Бизнисмените предлагаат мерки за економски раст

Вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски и претседателот на Сојузот на стопански комори Златко Калеников

Бизнис секторот до Владата достави стратегија за економски раст, која се фокусира на малите и средни претпријатија во Македонија. Сојузот на стопански комори очекува одоговор на предложените мерки за дваесетина дена.
Дел од бизнис секторот достави предлози до Владата за економски раст. Членките на Сојузот на стопански комори очекуваат одговор од надлежните Министерства за 15 до 20 дена, посочи претседателот на организацијата Златко Калеников.
Денеска се раговараше за достапност на финансии, за банкарски сектор, се разговараше за повторно реафирмирање на казнената политика, да видиме дали ефектите од редуцирањето на казнената политика се ефектни.
Златко Калеников,Сојузот на стопански комори.

„Денеска се раговараше за достапност на финансии, за банкарски сектор, се разговараше за повторно реафирмирање на казнената политика, да видиме дали ефектите од редуцирањето на казнената политика се ефектни, каде можат да се направат повторно некои интервенции, кои се резултатите и така натаму.“

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски вели дека дијалогот со бизнис заедницата ќе продолжи.

„Историјата покажува особено во изминатите неколку години дека предлозите што доаѓаат од

Премиерот Никола Груевски и претставници на владиниот тим на деловен појадок со Сојузот на стопански комори

стопанските комори и од Сојузот на стопански комори но и од другите комори, редовно наоѓаат на разбирање, се разбира сето она што има смисла, во таа насока ќе ​биде и ставот на Владата по однос на предложената стратегија.“

Економистите и бизнисмените за сега се воздржуваат од коментирање на неодамна најавените мерки за подршка на стопанството, кои власта ги составува во услови на криза во еврозоната. Според неофицијални информации, се шпекулира дека во новите владини мерки ќе се надоврзат на извештајот „ Дуинг бизнис“ на Светската банка. Од бизнис секторот единствено забележуваа дека казните се премногу строги.

„Сметам дека треба прво како што беше во еден период идејата дека ќе се оди со укажување, за да се подобри состојбата, а не да се чека на кривина за да се казнат, меѓутоа за жал во реалноста не е така“, изјави директорката на „Европа“ Савка Димитрова.

Стратегијата која ја предлагаат дел од бизнисмените се фокусира на 3 носечки столбови: Подобрување на деловната клима преку раст на малите и средни претпријатија, реструктурирање на Македонија во стабилен пазар сам за себе и окрупнување и кластерско здружување на претпријатијата.