Парламентарната дебата на релација власт-опозиција е на ниво на површна дискусија без да се навлезе во суштината на предложените закони, велат експертите.
Комуникација без аргументи или со аргументи длабоко закопани во навреди така што не можат ниту да се препознаат. Ова ја задржува парламентарната дебата на релација власт-опозиција на ниво на површна дискусија без да се навлезе во суштината на предложените закони, велат експертите што не оддалечува од воспоставување демократски амбиент и неоходен политички дијалог.
„Сето тоа се разбира се одразува на сите текови во Македонија, без разлика дали се економски, етнички или интеграциони и во една таква клима се разбира дека заостануваме и во реформите и во евро-атланските интеграции“, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.“
Тој причините за ваквата комуникација ја гледа во мегаломанското однесување на власта и се уште неконсолидираната опозиција.
„Тоа создава една ситуација дека владата е премногу моќна, опозицијата ништо не и може, а интересот на граѓаните и на државата мислам дека се ставени во спореден колосек.“
Опозициската СДСМ вчера достави свои предлог економски мерки за
подобрување на економнскиот амбиент во земјата коишто владата експресно ги одби. Сепак, реакциите од двете страни за професорот Здравко Савески се охрабрувачки бидејќи дебатата меѓу власта и опозицијата се префрла на теренот на аргументите.
„Момент кој обезбедува, кој нуди можност во иднина македонската политика да заличува на судир на аргументи, а не на суети.“
Однесувањето и на двете страни во однос на ставовите кон дадените предлог економски мерки одговараше и на идеолошките матрици на двете страни што исто така може да се смета за позитивен исчекор доколку продолжи да се практикува предку вакви иницијативи и во иднина посочува Савески. Но сега би требало да направиме и уште еден исчекор понатаму, вели тој и да се надеваме и на прифаќање на аргументите како дел од нормалниот демократски процес. Овој стил треба да стане дел и од парламентарната пракса на однесување којашто се уште е за секаква осуда, велат експертите. Денеска Собранието ја продолжува парламентарната расправа по закони предложени од опозицијата.
Тоа создава една ситуација дека владата е премногу моќна, опозицијата ништо не и може, а интересот на граѓаните и на државата мислам дека се ставени во спореден колосек.Исмет Рамадани, политички аналитичар.
„Сето тоа се разбира се одразува на сите текови во Македонија, без разлика дали се економски, етнички или интеграциони и во една таква клима се разбира дека заостануваме и во реформите и во евро-атланските интеграции“, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.“
Тој причините за ваквата комуникација ја гледа во мегаломанското однесување на власта и се уште неконсолидираната опозиција.
Опозициската СДСМ вчера достави свои предлог економски мерки за
Момент кој обезбедува, кој нуди можност во иднина македонската политика да заличува на судир на аргументи а не на суети.Здравко Савески, професор.