Жителите на Горно Строгомиште од Општина Зајас неколку дена не ги пуштаат децата на настава во знак на протест, бидејќи и по 7 години не е изградена новата училишна зграда.
Жителите и родителите од селото Горно Строгомиште од Општина Зајас неколку дена не ги пуштаат децата на настава во знак на протест, бидејќи и по 7 години не е изградена новата училишна зграда. Тие се жалат дека 60-ината ученици од прво до петто одделение од подрачното училиште „Зеќир Даути“ учат во стара, крајно руинирана зграда.
Има четири училници, нема санитарен јазол, таваните се дупнати, подот оштетен, ѕидовите се распаѓаат од влага, а носечките ѕидови на оваа стара градба се распукани. Родителите се плашат дека при обилни дождови, објектот може да се урне врз децата.
Но, и новата зграда што се гради до старата се оштетува, бидејќи објектот не е заштитен. Жителите на Горно Строгомиште велат дека кој знае колку пати реагирале и барале и од локалната власт и од Министерството да го решат проблемот. Но, се жалат дека никој не ги слуша нивните барања, добивале само ветувања кои не се остваруваат.
„Имавме очекувања дека ќе биде доизграден објектот, но гледаме, а не знаеме поради кои причини дека не се случува тоа и решивме со петиција, селото и родителите решивме, да на ваков начин некако придонесеме да се доизгради училиштево и децата да учат во нормални услови“, вели Кујтин Зендели, од иницијативниот одбор на родителите.
Во централното основно училиште „Реџо Рушит Зајази“ во Зајас во чии рамки функционира подрачното училиште велат дека и локалната самоуправа и Министерството добро го знаат проблемот. Затоа донеле привремена одлука, учениците да продолжат со настава во централното училиште што се наоѓа на 2 километри од подрачното.
Како што вели директорот Сулејман Дервиши, децата ќе учат во втора смена во ова училиште се додека не заврши изградбата на новиот објект во Горно Строгомиште.
И градоначалникот на Зајас, Мусли Муслиу тврди дека од Општината постојано се испраќаат барања до Министерството да се интензивираат градежните работи. Но, смета дека до крајот на школската година, новата училишна зграда нема да биде ставена во функција.
Родителите, пак, не ја прифаќаат понудената солуција.
„Ова е прв наш чекор, во случај да немаат слух за нашите барања, ние планираме и да го блокираме магистралниот пат Кичево-Гостивар“, вели Зендели.
Директорот Дервиши, пак, предупредува дека за непочитување на понуденото решение ќе следуват санкции за родителите.
„Тоа значи 30 неоправдани за учениците, нормално ќе креваме процедура, бидејќи ние еве исполнуваме услови за тие деца, привремено, додека не се разреши случајот. Според законот, 30 неоправдани, инспекторатот ќе покрене постапка за родителите“, предупреди Дервиши.
Ова е прв наш чекор, во случај да немаат слух за нашите барања, ние планираме и да го блокираме магистралниот пат Кичево-Гостивар.Кујтин Зендели, иницијативен одбор на родителите од Горно Строгомиште.
Има четири училници, нема санитарен јазол, таваните се дупнати, подот оштетен, ѕидовите се распаѓаат од влага, а носечките ѕидови на оваа стара градба се распукани. Родителите се плашат дека при обилни дождови, објектот може да се урне врз децата.
Но, и новата зграда што се гради до старата се оштетува, бидејќи објектот не е заштитен. Жителите на Горно Строгомиште велат дека кој знае колку пати реагирале и барале и од локалната власт и од Министерството да го решат проблемот. Но, се жалат дека никој не ги слуша нивните барања, добивале само ветувања кои не се остваруваат.
Ние еве исполнуваме услови за тие деца, привремено, додека не се разреши случајот. Според законот, 30 неоправдани, инспекторатот ќе покрене постапка за родителите.Сулејман Дервиши, директор на ЦОУ „Реџо Рушит Зајази“.