Собранието го оцени како неприфатлив Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, во прво читање, поднесен од пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија, со кој се предвидуваше декриминализација на кривичните дела клевета и навреда. Владејачкото мнозинство ги оцени измените како малку избрзани и предложи да се почека исходот од преговорите меѓу ЗНМ и Владата.
Предлог-законот за декриминализација на клеветата и навредата со кој се бара законски измени за бришење на досега казнивите категории за опозицијата е добро законско решение кое ќе овозможи поголема слобода на изразувањето, како едно од основните човекови права.
„Работата, улогата на новинарите во општеството е мошне значајна и битна и токму затоа сметам дека кривичното гонење на новинарите за клевета и навреда е несоодветна и претешка санкција“, изјави Маринела Тушева, пратеник на Социјалдемократскиот Сојуз.
Термините клевета и навреда ги нема во кривичните закони во скоро сите земји членки на Европската Унија, па според тоа Тушева е со став дека доколку и Македонија претендира да стане членка на Унијата, добро би било да го следи тој тренд.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не се против декриминализацијата на навредата и клеветата, но сметаат дека конкретниот предлог е пребрзо решение кое може на каков било начин да влијае на веќе почнатиот дијалог за истата проблематика меѓу Владата и новинарите.
„Сега што би правеле ние како Собрание со една одлука, а во исто
време се водат преговори за истите можни, евентуални решенија во било која форма да се донесе и мислам дека добро е во секој случај да почекаме, да видиме што ќе биде, а понатаму апсолутно отворени сме за разговор, за преговори“, изјави Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Со идентичен став е и Демократската унија за интеграција. Не сме против декриминализацијата, но сме воздржани во однос на предложениот закон, изјави Сузана Салиу од ДУИ.
„Овој предлог малку е забрзан со оглед дека започнатиот дијалог меѓу ЗНМ и Владата е во сериозна интензивна фаза, се одвива во позитивен дух и насока.“
Предлог законот е на пратеникот Ивон Величковски кој смета дека истиот ќе овозможи поголема слобода на медиумите, а со тоа и на новинарите. Затоа кривичното гонење е претешка санкција за нив, смета Величковски. Јавниот обвинител Љупчо Шврговски, пак, неодамна изјави дека е рано за декримнализација и дека за тоа треба да се размислува во подалечна иднина, бидејќи ни е потребна еволуција на свеста. Според него, новинарите не можат да бидат изземени од одговорност ако не ја проверат информацијата, а казните треба да бидат изречени според моќта на медиумот.
Работата, улогата на новинарите во општеството е мошне значајна и битна и токму затоа сметам дека кривичното гонење на новинарите за клевета и навреда е несоодветна и претешка санкција.Маринела Тушева, СДСМ.
„Работата, улогата на новинарите во општеството е мошне значајна и битна и токму затоа сметам дека кривичното гонење на новинарите за клевета и навреда е несоодветна и претешка санкција“, изјави Маринела Тушева, пратеник на Социјалдемократскиот Сојуз.
Термините клевета и навреда ги нема во кривичните закони во скоро сите земји членки на Европската Унија, па според тоа Тушева е со став дека доколку и Македонија претендира да стане членка на Унијата, добро би било да го следи тој тренд.
„Сега што би правеле ние како Собрание со една одлука, а во исто
Мислам дека добро е во секој случај да почекаме, да видиме што ќе биде, а понатаму апсолутно отворени сем за разговор, за преговор.Светлана Јакимовска, ВМРО-ДПМНЕ
.