Соединетите Држави, само неколку часа откако Европската унија се согласи да воведе ембарго за увоз на нафта од Иран, воведоа нови финансиски санкции врз Исламската Република. Официјален Техеран ги предупреди да не влегуваат во воена авантура.
Американското Министерство за финансии воведе нови санкции против третата по големина иранска банка Теџарат и нејзината филијала во Минск, Белорусија поради обезбедување финансиски услуги на фирми и организации кои веќе се санкционирани за поврзаност со контроверзната иранска нуклеарна програма.
Вашингтон оценува дека со тоа ќе се продлабочи иранската финансиска изолација што пак ќе ја спречи намерата на Иран да дојде до нуклеарно оружје. Со новите мерки, Соединетите Држави всушност имаат воведено санкции врз сите државни ирански банки.
До ова дојде само неколку часа откако Европската унија воведе ново ембарго за иранска нафта. Околу 80 насто од иранските приходи доаѓаат од извозот на нафта. Европската унија исто така усвои рестрикции за иранската Централна банка, како и забрана за трговија со Иран со скапоцени метали и дијаманти.
„Мислам дека ова ја покажува решеноста на Европската унија за ова прашање. Меѓународната заедница има апсолутно право да го прави тоа со цел да го натера Иран да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации околу преговорите за нуклеарната програма на таа земја“, изјави шефот на британската дипломатија Вилијем Хејг.
Американскиот претседател Барак Обама го поздрави потегот на Брисел и вети дека ќе продолжи да го притиска Иран се додека не ги исполни меѓународните обврски.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон и министерот за финансии Тимоти Гајтнер оценија дека новите санкции ќе го заострат изборот на иранските лидери која опција да ја одберат.
„Го повикуваме Иран целосно да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија која дејствува во духот на соработка. Очекуваме и од Иран да покаже таков однос“, изјави портпаролот на Стејт департментот Викторија Нуланд.
По овие најнови санкции, Техеран, преку членот на комитетот на иранскиот парламент за безбедност Мохамад Исмаил Ковсари, предупреди дека Орумскиот Теснец, преку кој се одвива една петина од севкупниот транзит на нафтата во светот, ќе биде затворен.
Тој додаде дека на Соединетите Држави и нивните сојузници не ќе им биде дозволено повторно да го отворат при што го предупреди Вашингтон да не влегува во воена авантура.
Официјален Техеран смета дека оваа психолошка војна само ќе создаде нови пречки во напорите за излегување од ќорсокакот во решавањето на нуклеарниот спор.
На ист став е и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој најави дека Москва ќе се обиде да ги одврати двете страни да не преземаат дополнителни, како што ги нарече, контрапродуктивни потези.

Го повикуваме Иран целосно да соработува со Меѓународната агенција за атомска енергија која дејствува во духот на соработка. Очекуваме и од Иран да покаже таков однос.