Википедија против ограничување на интернет слободата

Светот е навикнат на протести од типот Ден на гневот каде што луѓето излегуваат на улица да бараат политички промени. Но, Ден на темнината е нешто ново. Тоа денеска за прв пат, онака глобално, го прави популарната интернет страница Википедија која на 24 часа ја затвори нејзината англиска страница во знак на протест против предложената американска легислатива за која вели дека ја ограничува интернет слободата.
За самововеденото затемнување на страницата која е со цел да се сврти вниманието на предложената легислатива пред американскиот Конгрес многумина интернет провајдери велат дека драматично ќе ја зголеми способноста на владата да го контролира интернетот.

Проблемот со блокирањето е што би можело таму да има огромна блогерска мрежа која содржи стотици илјади блогови. Ако некоја странска веб страница има еден или неколку артикли со содржина која го крши законот, тогаш Соединетите држави би можело да ги блокираат сите блогови во мрежата.
Со оглед на тоа што и другите најголеми веб пребарувачи се со седиште во Соединетите Држави, провајдерите предупредуваат дека легислативата ќе ги погоди и нив.

Во суштина, законот ги спротивставува интересите на две моќни индустрии. На една страна е индустријата за забава која со децении бара построги закони за редуцирање на пиратеријата на интерент. Филмските и музичките компании велат дека губат милијарди долари годишно откако пиратите преку интернет слободно доаѓаат до нивните материјали.

На другата страна е таканаречаната сајбер индустрија. Тоа е свет кој успева на иновации и на слободата на информации. Тоа, исто така е свет кој генерално не е љубезен спрема другите надворешни индустрии или пак, владите кои се обидуваат да ги раководат.
Начинот на кој овие закони биле напишани кажува дека станува збор за драконски мерки. Тие можат да прават буквално што сакаат ако забележат дека веб страницата користи содржина со авторско право. Тие можат да го блокираат сајтот од интернет.

Она што филмската и музичката индустрија сака да го направи е да ја пренесе тежината на одговорноста за пиратството од службите кои го спроведуваат законот врз самите интернет компании.

Еден од начините е да ги ограничат пребарувачките интернет страници да не дозволуваат пристап на веб страниците со крадена содржина.

„Начинот на кој овие закони биле напишани кажува дека станува збор за драконски мерки. Тие можат да прават буквално што сакаат ако забележат дека веб страницата користи содржина со авторско право. Тие можат да го блокираат сајтот од интернет“, вели Ленс Уланоф, уредник на една веб страница.

Интернет компаниите сметаат дека предложениот закон ќе и даде на владата премногу слобода да ги ограничува веб страниците и тоа надвор од судскиот систем.

Тоа, како што велат таканаречените интернаути, или корисниците на интеренет, ќе ја уништи иновативноста и ќе го наруши правото на слободен говор.

Оливија Солон издавач на едно англиско списание за дигитална култура смета дека според предложениот закон, властите ќе можат да побараат од веб пребарувачите да ги отстранат линковите до страниците кои ги кршат авторските права.


„Проблемот со блокирањето е што би можело таму да има огромна блогерска мрежа која содржи стотици илјади блогови. Ако некоја странска веб страница има еден или неколку артикли со содржина која го крши законот, тогаш Соединетите Држави би можело да ги блокираат сите блогови во мрежата.“

Според Солон, теоретски, предложениот закон би можело да доведе до прекинуввање на мехнизмите за финансирање на веб пребарувачите преку Пејпал, Гугл едвордс и Виса.

„Повеќето луѓе велат дека ова е справување со проблемот на погрешен начин. Проблемот е во тоа што корисниците на авторски права не создале алтернатива која е подобра од пиратството. Тие многу пари трошат да се справат со проблемот врз основа на старите бизнис модели, како ДВД пазарот.“

Белата куќа, на блогот постиран минатиот викенд, соопшти дека нема да поддржи никаква легислатива која ја ограничува слободата на изразување, ја зголемува опасноста на сајбер безбедноста и го поткопува динамичниот и иновативен интернет. Белата куќа веќе најави дека ќе организира конференција со опонентите на законот.