Антикорупциската комисија досега немала предмет за актуелен функционер. Ловењето на поранешни функционери остава впечаток дека комисијата работи селективно, велат експертите.
Поранешните директори на Агенцијата за цивилно воздухопловство Ернад Фејзулаху и Зоран Крстевски не сакаат јавно да ги коментираат сомневањата на Антикорупциската комисија дека ја злоупотребиле службената должност за време на нивното раководење со агенцијата, со образложение дека ќе почекаат да го видат текот на настаните.
Поранешниот директор Зоран Крстевски во телефонски разговор ни рече дека не сака да биде дел од политичките игри и затоа не сака јавно да каже ништо повеќе од она што го испрати како соопштение. Во неговата писмена реакција тој ги демантира обвинијата искажани од Државната комисија за спречување на корупција.
Според Антикорупциска, станува збор за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ и „несовесно работење во Агенцијата“ во период од 2007 и 2008 година. Претседателот на Антикорупциската комисија Воислав Зафировски изјави дека тие и нанеле голема штета на агенцијата.
„Во раководењето на Агенцијата за
цивилно воздухопловство и во располагањето во финасиските трансакции на истата, при спроведувањето на постапките за јавни набавки, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, на агенцијата и нанеле значителна штета и создале можност за прибавување значителна имотна корист за себе или за други лица.“
Од друга страна, Крстевски во писмената реакција вели дека делата
за кои тој се товари не се реализирани за време на неговото раководење со агенцијата, односно дека тие се ивршени пред тој да стапи на должност во септември 2008 година. Тој додава дека во наодот на Државниот ревизор е направена јасна динстикција кога се направени спорените набавки и дека Комисијата тоа не го зела предвид.
„Комисијата тоа не го зема предвид, ниту, пак, ме повика согласно член 58 од Законот за спречување на корупцијата заради разјаснување на одредени прашања, и сето тоа ми дава право да се сомневам во вистинските намери на иницијативата на ДКСК со чие објавување во јавноста, се крши уставното начело на презумпција на невиност“, е наведено во писмената реакција на Крстевски.
Според податоците на Антикорипциската комисија, парите не биле користени наменски, било набавувано со договори наместо со тендери, при една набавка на возила по пат на јавен тендер, парите за возилата биле исплатени на фирма која не се јавила како понудувач во постапката. За исплата на 250 илјади
евра по разни основи, не постоело целосна документација, за телефонски разговори на мобилен биле исплатени 2,7 милиони денари, додека за користење на службените возила немало покритие за потрошено гориво во вредост од 5,5 милиони денари.
Во извешајот на невладината организација „Центар за граѓански комуникации “ е наведено дека само во последниот квартал од мината година државните институции потрошиле 30 милиони евра без тендер. Од тој аспект се наметнува и прашањето по кој критериум постапува Антикорупциската комисија во изборот на случаи за преглед на работата на поранешни фунционери и директори.
„Државната комисија ги процесуира ревизорските извешати во кои има наводи за кривично дело, а во ревозорските наводи има од помал обем, односно прекршоци и неправилности и друг вид на незаконитости. Оттаму наш главен критериум се кривичните дела како најтешки општествени штетни однесувања. Треба да се има предвид дека државната комисија не е единствениот орган што е должен да ги процесуира ревизорските извешати“, вели Мира Димовска, член на Комисијата.
Поранешната антикорупционерка Вања Михајлова вели дека една од задачите на комисијата е по секоја седница на транспарентен начин да ја извести јавноста за нејзината работа, но за жал се уште јавноста не слушнала ништо за сомневања за големи коруптивни скандали откриени од Државниот ревизор, особено при јавните набавки околку проектот Скопје 2014 година.
„Не знам пред колку години тие биле поранешни, и тие можат да бидат предмет на анализа, но за жал нема ништо покренато према актуелните функционери, директори на јавни претпријатија и агенции за кои што спрема ревизорските извештаи се откриени бројни незаконитости. И веќе ова создава едно сомневање дека се работи за селективен однос што е непријатно и за самата Комисија, мислам на кредибилитетот на Комисијата.“
Таа додава дека е важно да се земат в предвид извештаите на Европската Комисија од последниве три години во кои јасно е наведено дека Антикорупциската Комисија има реактивен наместо проактивен приод во борбата со корупција и дека довербата во нејзината неселктивност е на многу ниско ниво.
Во раководењето на Агенцијата за цивилно воздухопловство, и во располагањето во финасиските трансакции на истата, при спроведувањето на постапките за јавни набавки, создале можност за прибавување значителна имотна корист за себе или за други лица.Воислав Зафировски, претседател на Антикорупциска комисија.
Поранешниот директор Зоран Крстевски во телефонски разговор ни рече дека не сака да биде дел од политичките игри и затоа не сака јавно да каже ништо повеќе од она што го испрати како соопштение. Во неговата писмена реакција тој ги демантира обвинијата искажани од Државната комисија за спречување на корупција.
Според Антикорупциска, станува збор за „злоупотреба на службена положба и овластувања“ и „несовесно работење во Агенцијата“ во период од 2007 и 2008 година. Претседателот на Антикорупциската комисија Воислав Зафировски изјави дека тие и нанеле голема штета на агенцијата.
„Во раководењето на Агенцијата за
Од друга страна, Крстевски во писмената реакција вели дека делата
Комисијата тоа не го зема в предвид, ниту, пак, ме повика согласно член 58 од Законот за спречување на корупцијата заради разјаснување на одредени прашања, и сето тоа ми дава право да се сомневам во вистинските намери на иницијативата на ДКСК.Писмената реакција на Зоран Крстевски.
„Комисијата тоа не го зема предвид, ниту, пак, ме повика согласно член 58 од Законот за спречување на корупцијата заради разјаснување на одредени прашања, и сето тоа ми дава право да се сомневам во вистинските намери на иницијативата на ДКСК со чие објавување во јавноста, се крши уставното начело на презумпција на невиност“, е наведено во писмената реакција на Крстевски.
Според податоците на Антикорипциската комисија, парите не биле користени наменски, било набавувано со договори наместо со тендери, при една набавка на возила по пат на јавен тендер, парите за возилата биле исплатени на фирма која не се јавила како понудувач во постапката. За исплата на 250 илјади
Не знам пред колку години тие биле поранешни, и тие можат да бидат предмет на анализа, но за жал нема ништо покренато према актуелните функционери, директори на јавни претпријатија и агенции за кои што спрема ревизорските извештаи се откриени бројни незаконитости.Вања Михајлова, поранешен антикорупционер.