Едни протестираат зашто полицаец убил луѓе, а други затоа што полицаец Македонец убил Албанци.
Протести поради тоа што полицаец убил двајца луѓе или затоа што убил двајца Албанци? Подготвено ли е македонското општество на граѓански, а не на етнички протести?
На вчерашните протести во Гостивар, откако полицаец застрела двајца гостиварци, биле извикувани пароли против Македонците, а како што јавија медиумите, по завршувањето на протестот биле каменувани дуќани. Протестот во Скопје, пак, помина мирно. Организаторите од движењето против полициска бруталност постигнаа компромис со групата млади луѓе што им се придружија носејќи албански знамиња, со тоа што донесоа и македонско знаме, за да покажат дека протестот нема етничка, туку граѓанска позадина.
За денеска, пак, освен продолжувањето на протестите на движењето против полициска бруталност пред споменикот на Мајка Тереза во центарот на Скопје, се најавени и протести на Албанци во Чаир.
Аналитичарот Алберт Муслиу, кој како претставник на граѓанскиот сектор се обрати на вчерашните протести во Гостивар, вели дека главното прашање не е дали граѓаните се зрели, туку дали општеството е зрело за граѓански, а не за етнички протести. Не е проблемот само во граѓаните, вели тој.
„Влијание врз случувањето на некои немили настани имаат институциите, медиумите и целиот тој дискурс. Дел од медиумите се вклучуваат во целиот овој процес, не за да ја смируваат ситуацијата, туку за дополнително да ја вжештуваат, со пласирање на некои непроверени информации, кои потоа генерираат тензии, генерираат реакција и генерираат емоции.“
Професор Билјана Ванковска вели дека протестите по убиството на Мартин Нешкоски навестуваа пошироко граѓанско движење со јасна агенда, не само за одговорност, туку и за системски промени во МВР. Вчерашните протести поттикнати од убиството во Гостивар покажуваат дека тоа нема континуитет и оти не е одржан тој граѓански дух, вели Ванковска.
„Сликата што вчера ја добивме, иако некои се обидуваа да ја покажат како доказ за мултиетничност, за заедништво, за поврзаност на етницитетите, всушност, со самиот чин на појавување на знамиња, од кои едното државно, другото етничко или не знам, да речам знаме на друга држава, покажува дека ние се уште немаме критична маса на луѓе кои препознаваат кога треба да се протестира за човечки живот или за системски промени“, вели Ванковска.
Таа вели дека во оваа кревка меѓуетничка ситуација, ваквите протести можат да бидат контрапродуктивни и посочува дека е многу тешко да се спречи етнизација на протестите.
„Кога имате толпа, тогаш веќе не можете да го предвидите исходот од таа ситуација. Како да го направиме не знам. Ова општество е поделено по сите шевови и очигледно дека ваква инцидентна ситуација е само понекогаш повод да се докаже колку се длабоки тие поделби, а не да од тоа се создаде некакво навистина чувство на солидарност, на човечка емпатија, на заедништво и на, ако сакате, заедничка демократска борба за реформа на институциите кои покажуваат одредени слабости“, вели Ванковска.
Влијание врз случувањето на некои немили настани имаат институциите, медиумите и целиот тој дискурс. Дел од медиумите се вклучуваат во целиот овој процес, не за да ја смируваат ситуацијата, туку за дополнително да ја вжештуваат, со пласирање на некои непроверени информации, кои потоа генерираат тензии, генерираат реакција и генерираат емоции.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
На вчерашните протести во Гостивар, откако полицаец застрела двајца гостиварци, биле извикувани пароли против Македонците, а како што јавија медиумите, по завршувањето на протестот биле каменувани дуќани. Протестот во Скопје, пак, помина мирно. Организаторите од движењето против полициска бруталност постигнаа компромис со групата млади луѓе што им се придружија носејќи албански знамиња, со тоа што донесоа и македонско знаме, за да покажат дека протестот нема етничка, туку граѓанска позадина.
За денеска, пак, освен продолжувањето на протестите на движењето против полициска бруталност пред споменикот на Мајка Тереза во центарот на Скопје, се најавени и протести на Албанци во Чаир.
Кога имате толпа, тогаш веќе не можете да го предвидите исходот од таа ситуација. Како да го направиме не знам. Ова општество е поделено по сите шевови и очигледно дека ваква инцидентна ситуација е само понекогаш повод да се докаже колку се длабоки тие поделби, а не да од тоа се создаде некакво навистина чувство на солидарност, на човечка емпатија, на заедништво...Билјана Ванковска, универзитетски професор.
Аналитичарот Алберт Муслиу, кој како претставник на граѓанскиот сектор се обрати на вчерашните протести во Гостивар, вели дека главното прашање не е дали граѓаните се зрели, туку дали општеството е зрело за граѓански, а не за етнички протести. Не е проблемот само во граѓаните, вели тој.
„Влијание врз случувањето на некои немили настани имаат институциите, медиумите и целиот тој дискурс. Дел од медиумите се вклучуваат во целиот овој процес, не за да ја смируваат ситуацијата, туку за дополнително да ја вжештуваат, со пласирање на некои непроверени информации, кои потоа генерираат тензии, генерираат реакција и генерираат емоции.“
Професор Билјана Ванковска вели дека протестите по убиството на Мартин Нешкоски навестуваа пошироко граѓанско движење со јасна агенда, не само за одговорност, туку и за системски промени во МВР. Вчерашните протести поттикнати од убиството во Гостивар покажуваат дека тоа нема континуитет и оти не е одржан тој граѓански дух, вели Ванковска.
„Сликата што вчера ја добивме, иако некои се обидуваа да ја покажат како доказ за мултиетничност, за заедништво, за поврзаност на етницитетите, всушност, со самиот чин на појавување на знамиња, од кои едното државно, другото етничко или не знам, да речам знаме на друга држава, покажува дека ние се уште немаме критична маса на луѓе кои препознаваат кога треба да се протестира за човечки живот или за системски промени“, вели Ванковска.
Таа вели дека во оваа кревка меѓуетничка ситуација, ваквите протести можат да бидат контрапродуктивни и посочува дека е многу тешко да се спречи етнизација на протестите.
„Кога имате толпа, тогаш веќе не можете да го предвидите исходот од таа ситуација. Како да го направиме не знам. Ова општество е поделено по сите шевови и очигледно дека ваква инцидентна ситуација е само понекогаш повод да се докаже колку се длабоки тие поделби, а не да од тоа се создаде некакво навистина чувство на солидарност, на човечка емпатија, на заедништво и на, ако сакате, заедничка демократска борба за реформа на институциите кои покажуваат одредени слабости“, вели Ванковска.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5