Охридско Езеро се чисти од мини

Милутин Секуловски, нуркач од Нуркачкиот клуб Амфора од Охрид.

На потегот кај градското пристаниште во Охрид и во селото Пештани ќе се одвива третата фаза од акцијата за деминирање на Охридското Езеро која започна пред неколку дена. Со ова ќе биде „збогатено“ количеството од 16 тони арсенал кој изминативе две години беше изваден од езерото.
Ниту оваа трета по ред акција нема целосно да го исчисти Охридското Езеро од мини и други неексплодирани убојни средства бидејќи нив на поголеми длабочини ги има се уште. Охридско можеби е едно од најзагадените езера со мини во Европа, тврди Есад Хуво, супервизор на целата акција и претставник на меѓународниот фонд за деминирање. Но, вели оти опасност по луѓето повеќе нема.
Мислам дека оваа акција за вадење на мини е доста добра затоа што Охрид е туристички град и сигурно оти еден мал инцидент би преставувал голем проблем за Охрид.
Есад Хуво, меѓународен фонд за деминирање.

„Како што засега стојат работите и ако се гледа според досегашните количини, можеби Охрид е една од најзагадените зони. Ние на вадење мини имаме работено во Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Југоисточна Европа и можам да ви кажам дека е доста загадено со мини. Охридското Езеро, според количините, е предводник. Мислам дека оваа акција за вадење на мини е доста добра затоа што Охрид е туристички град и сигурно

Акција за деминирање на Охридското Езеро.

оти еден мал инцидент би преставувал голем проблем за Охрид. Сметам дека крајбрежниот дел од езерото доста добро го решивме, а со оваа трета акција гарантираме дека овој дел каде има капачи ќе биде безбеден“, изјави Хуво.

Сашо Матлиески, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување
Не се пријатни за гледање, бидејќи станува збор за минско експлозивни средства и може да дојде до некои несакани последици. Затоа нашата цел е целосно да го исчистиме Охридското Езеро од тие направи.
Милутин Секуловски, Нуркачки клуб Амфора од Охрид.
и Милутин Секуловски, нуркач од Нуркачкиот клуб Амфора од Охрид, велат оти нивна цел е езерото целосно да биде исчистено од мини.

РСЕ: Ова значи дека се уште ќе има мини во езерото?

„Да, да се уште ги има. Тие не преставуваат директна опасност по луѓето, се наоѓаат на 30 сантиметри и подлабоко. Опасноста е ако направата со помош на бранот дојде на површина, некој дојде до тоа убојно средство и истото го злоупотреби“, рече Матлиески.

„Сепак не се пријатни за гледање, бидејќи станува збор за минско експлозивни средства и може да дојде до некои несакани последици. Затоа нашата цел е целосно да го исчистиме Охридското Езеро од тие направи“, рече Секуловски.

Се претпоставува дека војските при напуштањето на воениот фронт за време на Првата и Втората светска војна и двете Балкански војни оружјето го фрлале во езерото за да не го враќаат со себе назад. Се што ќе биде извадено ќе биде уништено на воениот полигон Криволак. Акцијата е финансиски поддржана од американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ од Словенија. Изведувач е дирекцијата за заштита и спасување.