Со пристапниот дијалог, ЕУ бара нови начини за соработка со Македонија. За власта тоа е утеха за стагнацијата на полето на интеграции, за аналитичарите немоќ Брисел да се справи со македонските власти.
Пристапен дијалог на високо ниво, каков што најави еврокомесарот Штефан Филе дека ќе отпочнат со Македонија напролет на ваков начин ЕУ отвора за првпат со некоја земја и тоа најверојатно со намера да ја одржи взаемната комуникација, да ги надомести изостанатите преговори, но и да воспостави засилена контрола врз областите во кои очекува напредок. Вака се толкува во Македонија иницијативата на ЕУ чија форма, како што велат во македонскотот МНР, не е се уште многу јасна.
Целта е да се помогне и да се добијат насоки во областите во кои Унијата бара подобрување, појаснуваат од Министерството. Во секој случај станува збор за извесна замена, или утеха за веќе подолгата стагнација во евроинтеграцискиот процес, го толкуваат ваквиот потег неофицијално владини извори.
За експертската јавност, само израз на немоќта на Брисел во состојбата којашто е уникатна како и недостиг на идеја кај македонските власти за понатамошните чекори при ваква блокада во која се наоѓа земјава.
„Во меѓувреме од не знам кои причини, дали нашата Влада не е многу активна, нема многу развиени фантазија да побара нешто друго од Комисија, Комисијата нема што повеќе да прави со нас и сега измислува некои вакви дијалози како еден вид
на форма каде ќе може на некој начин да ја продолжи соработката со Македонија, ама реално ние не напредуваме“, вели Лидија Димова од Македонскиот Центар за европско образование.
За професор Мерсел Биљали станува збор за обид на Брисел да изнајде алтернативни патишта за враќање на негативните внатрешни состојби кон некаква елементарна рационалност.
„Сега имаме скоро деструктивен национализам кој е продукт на државниот национализам и ако се додаде сиромаштијата и економската криза, тоа се веќе сериозни потенцијали за внатрешна експлозија, тука Европската унија е загрижена“, изјави Биљали.
Но ваквиот пристапен дијалог, анализират експертите, нема да не извлече од блокадата и нема да значи наш напредок кон ЕУ.
Пристапниот дијалог, еврокомесарот Филе на вчерашната прес конференција во Брисел, го најави како форма којашто ќе ја засили соработката меѓу Македонија и ЕУ во однос на следењето на напредокот во клучните области слободата на изразување, владеење на правото, реформа на јавната администрација, изборниот процес и борбата против корупцијата.
Комисијата нема што повеќе да прави со нас и сега измислува некои вакви дијалози како еден вид на форма каде ќе може на некој начин да ја продолжи соработката со Македонија, ама реално ние не напредуваме.Лидија Димова, МЦЕО.
Целта е да се помогне и да се добијат насоки во областите во кои Унијата бара подобрување, појаснуваат од Министерството. Во секој случај станува збор за извесна замена, или утеха за веќе подолгата стагнација во евроинтеграцискиот процес, го толкуваат ваквиот потег неофицијално владини извори.
За експертската јавност, само израз на немоќта на Брисел во состојбата којашто е уникатна како и недостиг на идеја кај македонските власти за понатамошните чекори при ваква блокада во која се наоѓа земјава.
„Во меѓувреме од не знам кои причини, дали нашата Влада не е многу активна, нема многу развиени фантазија да побара нешто друго од Комисија, Комисијата нема што повеќе да прави со нас и сега измислува некои вакви дијалози како еден вид
За професор Мерсел Биљали станува збор за обид на Брисел да изнајде алтернативни патишта за враќање на негативните внатрешни состојби кон некаква елементарна рационалност.
Сега имаме скоро деструктивен национализам кој е продукт на државниот национализам и ако се додаде сиромаштијата и економската криза , тоа се веќе сериозни потенцијали за внатрешна експлозија, тука Европската унија е загрижена.Мерсел Биљали, професор.