Достапни линкови

Новинарите да станат мултифункционални


Илустрација
Илустрација

Каков треба да биде новинарот на ова време? Образован, писмен, професионалец и да има познавање на многу вештини за работата.

Чудни летала летаат над Беџинг во Кина е наслов на текст од забавна рубрика.
Дивите копачи на минерални суровини оперираат долж текот на реката Вардар, во делот од Катланово до Охрид, но според географијата тоа баш и не е можно. Босанскиот министер за боречки прашања и за инвалидите од одбранбено-ослободителната војна се изгуби во преводот, па на македонска интернет страница стана министер за боречки вештини.

За жал во трката со времето и со парите, овие работи веќе се забораваат и добиваме лош производ, со тоа добиваме лош имиџ на професијата и на медиумите, помалку публика и помалку доверба и кредибиитет.
Жанета Трајковска,Висока школа за новинарство.
На информативните портали може да сретнете и вест од која може да се заклучи дека Битола доби свој аеродром. Иако во веста всушност станува збор за американските аеродроми кои за време на ураганот Ајрин беа затворени, во текстот, американскиот меѓународен аеродром „Логан “ стана битолски. Силиконската долина се претвори во Сицилијанска. Атрактивната Северина и нејзиното кратко фустанче што го носела на една свеченост во македонски превод се претвори во сива хаљина.

Ова се дел од грешките што сеирџии од социјалните мрежи ги ловат во медиумските текстови.

Образованието, писменостa и познавањата од општа култура, како и информираност на луѓето кои треба да ја инфомираат јавноста се основата на добриот новинар, кој
За жал во редакциите нема многу време за дополнително образование и за обука, тоа е оставено некако индивидуално секој новинар да си го прави.
Зоран Димитровски, Дневник.
потоа ќе може да ги постави вистинските прашања и да дојде до вистинската информација.

Директорката на Високата школа за новинарство Жанета Трајковска вели дека ваквите грешки се показатели оти стандардите во медиумите се намалени и дека на дел од новинарите им недостига писменост и познавање на основите на новинарството. Таа додава дека порано за помали од овие грешки, како што се неправилна употреба на голема и мала буква или интерпукциски знаци, на новинарите им се давало
уште една до две шанси да се подобрат, во спротивно набрзо им завршувала новинарската кариера.

„За жал во трката со времето и со парите, овие работи веќе се забораваат и добиваме лош производ, со тоа добиваме лош имиџ на професијата и на медиумите, помалку публика и помалку доверба
Да имаат високи етички критериуми, да ги знаат мултимедијални алатки и социјалните медиуми и кој е бенефитот од нив, да имаат критички дискурс, а новите новинари, што е најново, мора да имаат и претприемачки дух, тоа значи дека мора да ги знаат и економските параметри.
Жанета Трајковска,Висока школа за новинарство.
и кредибилитет. Да не заборавиме, една од најважните работи во сите истражувања во кои ние парциjално сме учествувале е дека кредибилитетот и довербата на читателите е основнo за читателот да остане верен на медиумот. Ние, мислам во Македонија, во последните години како да заборавивме на сето тоа.“

Главниот и одговорен уредник на Дневник Зоран Димитровски вели дека клучниот проблем е во образованието, но пропустите се во средното образование, каде што не се посветува доволно внимание на писменоста, па кога ќе стигнат до високото образование веќе станува доцна. Тој додава дека во редакциите за жал нема доволно време за надоградба на образованието,
поради темпото на работата.

„За жал во редакциите нема многу време за дополнително образование и за обука, тоа е оставено некако индивидуално секој новинар да си го прави, дел од новинарите ги користат можностите на одредени Фондации и така натаму да се надоградуваат, но повеќе во смисла на нивно
Со овие нови медиуми се бара од новинарите да известуваат од настанот и тоа ако сте новинар во печатот, веќе мора и за интерент изданието на вашата редакција да пратите вест, инфорамција, да пратите фотографија, да пратите кусо видео, значи се зголемуваат обврските на новинарите, и се бара не само голема обученост туку и навремена реакција и голем професионализам.
Зоран Димитровски, Дневник.

новинарско надоградување, професионално надоградување, како истражувачко новинарство, за некои други новинарски форми и тоа е добро, меѓутоа во оној дел на писменоста, за тоа треба да бидат повеќе задолжени не само уредниците, туку и лекторите во новинарските организации.“

Во европските истражувања за компетентноста и вештините на новинарите, се укажува на потребата од стандардизација во образованието на новинарите, затоа што новиот новинар на денешно време треба да биде подготвен да влезе во сите сфери во подготовка на новинарскиот производ, од информација до фотографија па и снимање на видео.

Во земјава само две институции нудат постидипломски студии за новинари, државниот универзитет, односно правниот факултет „Јустилијан Први“ и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Во постипломската програма на државниот универзитет се нуди теоретско познавање во делот за комуникациски теории, медиуми и глобализација, медиумско право и истражување. Во програмата на Високата школа, пак, се нуди практично знаење од областа на мултимедиа и менаџирање на медиуми.

Трајковска вели дека новиот новинар треба да има вештини, знаења и способности кои ќе одговорат на потребите на денешницата.

„Да имаат високи етички критериуми, да ги знаат мултимедијалните алатки и социјалните медиуми и кој е бенефитот од нив, да имаат критички дискурс, а новите новинари, што е најново, мора да имаат и претприемачки дух, тоа значи дека мора да ги знаат и економските параметри.“

Димитровски додава дека треба да се вложува во новинарската едукација од повеќе аспекти, од познавање на јазик до работење во сите сфери на занаетот.

„Со овие нови медиуми се бара од новинарите да известуваат од настанот и тоа ако сте новинар во печатот, веќе мора и за интерент изданието на вашата редакција да пратите вест, инфорамција, да пратите фотографија, да пратите кусо видео, значи се зголемуваат обврските на новинарите и се бара не само голема обученост, туку и навремена реакција и голем професионализам.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG