Лустрацијата на пауза. Пропуштена шанса за прочистување или спречување на прогонот на неистомисленици?
Познатата максима на Томас Хобс „Човек на човека му е волк“ во македонски услови би се превела „Човек на човека му е кодош“. За тоа сведочи и народното предание во кое се вели дека „од тројца Македонци, еден е комита, вториот е војвода, а третиот е кодош“.
Но, по последните информации кои дојдоа од Уставниот суд, следува пауза, нема да се прогласуваат нови кодоши во следниве неколку месеци додека се проверува уставноста на неколку членови од законот за лустрација.
Човек на човека му е кодош
Новинарите, уредиците,
вработените во медиуми, како и нивните основачи, поранешни функционери, адвокати, медијатори, членовите на невладините организации, верските заедници и претставниците на се она што во законот е дефинирано како „организација“ не треба да бидат предмет на лустрација, затоа што, според објаснувањето на Уставниот суд, тие не се носители на јавни функции.
Токму овие последниве, од верските заедници, беа желни да докажат дека не се кодоши, па портпаролот на Синодот на Македонската православна црква, отец Тимотеј, пред новогодишните празници, изјави дека сите свештеници заедно ќе поднесат изјава дека не соработувале со тајните служби, затоа што, како што вели, и тие се граѓани кои работат и имаат должност за истото тоа и да одговараат.
„Народот вели - Како дробел, така нека срка, ако некој дробел“, рече тогаш Тимотеј.
Арно ама неколку дена до официјалното истекување на рокот, од околу 300-те православни свештеници во МПЦ само 95 попа од две епархии, поднеле изјава до Комисијата за верификација на факти дека не соработувале со тајните служби.
Додека, пак, преставниците на исламската верска заедница, не ни поднесоа изјави, но му ветиле на претседателот на комисијата Томе Аџиев дека сите заедно ќе поднесат изјава пред да измине рокот.
Процесот на лустрација служи како храна за политичките хиени
Досега процесот на лустрација честопати ја брануваше јавноста. За него пишуваше и престижниот американски весник „Њујорк Тајмс“:
„Додека поголемиот дел од сличните програми низ земјите во Источна Европа имаа за цел да и олеснат на земјата во транзицијата од тоталитарен режим во демократски систем на владеење во раните 1990–ти години, македонската програма допрва стапува на сила и се покренуваат прашања за нејзината ефикасност и се стравува дека законот се користи за замолчување на политичките противници“, се наведува во текстот на „Њујорк Тајмс“.
Многу поранешни функционери, експерти и јавни критичари на законот тврдеа дека процесот на лустрација служи како храна за политичките хиени, ги задоволува апетите на медиумите за насловни теми, а на јавноста и пружа задоволство во маалско озборување за македонскиот кодошлук.
Оспорување на законот почна уште кога Собранието го донесе, па потоа следуваа и оспорувања поради начинот на кој истиот го толкуваат од една страна членовите на комисијата, а од друга страна аналитичарите, а спорен е и начинот на кој се одвива целиот процес во изминативе две години, како и внатрешните препирки меѓу членовите во комисијата.
Покрај овие проблеми, масло во огнот долева и Уставниот суд каде што се оспоруваа делови од законот, односно се оспорува кој се треба да биде предмет на лустрација и кој период да биде опфатен - дали од 1944 до 1991 година или до денеска.
Но да почнеме со ред:
Уставниот суд во средата донесе привремена мерка со која делумно се замрзнува работата на комисијата, покрена постапка за 12 члена од законот за кои се сомнева оти се неуставни. Со оваа мерка, за лустрација остануваат само јавните фунционери, а поранешните функционери не треба да бидат лустрирани, освен ако пак не се кандидираат за некоја функција.
Судот смета дека новинарите, верските лица, членовите на невладини организции, адвокатите и медијаторите не треба да поднесуваат изјави до Комисијата за лустрација затоа што тие не се носители на јавни функции и не треба да се ставаат во нерамноправна положба со актуелните функционери и да им се нарушува нивниот морален интегритет и достоинство. Воедно за судот е спорен и оној дел од законот со кој се предвидува глоба од 3 до 4 илјади евра за овие лица кои до истекот на предвидениот рок не поднеле изјава до Комисијата. Досега над 4 илјади луѓе не го сториле тоа и комисијата требаше да ги разгледува и нивните случаи.
