Процесот е влезен во фаза каде што почнаа да излегуваат соработниците и веќе стана проблем за некого, па почнуваат со вакви иницијативи пред Уставниот суд, вели Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.
Претседателот на Комисијата за верификација на факти Томе Аџиев не се согласува со ставовите на Уставниот суд за проверка на уставноста на дел од законот, односно со двете главни забелешки кои се однесуваат на тоа - кој се треба да се лустрира и кој период треба да да биде предмет на лустрација, дали до 1991 година или до денеска. Аџиев смета дека опфатот за лустрација треба да биде поширок.
„Не може да се каже дека некој соработувал повеќе или некој помалку, или дека некој бил опасност за граѓаните, некој не бил, тој што соработувал правел штета на други лица соработувајќи со тајните служби од идеолошко-политички причини и сега да не го деградираме целиот процес овој до 90-та година бил соработник, бил условно кажано кодош, а овој не бил, да го гони некој сега кривично или не знам како. Мислам дека требаше сите да бидат опфатени, а сега што ќе биде ќе биде.“
Според објаснувањето на Уставниот суд, не треба да се
лустрираат поранешни функционери, новинари, уредници и претставници на верски заедници и невладини организации, затоа што тие не се носители на јавни функции. Аџиев смета дека целта на оспорувањето на законот за лустрација е да се забави процесот.
„Веројатно некој осетил дека процесот
е влезен во фаза каде што почнаа да излегуваат соработниците и веќе стана проблем за некого и почнуваат со вакви некои иницијативи, дали со иницијативи пред Уставниот суд, дали со работи во Комисијата што се случуваат, не знам дали тоа е така, меѓутоа чуството е такво.“
Но дел од членовите на комисијата не се согласуваат со ваквите ставови на Аџиев, затоа што според Јанаќе Витановски, досега комисијата работела селективно со тенденција да се лустрираат само поранешни функционери и неистомисленици на власта.
Аџиев додава дека со уставното оспорување на законот не се аменестира лустрацијата за новинарите во Македонската радиотелевизија, па само новинарите во приватните медиуми се спасиле од лустрација.
„Сега имаме ние и новинари кои работеле во јавниот сервис, па сега се во некои приватни медиуми. Можеби биле соработници па сега се тргнати на страна, нема да бидат опфатени, тој што има среќа да биде во јавниот сервис, може ќе го фати законот и ќе одговара.“
Досега само за еден новинар е издадено решение дека бил соработник со тајните служби.
Комисијата до 31 јануари ќе ги прибира сите изјави кои ќе пристигнат и кога ќе биде објавена одлуката на Уставниот суд за привремен прекин на лустрирањето на онаа категорија на граѓани, тогаш ќе одлучува што ќе прави понатаму. Се додека тоа не се објави во Службен весник, се отвора вакуум простор во кој комисијата за лустрација ќе може да продолжи да работи на начинот како што работеше досега.
На денешната седница, членовите на комисијата одлучувале за кодошката судбина на еден јавен функционер, на кого не му ја верифицирале изјавата, но како што вели Аџиев, не станува збор за човек на висока фунција.
Не може да се каже дека некој соработувал повеќе или некој помалку, или дека некој бил опасност за граѓаните, некој не бил, тој што соработувал правел штета на други лица соработувајќи со тајните служби.Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.
„Не може да се каже дека некој соработувал повеќе или некој помалку, или дека некој бил опасност за граѓаните, некој не бил, тој што соработувал правел штета на други лица соработувајќи со тајните служби од идеолошко-политички причини и сега да не го деградираме целиот процес овој до 90-та година бил соработник, бил условно кажано кодош, а овој не бил, да го гони некој сега кривично или не знам како. Мислам дека требаше сите да бидат опфатени, а сега што ќе биде ќе биде.“
Според објаснувањето на Уставниот суд, не треба да се
„Веројатно некој осетил дека процесот
Веројатно некој осетил дека процесот е влезен во фаза каде што почнаа да излегуваат соработниците и веќе стана проблем за некого и почнуваат со вакви некои иницијативи, дали со иницијативи пред Уставниот суд, дали со работи во Комисијата што се случуваат, не знам дали тоа е така, меѓутоа чуството е такво.Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти.