколкумина сенатори, меѓу нив и републиканецот Џон Мекејн.
„На крајот овој диктатор ќе падне, како и другите во минатото. Но, идејата дека начинот за решавање на секој проблем е распоредување на нашата војска не е вистинска. Треба да размислиме за тоа што е најефикасно и клучно за американските безбедносни интереси“, рече американскиот претседател Барак Обама на прес-конференцијата во Белата куќа.
Ќе продолжиме да вршиме притисок се додека не ја отвориме вратата за излез на иранскиот режим да и се приклучи на заедницата на народите и да даде гаранции дека ги исполнува обврските, односно не развива нуклеарно оружје.Барак Обама, претседател на САД.
„Тоа не е само мое мислење. Тоа е мислење и на нашите и на израелските врвни разузнавачи. Затоа ќе продолжиме да вршиме притисок се додека не ја отвориме вратата за излез на иранскиот режим да и се приклучи на заедницата на народите и да даде гаранции дека ги исполнува обврските, односно не развива нуклеарно оружје.“
Обама ова го изјави откако светските сили во Обединетите нации дадоа согласност да му предложат на Иран продолжување на разговорите за неговата нуклеарна програма за која веруваат дека е воена, а не како што тврди Техеран, дека е наменета само за мирновременски цели.
„Не очекувам пробив на првиот состанок. Но, мислам дека имаме добро чувство за нивната сериозност за решавање на прашањето. Постојат извесни чекори што тие можат да ги преземати кои ќе и дадат сигнал на меѓународната заедница во врска со разговорите“, изјави Обама.
Не очекувам пробив на првиот состанок. Но, мислам дека имаме добро чувство за нивната сериозност за решавање на прашањето. Постојат извесни чекори што тие можат да ги преземати кои ќе и дадат сигнал на меѓународната заедница во врска со разговорите.Барак Обама, претседател на САД.
Тој додава дека понудените разговори се дипломатска шанса за Иран да ја одбегне кризата и да ги стивне воените повици.
Тој исто така се осврна и врз нападите од репуликанските претседателски кандидати кои го обвинуваат дека е слаб спрема Иран. Без да спомнува имиња, Обама изјави:
„Ова не игра. Кога ја гледам леснотија со која тие зборуваат за војна, се потсетувам на чинењето на војната.“
Тој исто така ја отфрли можноста и за американски воздушни напади со цел отстранување на сиријскиот претседател Башар ал Асад како што деновиве предложија неколкумина сенатори, меѓу нив и републиканецот Џон Мекејн.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5