Судијката известител Вера
Маркова сметаше дека е нелогично да се лустрираат поранешни функционери ако тие немаат претензии за нова јавна функција.
„Останува нејасно која е потребата да се утврди дали го исполнуваат дополнителниот услов за вршење на јавна функција, односно која е смислата на нивната лустрација. Имајќи предвид дека лустрацијата значи процес на справување со минатото, со цел да се одбележат и остранат можностите за натамошно кршење на човековите права во актуелниот општествено-политички систем, односно целта на лустрацијата е заштита на иднината, а не справување со минатото само по себе.“
Оспорен е и членот кој предвидуваше Изјавата за несоработка со службите да биде дополнителен услов за вработување во медиумите.
Кој ја кочи лустрацијата?
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не се изненадени од, како што велат, обидот на Уставниот суд да ја блокира или стопира лустрацијата па најавија дека пратениците ќе работат на нов поефикасен начин за спроведувањето на лустрацијата.
За СДСМ, фактот што Уставниот суд по втор пат расправа за лустрацискиот процес, е најдобра потврда колку тој е забеган. Во нивната првичната реакција се вели дека со „улична“ демократија, таканеречена лов на вештерки и пресметување со неистомислениците на „фамилијата“ и Груевски, Македонија е ставена „во редот на земји со тоталитарни режими“.
Претседателот на комисијата за верификација на факти Томе Аџиев изјави дека ќе ги почитуваат решенијата на Судот и ќе постапат како што налага Судот .
Тој додава дека новинарите со ова ја пропуштија шансата да се
прочистат од кодошите во нивните редови.
„Тоа си е на товар на медиумите, ќе си имаат новинари кодоши, па нека се борат со нив. Имаа шанси да се прочистат, ама ја пропуштија. Вака сега најскокотливи, најголеми проблеми ќе ви бидат токму тие што можеби биле соработници.“
Освен правните препреки на кои наиде процесот на лустрација во Македонија, не треба да се пропуштат и внатрешните несогласувања меѓу членовите на Комисијата. Дел од нив и неколку аналитичари сметаат дека претседателот на комисијата е нелегитиимен затоа што неговиот мандат истече пред речиси една година, но тој се уште раководи со комисијата. Еден од тие членови кои што го делат ова мислење е Јанаќе Витановски кој смета дека Аџиев работи селективно, тенденциезно со цел да се сврти внимението на поранешните носители на јавна фунција наместо на актуелните со што целиот процес се движи во погрешен правец. Тој додава дека веќе цела година комисијата се занимава со поранешните функционери, луѓе кои не обавуваат никаква функција, дел од нив се и веќе пензионери.
„И сега ако речам дека тие се на седмо место, судиите, обвинителите, а ние се уште ги немаме завршено, значи тоа остава впечаток дека ние нив не сакаме да ги работиме, ги работиме поранешните, а овие актуелните што се судии и министри остануваат нелустрирани. Имаме советници кои се се уште не лустрирани, а веќе знаеме дека нивниот мандат наредната година ќе им заврши а ние не сме ги излустрирале, има многу такви не се само тие.“
Тој вели дека мнозинството ги надгласува, па обидите да ја вратат лустрацијата на прав пат им се залудни.
„Бојкотираме, не одиме на седници на Комисијата,баравме на седница на дневен ред да се стави раководењето и работењето на претседателот Томе Аџиев, не надгласаа не ја ставија таа точка на дневен ред, поднесовме писмено барање, но после бурни расправии повторно не се усвои дневниот ред.“
На ваквите обвинувања Аџиев вели дека изјавите на актуелните функционери се разгледуваат исто како на поранешните, во зависност од информациите кои ги добиваат од институциите. Тој додава дека не сака да ги коментира „дежурните“ кои се јавуваат и ги проблематизираат случувањата во Комисијата.
„Да го поставиме така прашањето, зошто баш само на едни исти лица им пречи прашањето, ама нека му служи на чест на секој што работи споротивно на законот и што изнесува податоци спротивно на законот и што изнесува невистини пак спротивно на законот.“
Иако одамна го почна процесот за лустрација за академиците во МАНУ, таа уште не е завршена. Комисијата откри 4 академици за кои имало записи направени од тајните служби. Витановски вели дека за нив се уште не решевале затоа што е обемен материјалот кој треба да го разгледаат за нив.
