Болните од хепатит Ц во Битола чекаат ред за лекување

Клинички центар во Битола.

Терапијата за лекување на хепатит Ц бара големи средства и затоа постои листа на чекање каде пацинетот од дијагностицирањето до почетокот со терапијата чека шест до осум месеци, велат од Инфективното одделение при битолската болница.
Во Битола замав зема хепатитот Ц, заболување на црниот дроб кое доколку навремено не се лекува може да заврши со појава на канцер и смртоносни последици. Секоја година расте бројот на битолчани инфицираат со овој вирус, а во болницата е направена и листа на чекање за пациентите. Деветмина веќе се лекуваат, а други шест чекаат.
Со оглед дека терапијата сака големи средства има листа на чекање каде пацинетот од дијагностицирањето до почетокот со терапијата чека шест до осум месец
Данчо Балаловски, началник на Инфективното одделение при Битолската болница.

„Имаме бројка од 15 пацинети што се лекуваат годишно, а битолчани што имаат хепатитис Ц бројката е од 30 до 40 годишно. За среќа, бројката на лекувани пациенти е на завидно ниво во однос на другите општини. Сметаме дека после Скопје по број на лекувани пациенти сме на второ место. Со оглед дека терапијата сака големи средства има листа на чекање каде пацинетот од дијагностицирањето до почетокот со терапијата чека шест до осум месеци“, вели доктор Данчо Балаловски, началник на Инфективното одделение при
битолската болница.

Во периодот на чекање важно е болниот да се откаже од користење на дрога или да прима метадон за резултатот на лекување да биде поголем. Воедно доколку излекувано лице повторно користи наркотични средства постои ризик на ново да се разболе. Досега не е измислена вакцина против оваа болест. Според одредени проценки, во државата од овој вирус боледуваат над 30.000 лица.

„Тоа се должи на начинот на живеење кој кај младата генерација е изместен. Бројот на наркозависници се зголемува, а еден од начините преку кој се добива болеста е со употреба на нестерилни шприцеви и игли. Дрогата доведува и до промискуитет, а болеста може да се пренесе и преку сексуален пат доколку не се користи заштита“, вели Балаловски.

Лекувањето го плаќа државата со минимална партиципација на пациентите. Терапијата е скапа и за 7 дена чини 26.000 денари, а лекувањето трае со недели.