Хашката одлука, но и главниот услов Макеоднија да стане дел од Алијансата, а тоа е решение за спорот за името, биле главните теми на средби на Филип Рикер со македонскиот државен врв.
Меѓународниот суд во Хаг има свои правала, но Алијансата функционира по своите правила коишто бараат консензус кој истовремено значи и преземање на одговорноста со зачленувањето во оваа организација, изјави помошник заменикот државен секретар на САД по средбата со премиерот Груевски.
„Ќе кажам уште еднаш, консензусот е тој поради кој НАТО е толку успешна и влијателна организација каква што е. Денеска земјите во овој регион се претставуваат себеси, имаат можност да го определат својот пат, да работат и да преговараат, НАТО ги остави отворени вратите, ОН го поддржуваат членството на Макеоднија во НАТО и тоа е она што ние сакаме да го видиме“, изјави Рикер.
Пресудата од Хаг дава одлична можност да се интензивираат напорите за изнаоѓање решение во спорот за името со соседна Грција, таков контекст забележавме минатат година и се надеваме дека тоа ќе продолжи и натаму, додаде Рикер.
Во таа насока ги поздрави средбите на медијаторот Нимиц со претставниците од двете земји во Њујорк. Самитот на НАТО во Чикаго рече дека е далеку па
, според тоа, не сакаше да ги коментира шансите за влез на Македонија во Алијансата во таа прилика како ни тоа дали Макеоднија ќе се најде на агендата на овој самит.
„Македонија е на агендата на НАТО веќе подолго време, како што знаете од Букурешт јасно е кажано дека Македонија ќе ја добие поканата за влез во НАТО веднаш штом двете земји Грција и Македонија ќе најдат прифатливо решение со што ќе има консензус во НАТО што е основата на Алијансата и поради што таа има успех и го одржува мирот во Европа и тоа е основа што ќе ја води Алијансата напред и во иднина. “
Како што информираше Рикер, на средбата со премиерот станало збор и за важноста од слободата на медиумите и независноста на судството. Во рамките на дводневната посета на Скиопје тој се сретна и со вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, шефот на државата Ѓорѓе Иванов, лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски, министерот за одбрана Фатмир Бесими како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети. Оваа посета на Рикер е дел од неговбата региоанлна турнеја во рамките на која тој го посети Косово, следуваат Србија и Турција.
НАТО ги остави отворени вратите, ОН го поддржуваат членството на Макеоднија во НАТО и тоа е она што ние сакаме да го видиме.Филип Рикер, помошник заменик на државниот секретар на САД.
„Ќе кажам уште еднаш, консензусот е тој поради кој НАТО е толку успешна и влијателна организација каква што е. Денеска земјите во овој регион се претставуваат себеси, имаат можност да го определат својот пат, да работат и да преговараат, НАТО ги остави отворени вратите, ОН го поддржуваат членството на Макеоднија во НАТО и тоа е она што ние сакаме да го видиме“, изјави Рикер.
Пресудата од Хаг дава одлична можност да се интензивираат напорите за изнаоѓање решение во спорот за името со соседна Грција, таков контекст забележавме минатат година и се надеваме дека тоа ќе продолжи и натаму, додаде Рикер.
Во таа насока ги поздрави средбите на медијаторот Нимиц со претставниците од двете земји во Њујорк. Самитот на НАТО во Чикаго рече дека е далеку па
Македонија е на агендата на НАТО веќе подолго време, како што знаете од Букурешт јасно е кажано дека Македонија ќе ја добие поканата за влез во НАТО веднаш штом двете земји Грција и Македонија ќе најдат прифатливо решение со што ќе има консензус во НАТО што е основата на Алијансата.Филип Рикер.