Но, во едно раскараната комисија е сложна, дека кога ќе дојде на ред лустрацијата на новинарите(ако дојде) тие ќе постапат според законот и дека нема место за страв дека овој процес ќе се злоупотреби за пресметка со нив. Тие не уверуваа дека нема да дозволат, новинарите да бидат замолчани со прогласување на некој од нив на информатори, иако Витановски, изрази сомневање дека со оглед на случувањата во процесот и со опцијата надгласување, можни се и такви обиди.
Лустрацијата на новинарите ќе почека
Неколку дена пред истекувањето на крајниот рок за доставување на изјави до комисијата околу 350 новинари ја завршиле својата обврска. Од лустрацијата на новинарите засега заработија само нотарите, по 150 денари од човек, тие во својата каса внеле 52.500 денари.
За еден новинар веќе е донесено решение да не му се верифицира изјавата, вели Аџиев. Новинарите веќе неколкупати досега изразија сомневање дека власта преку комисијата за лустрација ќе се пресмета со нив .
Преседателот на здржението на новинари Насер Селмани вели дека со лустрацијата на новинарите ќе се исчисти една
дамка од новинарската фела.
„Затоа што поранешен министер за внатрешни работи излегува јавно и тврди дека има многу соработници на службата меѓу новинарите и мислам дека такви изјави можат едноставно да се негираат или да се потврдат со лустрација, нема друг начин. Затоа што тие изјави штетат на целата новинарска фела.“
Но, додава дека стравот на новинарите дека процесот може да се злоупотреби е основан со оглед на начинот на кој работи комисијата за лустрација.
Новинарот Миомир Серафиновиќ, заедно со колегите од екипата на „Код“, побарал од Министерството за внатрешни работи информација дали за нив има податоци за некаква соработка со тајни служби.
„Поведени од примерот на еден друг новинар, кој успеа за помалку од еден ден да добие одговор дека е чист, ние тимски отидовме и тројцата поднесовме барање за да добиеме одговор, значи тоа беше некаде при крајот на ноември. Досега официјално немаме добиено никаков одговор, ниту пак неофицијално ни е кажано нешто, дали сме имале ние некаква заднина во соработка со тајните служби.“
Серафиновиќ се сомнева дека постои можност, доколку некој соработувал новинарски со тајните служби, истиот да биде спомнат во нечија белешка, но како што вели останува да се види дали тврдењата на членовите на комисијата дека тоа не може да се случи се точни.
Дел од безбедносните аналитичари и поранешни фунционери тврдат дека новинарите се најпосакувани за соработници на тајните служби. Нивните чести патувања и известувања од други земји, нивната фрекфентност и мобилност во границите на поранешна Југославија биле добар извор за инфомации за тајните служби во минатиот систем, вели поранешниот прв човек на военото разузнавање и професор на Факултет за детективи и безбедност, Владимир Пивоваров.
„Значи тогаш таквиот новинар кој патувал на некој конгрес, во некоја, да речеме, поранешна источноевропска земја, значи нормално беше пред да појде да биде повикан и подготвен од страна на службите за она што го очекува таму, на кој начин да се однесува таму и што би било безбедносно интересно да го забележи таму.“
Не е мал бројот на новинари кои во минатиот систем биле предмет на полициска обработка, а дел од нив и соработници на разузнавачите, вели поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
„Споредбено со другите структури можеби новинарите биле најмногу притискани и обработувани од нив да се прави селекција кој може да биде соработник, така да тој број не е мал. Јас колку што знам е значителен број на новинари кои соработувале со службите. Но, честопати новинарите кои биле слободоумни во минатиот период преку систем на обработка, дел од нив биле уценувани за соработка и на тој начин прифаќаат соработка, веројатно и од други причини и од други основи прифаќаат соработка.“
Во целава ситуација потребно е да се постави дистинкција меѓу професионалната новинарска соработка со институцијата од онаа кодошката улога, според која новинарите известуваат за разузнавачите наместо за јавноста.
„Ако некогаш зборувавме за некоја динстикциона линија помеѓу ваквите нешта што вие ги прашувате, денеска такво нешто немаме. И самите гледате при одредени кривични дела се уште полицијата не пристигнала, веќе тука се камерите, што значи дека некој ги повикал, што е спротивно на сите начела на работење на полицијата. И тука се прашувам кој на кого преставува информатор- дали полицијата на новинарите или новинарите на полицијата?“
Иако двете професии имаат слична основа - инфомација, главната разлика е во тоа што едните своите инфомации јавно ги бараат и ги пласираат во медиумите, додека разузнувачите имаат на располагање методи кои не им се дозволени на новинарите во потрагата и нивните инфомации не се за јавна употреба. Но, не се само новинарите интересни соработници на тајните служби, во зависност од информативната потреба на разузнавачите, многу луѓе од различни профили станувале соработници.
