Владата и ЗНМ постигнаа согласност клеветата и навредата да бидат тргнати од Кривичниот законик, а оваа материја да се регулира со посебен граѓански закон.
ЗНМ и Владата се на чекор до декриминализација на клеветата и навредата. Сега се пеглаат одредени ставови, како тоа колку да изнесува паричната казна, како да се дефинира навредата, но од ЗНМ и од Владата најавуваат дека за една недела ќе излезат со конкретен текст на законот.
По низата состаноци меѓу преставници на Владата и новинарите, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани изјави дека иако на моменти преговорите биле во криза, преовладало тоа дека мора да се најде решение.
„Клеветата и навредата се бришат од кривичниот законик, ќе се регулираат со посебен граѓански закон, имаме начелен став дека казната треба да се ограничи, прашање на договор е колку ќе биде казната.“
Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, која е владин преставник во дијалогот
, вели дека целиот процес резултирал со приближување на ставовите.
„Заеднички како Влада и ЗНМ дадовме се од себе овој процес да се унапреди и да биде во рамки на стандардите и барањата на Европската унија.“
Со Законот кој засега се вика Закон за граѓанска одговорност за клевета и
навреда се укинува казната затвор која за клевета изнесуваше до 3 години, а за навреда до една година затвор, што значи дека според новиот закон, ако некој новинар биде осуден за клевета или навреда, нема да биде криминалец и тоа нема да му влегува во досие.
Од ЗНМ велат дека треба уште да се договорат колку ќе изнесува казната. Тие бараат да биде ограничена на просечни плати и одговорноста да биде поделена меѓу новинарот, уредникот и сопственикот. Во моментов во судовите се водат 167 процеси против новинари за клевета и навреда. Тие случаи ќе бидат прекинати и ќе се префрлат во граѓанска постапка. Ќе биде ограничен и процесот, за да не трае долго и со тоа да се врши дополнителен притисок врз новинарот.
Со новиот закон се редефинира клеветата и наместо како што беше досега некој да се казнува за изрекување на невистинити нешта, сега ќе биде за невистинити факти. Се уште не е дефинирано што ќе се подразбира под навреда. Од ЗНМ велат дека новиот закон треба да ги направи новинарите поодговорни.
Клеветата и навредата се бришат од кривичниот законик, ќе се регулираат со посебен граѓански закон, имаме начелен став дека казната треба да се ограничи, прашање на договор е колку ќе биде казната.Насер Селмани,ЗНМ.
По низата состаноци меѓу преставници на Владата и новинарите, претседателот на ЗНМ, Насер Селмани изјави дека иако на моменти преговорите биле во криза, преовладало тоа дека мора да се најде решение.
„Клеветата и навредата се бришат од кривичниот законик, ќе се регулираат со посебен граѓански закон, имаме начелен став дека казната треба да се ограничи, прашање на договор е колку ќе биде казната.“
Вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, која е владин преставник во дијалогот
„Заеднички како Влада и ЗНМ дадовме се од себе овој процес да се унапреди и да биде во рамки на стандардите и барањата на Европската унија.“
Со Законот кој засега се вика Закон за граѓанска одговорност за клевета и
Заеднички како Влада и ЗНМ дадовме се од себе овој процес да се унапреди и да биде во рамки на стандардите и барањата на Европската унија.Теута Арифи, Вицепремиерка за евроинтеграции.