Васко Дуковски со кларинет по цел свет

Македонскиот кларинетист Васко Дуковски, кој на крајот на минатата година со неколкумина врвни музичари од светот го потпиша албумот Critical Models со нова серија концертни настапи ја продолжува својата успешна музичка кариера во САД.
Васко Дуковски е млад македонски музичар. Волшебник на кларинетот и еден од двајцата наши виртуози што дипломирал и магистрирал на престижниот њујоршки колеџ Џулијард.
Сега има една друга разлика која може да се најде во музиката на Феруз а тоа се источните елементи, користи специјални маками скали од арапскито свет кои се блиски до нас, до нашата музичка традиција и е нешто што едноставно мене ме инспирира и ме привлекува.
Васко Дуковски, музичар.

Заедно со колегата по инструмент Исмаил Лумановски подолго време настапуваат со својот проект ГРНЕТА АНСАМБЛ, членува и во ансамблот за современа музика ТАЛЕА, оркестарот на добитникот на наградите Тони и Греми – Тони Смол, џез фјужн бендот БЛУ МУН, соработува со композитори како Јуџин Марлов, Дину Џецо и Елиот Картер, со нашиот Дуке Бојаџиев и мечтае за што почести настапи со сега своите СТАРОВСКИ и триото ПЛОДОВА ВОДА.

Со желба за паралелна активност од обете страни на Атлантикот, Дуковски беше дел од екипата на интернационални музичари што во

Васко Дуковски

декември минатата година за издавачката куќа Дориан Соно Луминус го потпиша албумот насловен како Critical Models, остварување на кое тие ја свират композиции на американскиот автор од арапско потекло Мохамед Феруз и за кое во њујоршкиот Тајмс ќе биде забележано дека донесува неверојатно топла и брилијантно изведена музика.
Имаме некои планови да настапиме со Старовски првенствено во Њујорк. Планираме и напролет да направиме една мала да ја наречам балканска турнеја. А исто со Јордан Костов и со Круме Стефановски со нашето трио Плодова вода се работи на новото ЦД кое би требало да излезе за месец до два.
Васко Дуковски, музичар.

„Е сега има една друга разлика која може да се најде во музиката на Феруз а тоа се источните елементи, користи специјални маками скали од арапскито свет кои се блиски до нас, до нашата музичка традиција и е нешто што едноставно мене ме инспирира и ме привлекува.“

Она по што овој кларинетист ќе ја помни минатата 2011 година се настапот и претставувањето на проектот Love is The Way на Дуке Бојаџиев на Охридско лето, перформансите со СТАРОВСКИ на културната манифестација Велестовски вечери и на одбележувањето на петгодишнината од смртта на македонскиот бард – поетот Петре М. Андреевски во Слоештица и

Васко Дуковски со Старовски бенд

промоциите на книгата на Владимир Мартиновски – Побрзај и почекај и албумот на својата нова дружина - Прашинка љубов.

Згора на тоа престојот во Македонија го искористи, заедно со хармоникашот Јордан Костов и перкусионистот Круме Стефановски да го формира триото ПЛОДОВА ВОДА со кое настапија на познатиот сараевски фестивал Фосна, а го снимија и материјалот за албумот Свирци из Кавадарци.

„Имаме некои планови да настапиме со Старовски првенствено во Њујорк. Планираме и напролет да направиме една мала да ја наречам балканска турнеја. А исто со Јордан Костов и со Круме Стефановски со нашето трио Плодова вода се работи на новото ЦД кое би требало да излезе за месец до два.“

На 10 јануари Дуковски, со музика од композиторот Хуан Ро, со кого патем има снимано два албума на класична музика, како член на ансамблот ФАЈР ФЈУЧР ИН РИВРС ќе настапи во Њујорк, вели дека со нетрпение го очекува својот концерт во славниот Карнеџи хол, а со ГРНЕТА АНСАМБЛ патуваат на фестивал во Истанбул, Турција. И, тоа не е се бидејќи:

„Работам на нов проект кој ќе биде директно инспириран од македонски фолклор и за кој се надевам дека ќе биде завршен до јуни месец“, вели Дуковски.