„Во зависност од тоа кои се и какви се стратегиските интереси на државата на која припаѓа разузнавачката служба и кои се конкретните барања на корисниците во однос на дадениот предмет на интерес. Во одреден случај може предмет на интерес да биде влада на друга држава, Генералштаб на одредена Армија, некоја терористичка организација“, вели професорот на Факултетот за безбедност Томе Батковски.
Лустрацијата се претвори во пародија
Експертите и поранешните разузнавачи неколкупати досега укажуваа дека проблематични се и документите кои ги имаат институциите за соработката со тајните служби, а ги користи Комисијата за верификација на факти, затоа што, како што изјави во една прилика поранешен директор на разузнувачката служба, речиси половина од тие белешки се неупотребливи, а нивната веродостојност не е проверена. Предупредувањата доаѓаат од аспект на тоа што во минатиот систем се случувало оперативците да ја злоупотребат својата положба и во нив да заведат лице со кое разговарале
како соработник, без при тоа тој да биде информиран дека е така заведен. Пивоваров додава дека во забелешките никој не запишал дека некој под принуда станал соработник, што дефакто тоа се случувало.
„Значи никогаш службите нема да напишат дека одредено лице е ангажирано поради уцена, тоа е најстрашниот начин на пробирање на информации, значи некој бил принуден со уцена да дава информации, таквото нешто ние не го евидентиравме тогаш како служби, вие ако читате од тоа време многу информации, ќе прочитате дека оперативецот вели дека соработникот на крај мислеше тоа и тоа, демек оперативецот влегол во психата на соработникот. Значи многу небулози се случувале, не велиме дека немало соработници кои својата кариера ја граделе на туѓа несреќа, меѓутоа тоа беше поентата на лустрирање, а ние почнавме со се, рекла-казала.“
Еден од пропустите на лустрацијата и пародијата која што се прави е тоа што процесот се тера наопаку, се гонат оние кои што биле ситна боранија наместо одговорните, оние кои ги издавале наредбите и кои имале поголема можност за злоупотреба. Експертите тврдат дека сега наместо лустрацијата да биде прогон на злоупотребата, таа се претвори во злоупотреба на прогон.
Пивоваров додава дека јавна тајна биле обуките за разузнавање на дипломати и фунционери.
„Јавна тајна беше дека панчевачка школа која ја користеа разузнавачките служби беше за обука на наши функционери кои патуваат на службени должности во странство. Значи тоа е дипломатскиот кор, па дури и семејствата на дипломатскиот кор одеа во тие школи за да можат за собираат сознанија во интерес на својата држава. Значи не е само таа професија, и многу други професии беа буквално кажано под државна капа.“
Досега комисијата за верификација на факти на 26 луѓе не им ја верифицираше изјавата дека не биле соработници со тајните служби. За дел од нив се донесени и конечни решенија па нивните случаи се веќе во судовите. Минатата година во дворови никнуваа досија на албански политичари за кои комисијата брзо одговори дека не може да постапува по нив затоа што станувало збор за фотокопиии. А токму тоа е една од причините за квалификување на процесот на лустрација како една политичка куклена престава.
Народот вели - Како дробел, така нека срка, ако некој дробел.Владиката Тимотеј, портпарол на МПЦ.
Човек на човека му е кодош
Новинарите, уредиците,
Додека поголемиот дел од сличните програми низ земјите во Источна Европа имаа за цел да и олесната на земјата во транзицијата од тоталитарен режим во демократски систем, македонската програма допрва стапува на сила и се покренуваат прашања за нејзината ефикасност и се стравува дека законот се користи за замолување на политичките противници.„Њујорк тајмс“
„Народот вели - Како дробел, така нека срка, ако некој дробел“, рече тогаш Тимотеј.
Арно ама неколку дена до официјалното истекување на рокот, од околу 300-те православни свештеници во МПЦ само 95 попа од две епархии, поднеле изјава до Комисијата за верификација на факти дека не соработувале со тајните служби.
