Европски црн петок за поцврста унија

Не стивнуваат реакциите по таканаречниот црн петок за Европа кога агенцијата Стандард и пурс им го намали кредитниот рејтинг на девет земји членки на еврозоната, меѓу нив и на Франција и на Австрија. Некои од нив тоа го примија како понижување, а Германија, иако не е во таа група предлага создавање европски агенции за проценка на кредитниот рејтинг.
Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле смета дека е време Европа да формира сопствени независни кредитни агенции заради смирување на пазарите, разнишани со постојани шпекулации.

Тој ова го изјави во Атина, два дена откако американската Стандард и Пурс им го намали кредитниот рејтинг на девет членки на еврозоната што ја зголеми загриженоста на берзите за европската должничка криза и за заедничката валута.

Гвидо Вестервеле



Според Вестервеле, одлуките на рејтинг агенциите можат да поттикнат несигурност во пазарните текови.

Крајно време е Европа да се наметне и да обезбеди конкуренција меѓу рејтинг агенциите. Во сето ова има многу политичка игра, многу политички оценки.
„Крајно време е Европа да се наметне и да обезбеди конкуренција меѓу рејтинг агенциите. Во сето ова има многу политичка игра, многу политички оценки. Затоа е неопходно Европа да има независни, европски рејтинг агенции.“

Вестервеле додава дека на договорите меѓу членките на Европската унија кои имаат за цел справување со должничката криза мора да им биде дадена реалистичка шанса за работа, сугерирајќи дека објавувањето на оценките на рејтинг агенциите може прерано да поттикне недоверба кај пазарите.
Тој изрази задоволство што на состаноците со грчкиот премиер Лукас Пападимос и со лидерот на десниот центар Андонис Самарас била постигната согласност дека е неопходно Грција да ги продолжи реформите.

Марио Монти



Новинските агенции оценуваат дека ваквиот предлог на Вестервеле не само што претставува уште еден обид за лимитирање на штетата по објавата на Стандард и пурс во петокот, туку и своевидно користење на ваквите вообичаено лоши вести во своја полза и предност.
Курсот на нашите јавни финасии во последниве 30 години е главниот хендикеп за растот и вработеноста, но и за нашиот национален суверенитет.
Франсоа Фијон, премиер на Франција.

Кон ова се додава оценката на германската канцеларка Ангела Меркел која изјави дека намалувањето на рејтингот значи дека еврозоната мора да ги забрза мерките и да креира поцентрализирана валутна унија.

На исто мислење е и италијанскиот премиер Марио Монти кој веста ја искористи за потенцирање на неговиот аргумент дека само со острите мерки на штедење нема да може да се надмине кризата.

Одлуката е предупредување и таа не би требало да прерасне во поголема драма од она што ја имаме, смета францускиот премиер Франсоа Фијон, додавајќи:

„Курсот на нашите јавни финасии во последниве 30 години е главниот хендикеп за растот и вработеноста, но и за нашиот национален суверенитет.“

Многумина сметаат дека намалениот кредитен рејтинг е удар за престижот на Франција.

Има и такви кои се сомневаат со одлуката на Стандард и Пурс, доведувајќи го во прашање времето кога е донесена.

Како и да е, според оценките на експертите, најновата акција на Стандард и Пурс е ѕвонче на будење кое дополнително треба да ги притисне европските лидери за забрзување на реформите во Европа.