Овој режим, после растурањето на медиумскиот простор, сега прави обид и за растурање на опозициските партии во Македонија, изјави Љубчо Георгиевски.
Режимот го купи претседателот на ВМРО-Народна партија Маријан Додовски, партијата не се распушта, не преминува во ВМРО-ДПМНЕ и останува во опозиција, а јас ќе ја предводам, изјави вечерва почесниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-НП во Скопје, пред почетокот на седницата на извршниот комитет на партијата.
„Ваквиот начин на обид за растурање на една опозициска партија е својствен само за тоталитарните држави и очигледно дека овој режим, после растурањето на медиумскиот простор во Македонија, сега прави еден обид и за растурање на опозициските партии во Македонија“, изјави Георгиевски.
Претходно, досегашниот претседател на партијата Марјан Додовски, на прес-конференција во хотелот Холидеј ин соопшти дека ВМРО-НП згаснува и дека членовите на партијата се враќаат во матичната ВМРО-ДПМНЕ.
„Се враќаме во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи мислам дека тоа е вистинското ВМРО и ја застапува вистинската демохристијанска идеја. Не можеме повеќе да останеме заложници на Љубчо Георгиевски и на двајца-тројца околу него кои партијата ја злоупотребуваа за лични бизнис-интереси и за перење пари. Не можеме да прифатме да бидеме залoжници и слуги на Бранко Црвенковски и на длабоките преговори на Георгиевски за коалицирање со Црвенковски чија основа се единствено бизнис интересите олицетворени со добивање плацеви за градење на згради во општини водени од СДСМ, конкретно во Карпош. ВМРО-Народна партија со моето заминување едноставно повеќе не постои. Може да се зборува само за некаква историска бледа сенка на партијата“, рече Додовски.
Георгиевски, пак, вели дека најмногу двајца членови од партиското раководство ја напуштиле партијата со Додовски. Тој посочи дека „партискиот инжинеринг“ за преземањето на ВМРО-НП од страна на ВМРО-ДПМНЕ очигледно траел подолго време.
„Ако ни дадете само еден месец, мислам дека овојпат ќе можеме и точната сума на пари да ви ја кажеме за која е направена оваа купопродажба којашто се подготвуваше некое време“, рече Георгиевски.
Тој најави дека ќе се врати на претседателската позиција во ВМРО-НП и им порача на членовите на неговата партија, но и на членовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека „отсега натаму ќе си имаат работа со Љубчо Георгиевски“.
„Ние имаме работа со еден навистина тоталитарен режим и една тоталитарна партија која очигледно ниту признава медиумска слобода, ниту повеќепартиски систем во Република Македонија“, рече Георгиевски.
Георгиевски најави дека в недела ќе се одржи состанок на Центалниот комитет на партијата што ќе биде отворен за медиумите, а партиски Конгрес за избор на ново раководсто ќе се одржи „во најскоро време“.
Георгиевски негира дека има потпишано коалициски договор со СДСМ. На обвинувањата за криминални зделки во општините под власт на СДСМ, Георгиевски рече дека е подготвен да се соочи со Додовски на телевизиски дуел на која било телевизија да ги соочат аргументите.
Георгиевски обвини дека Додовски бил еден од најголемите кочничари за формирање предизборна коалиција со Обединети за Македонија и Достоинство. На парламентарните избори што се одржаа летоска, ВМРО-НП освои 28 илјади гласови, Обединети за Македонија – 17 илјади, а Достоинство – скоро 9 илјади, но ниту една од нив не освои ниту едно пратеничко место.
Ваквиот начин на обид за растурање на една опозициска партија е својствен само за тоталитарните држави и очеглидено дека овој режим, после растурањето на медиумскиот простор во Македонија, сега прави еден обид и за растурање на опозициските партии во Македонија.Љубчо Георгиевски, почесен претседател на ВМРО-НП.
„Ваквиот начин на обид за растурање на една опозициска партија е својствен само за тоталитарните држави и очигледно дека овој режим, после растурањето на медиумскиот простор во Македонија, сега прави еден обид и за растурање на опозициските партии во Македонија“, изјави Георгиевски.
Претходно, досегашниот претседател на партијата Марјан Додовски, на прес-конференција во хотелот Холидеј ин соопшти дека ВМРО-НП згаснува и дека членовите на партијата се враќаат во матичната ВМРО-ДПМНЕ.
Се враќаме во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи мислам дека тоа е вистинското ВМРО и ја застапува вистинската демохристијанска идеја. Не можеме повеќе да останеме заложници на Љубчо Георгиевски и на двајца-тројца околу него кои партијата ја злоупотребуваа за лични бизнис-интереси и за перење пари.Марјан Додовски, досегашен претседател на ВМРО-НП.