Додека, пак, преставниците на исламската верска заедница, не ни поднесоа изјави, но му ветиле на претседателот на комисијата Томе Аџиев дека сите заедно ќе поднесат изјава пред да измине рокот.
Процесот на лустрација служи како храна за политичките хиени
Досега процесот на лустрација честопати ја брануваше јавноста. За него пишуваше и престижниот американски весник „Њујорк Тајмс“:
„Додека поголемиот дел од сличните програми низ земјите во Источна Европа имаа за цел да и олеснат на земјата во транзицијата од тоталитарен режим во демократски систем на владеење во раните 1990–ти години, македонската програма допрва стапува на сила и се покренуваат прашања за нејзината ефикасност и се стравува дека законот се користи за замолчување на политичките противници“, се наведува во текстот на „Њујорк Тајмс“.
Многу поранешни функционери, експерти и јавни критичари на законот тврдеа дека процесот на лустрација служи како храна за политичките хиени, ги задоволува апетите на медиумите за насловни теми, а на јавноста и пружа задоволство во маалско озборување за македонскиот кодошлук.
Оспорување на законот почна уште кога Собранието го донесе, па потоа следуваа и оспорувања поради начинот на кој истиот го толкуваат од една страна членовите на комисијата, а од друга страна аналитичарите, а спорен е и начинот на кој се одвива целиот процес во изминативе две години, како и внатрешните препирки меѓу членовите во комисијата.
Покрај овие проблеми, масло во огнот долева и Уставниот суд каде што се оспоруваа делови од законот, односно се оспорува кој се треба да биде предмет на лустрација и кој период да биде опфатен - дали од 1944 до 1991 година или до денеска.
Но да почнеме со ред:
Уставниот суд во средата донесе привремена мерка со која делумно се замрзнува работата на комисијата, покрена постапка за 12 члена од законот за кои се сомнева оти се неуставни. Со оваа мерка, за лустрација остануваат само јавните фунционери, а поранешните функционери не треба да бидат лустрирани, освен ако пак не се кандидираат за некоја функција.
Лустрацијата значи процес на справување со минатото, со цел да се одбележат и остранат можностите за натамошно кршење на човековите права, во актуелниот општествено-политички систем, односно целта на лустрацијата, е заштита на иднината а не справување со минатото само по себе.Вера Маркова, судијка.
Судот смета дека новинарите, верските лица, членовите на невладини организции, адвокатите и медијаторите не треба да поднесуваат изјави до Комисијата за лустрација затоа што тие не се носители на јавни функции и не треба да се ставаат во нерамноправна положба со актуелните функционери и да им се нарушува нивниот морален интегритет и достоинство. Воедно за судот е спорен и оној дел од законот со кој се предвидува глоба од 3 до 4 илјади евра за овие лица кои до истекот на предвидениот рок не поднеле изјава до Комисијата. Досега над 4 илјади луѓе не го сториле тоа и комисијата требаше да ги разгледува и нивните случаи.
Судијката известител Вера
„Останува нејасно која е потребата да се утврди дали го исполнуваат дополнителниот услов за вршење на јавна функција, односно која е смислата на нивната лустрација. Имајќи предвид дека лустрацијата значи процес на справување со минатото, со цел да се одбележат и остранат можностите за натамошно кршење на човековите права во актуелниот општествено-политички систем, односно целта на лустрацијата е заштита на иднината, а не справување со минатото само по себе.“
Оспорен е и членот кој предвидуваше Изјавата за несоработка со службите да биде дополнителен услов за вработување во медиумите.
Кој ја кочи лустрацијата?
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ не се изненадени од, како што велат, обидот на Уставниот суд да ја блокира или стопира лустрацијата па најавија дека пратениците ќе работат на нов поефикасен начин за спроведувањето на лустрацијата.
Тоа си е на товар на медиумите, ќе си имаат новинари кодоши, па нека се борат со нив. Имаа шанси да се прочистат, ама ја пропуштија. Вака сега најскокотливи, најголеми проблемќе ви бидат токму тие што можеби биле соработници.Томе Аџиев, Претседател на комисијата за верификација на факти.
За СДСМ, фактот што Уставниот суд по втор пат расправа за лустрацискиот процес, е најдобра потврда колку тој е забеган. Во нивната првичната реакција се вели дека со „улична“ демократија, таканеречена лов на вештерки и пресметување со неистомислениците на „фамилијата“ и Груевски, Македонија е ставена „во редот на земји со тоталитарни режими“.
