Пораз од Германија, шанса во натпреварот против Чешка

Македонски навивачи во Ниш.

Шансата за влез во наредната фаза, меѓу 12 најдобри репрезентации на стариот континент, македонските ракометари ќе ја бараат в четврток на мечот со Чешка.
Македонската машка ракометна репрезентација изгуби од Германија со резултат 24:23 во вториот натпревар од ЕП во Србија, што се играше во Ниш. Македонија не успеа да го реализира последниот напад и да се избори за нерешен резултат.

Македонската ракометна репрезентација.


Резултатот преку целиот натпревар беше тесен, а полувремето заврши нерешено 12:12.
Македонија се среќава со Чешка, а Германија со Шведска, в четврток, во последното трето коло од првата фаза од натпреварите.

Најефикасен во македонскиот тим беше Кире Лазаров со 7 голови. Пикерот Стојанче Стоилов даде 6, а Наумче Мојсовски 4. Вредни за споменување се и 11 одбрани на голманот Петре Ангелов.

Најефикасен кај Германците беше Ларс Кауфман со 6 голови.

Шансата за влез во наредната фаза, меѓу 12 најдобри репрезентации на стариот континент, македонските ракометари ќе ја бараат в четврток на мечот со Чешка.

Како и на првиот меч пред два дена против Шведска, салата Чаир во Ниш повторно беше обоена во црвено-жолта боја. Натпреварот во живо го следеа повеќе од три илјади македонски навивачи.

Во групата Б што се игра во Ниш, освен Македонија и Шведска играат уште и Чешка и Германија.

Во првото коло, Чешка направи изненадување и ја совлада Германија со 27:24, а Македонија одигра нерешено со фаворизираната Шведска 26:26.

Вечерва во 20:15ч. играат Чешка – Шведска.

Македонија се среќава со Чешка, а Германија со Шведска, в четврток, во последното трето коло од првата фаза од натпреварите.

На Европското првенство играат 16 репрезентации во 4 групи. Најдобрите три од секоја група продолжуваат во втората фаза, каде што ќе формираат две групи од по 6 репрезентации. Потоа најдобрите 4 репрезентации од секоја група ќе се вкрстат во четвртфиналето.