Претседателот на комисијата за верификација на факти Томе Аџиев изјави дека ќе ги почитуваат решенијата на Судот и ќе постапат како што налага Судот .
Тој додава дека новинарите со ова ја пропуштија шансата да се
„Тоа си е на товар на медиумите, ќе си имаат новинари кодоши, па нека се борат со нив. Имаа шанси да се прочистат, ама ја пропуштија. Вака сега најскокотливи, најголеми проблеми ќе ви бидат токму тие што можеби биле соработници.“
Освен правните препреки на кои наиде процесот на лустрација во Македонија, не треба да се пропуштат и внатрешните несогласувања меѓу членовите на Комисијата. Дел од нив и неколку аналитичари сметаат дека претседателот на комисијата е нелегитиимен затоа што неговиот мандат истече пред речиси една година, но тој се уште раководи со комисијата. Еден од тие членови кои што го делат ова мислење е Јанаќе Витановски кој смета дека Аџиев работи селективно, тенденциезно со цел да се сврти внимението на поранешните носители на јавна фунција наместо на актуелните со што целиот процес се движи во погрешен правец. Тој додава дека веќе цела година комисијата се занимава со поранешните функционери, луѓе кои не обавуваат никаква функција, дел од нив се и веќе пензионери.
„И сега ако речам дека тие се на седмо место, судиите, обвинителите, а ние се уште ги немаме завршено, значи тоа остава впечаток дека ние нив не сакаме да ги работиме, ги работиме поранешните, а овие актуелните што се судии и министри остануваат нелустрирани. Имаме советници кои се се уште не лустрирани, а веќе знаеме дека нивниот мандат наредната година ќе им заврши а ние не сме ги излустрирале, има многу такви не се само тие.“
Тој вели дека мнозинството ги надгласува, па обидите да ја вратат лустрацијата на прав пат им се залудни.
„Бојкотираме, не одиме на седници на Комисијата,баравме на седница на дневен ред да се стави раководењето и работењето на претседателот Томе Аџиев, не надгласаа не ја ставија таа точка на дневен ред, поднесовме писмено барање, но после бурни расправии повторно не се усвои дневниот ред.“
На ваквите обвинувања Аџиев вели дека изјавите на актуелните функционери се разгледуваат исто како на поранешните, во зависност од информациите кои ги добиваат од институциите. Тој додава дека не сака да ги коментира „дежурните“ кои се јавуваат и ги проблематизираат случувањата во Комисијата.
„Да го поставиме така прашањето, зошто баш само на едни исти лица им пречи прашањето, ама нека му служи на чест на секој што работи споротивно на законот и што изнесува податоци спротивно на законот и што изнесува невистини пак спротивно на законот.“
Иако одамна го почна процесот за лустрација за академиците во МАНУ, таа уште не е завршена. Комисијата откри 4 академици за кои имало записи направени од тајните служби. Витановски вели дека за нив се уште не решевале затоа што е обемен материјалот кој треба да го разгледаат за нив.
Но, во едно раскараната комисија е сложна, дека кога ќе дојде на ред лустрацијата на новинарите(ако дојде) тие ќе постапат според законот и дека нема место за страв дека овој процес ќе се злоупотреби за пресметка со нив. Тие не уверуваа дека нема да дозволат, новинарите да бидат замолчани со прогласување на некој од нив на информатори, иако Витановски, изрази сомневање дека со оглед на случувањата во процесот и со опцијата надгласување, можни се и такви обиди.
Лустрацијата на новинарите ќе почека
Затоа што поранешен министер за внатрешни работи, излегува јавно и тврди дека има многу соработници на службата меѓу новинарите и мислам дека такви изјави можат едноставно да се негираат или да се потврдат со лустрација, нема друг начин.Насер Селмани, ЗНМ.
За еден новинар веќе е донесено решение да не му се верифицира изјавата, вели Аџиев. Новинарите веќе неколкупати досега изразија сомневање дека власта преку комисијата за лустрација ќе се пресмета со нив .
Преседателот на здржението на новинари Насер Селмани вели дека со лустрацијата на новинарите ќе се исчисти една
„Затоа што поранешен министер за внатрешни работи излегува јавно и тврди дека има многу соработници на службата меѓу новинарите и мислам дека такви изјави можат едноставно да се негираат или да се потврдат со лустрација, нема друг начин. Затоа што тие изјави штетат на целата новинарска фела.“
Поведени од примерот на еден друг новинар, кој успеа за помалку од еден ден да добие одговор дека е чист, ние тимски отидовми и тројцата поднесовме барање за да добиеме одговор, значи тоа беше некаде при крајот на ноември, досега официјално немаме добиено никаков одговор.Миомир Серафиновиќ, новинар
Новинарот Миомир Серафиновиќ, заедно со колегите од екипата на „Код“, побарал од Министерството за внатрешни работи информација дали за нив има податоци за некаква соработка со тајни служби.
„Поведени од примерот на еден друг новинар, кој успеа за помалку од еден ден да добие одговор дека е чист, ние тимски отидовме и тројцата поднесовме барање за да добиеме одговор, значи тоа беше некаде при крајот на ноември. Досега официјално немаме добиено никаков одговор, ниту пак неофицијално ни е кажано нешто, дали сме имале ние некаква заднина во соработка со тајните служби.“
Серафиновиќ се сомнева дека постои можност, доколку некој соработувал новинарски со тајните служби, истиот да биде спомнат во нечија белешка, но како што вели останува да се види дали тврдењата на членовите на комисијата дека тоа не може да се случи се точни.
Дел од безбедносните аналитичари и поранешни фунционери тврдат дека новинарите се најпосакувани за соработници на тајните служби. Нивните чести патувања и известувања од други земји, нивната фрекфентност и мобилност во границите на поранешна Југославија биле добар извор за инфомации за тајните служби во минатиот систем, вели поранешниот прв човек на военото разузнавање и професор на Факултет за детективи и безбедност, Владимир Пивоваров.
„Значи тогаш таквиот новинар кој патувал на некој конгрес, во некоја, да речеме, поранешна источноевропска земја, значи нормално беше пред да појде да биде повикан и подготвен од страна на службите за она што го очекува таму, на кој начин да се однесува таму и што би било безбедносно интересно да го забележи таму.“
Не е мал бројот на новинари кои во минатиот систем биле предмет на полициска обработка, а дел од нив и соработници на разузнавачите, вели поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов.
„Споредбено со другите структури можеби новинарите биле најмногу притискани и обработувани од нив да се прави селекција кој може да биде соработник, така да тој број не е мал. Јас колку што знам е значителен број на новинари кои соработувале со службите. Но, честопати новинарите кои биле слободоумни во минатиот период преку систем на обработка, дел од нив биле уценувани за соработка и на тој начин прифаќаат соработка, веројатно и од други причини и од други основи прифаќаат соработка.“
Во целава ситуација потребно е да се постави дистинкција меѓу професионалната новинарска соработка со институцијата од онаа кодошката улога, според која новинарите известуваат за разузнавачите наместо за јавноста.
„Ако некогаш зборувавме за некоја динстикциона линија помеѓу ваквите нешта што вие ги прашувате, денеска такво нешто немаме. И самите гледате при одредени кривични дела се уште полицијата не пристигнала, веќе тука се камерите, што значи дека некој ги повикал, што е спротивно на сите начела на работење на полицијата. И тука се прашувам кој на кого преставува информатор- дали полицијата на новинарите или новинарите на полицијата?“
Иако двете професии имаат слична основа - инфомација, главната разлика е во тоа што едните своите инфомации јавно ги бараат и ги пласираат во медиумите, додека разузнувачите имаат на располагање методи кои не им се дозволени на новинарите во потрагата и нивните инфомации не се за јавна употреба. Но, не се само новинарите интересни соработници на тајните служби, во зависност од информативната потреба на разузнавачите, многу луѓе од различни профили станувале соработници.
„Во зависност од тоа кои се и какви се стратегиските интереси на државата на која припаѓа разузнавачката служба и кои се конкретните барања на корисниците во однос на дадениот предмет на интерес. Во одреден случај може предмет на интерес да биде влада на друга држава, Генералштаб на одредена Армија, некоја терористичка организација“, вели професорот на Факултетот за безбедност Томе Батковски.
Лустрацијата се претвори во пародија
Значи многу небулози се случувале, не велиме дека немало соработници кои својата кариера ја граделе на туѓа несреќа, меѓутоа тоа беше поентата на лустрирање а ние почнавме со се, рекла -казала.Владимир Пивоваров,пораанешен разузнавач и универзитетски професор