Замина таткото на независна Македонија

Киро Глигоров.

Киро Глигоров ќе биде запаметен како прв претседател на самостојна Македонија, кој успеа да ја изгради државата по мирен пат. Тоа е неговото најголемо достигнување согласни се и граѓаните и политичарите.
Киро Глигоров почина синоќа во неговиот дом на 94-годишна возраст. Роден на 3 мај 1917 година во Штип, а функцијата ја извршуваше од 27 јануари 1991 година до 19 ноември 1999 година. Погребот ќе биде извршен утре во 13 часот на гробиштата Бутел, во кругот на најтесното семејство. Веста за неговата смрт граѓаните ја примија со жалење и имаа само пофални зборови за неговото дело.
Многу добар, тој е прв претседател на Македонија и многу направи за Македонија, држава да бидеме.
Анкетиран граѓанин.

„Многу добар, тој е прв претседател на Македонија и многу направи за Македонија, држава да бидеме.“

„Беше добар, во споредба со другите секоја му чест.“

„Лично за него нема што лошо да кажам, нема негативно.“

„Единствен претседател кој вредеше, комплетен, кој не не натера да одиме во војна, од Југославија ние останавме недирнати, тој е човек кој

Претседателот Киро Глигоров гласа на изборите во 2009-та

заслужува сите заслуги за Македонија.“

Мислењето го делат и политичарите кои за време на функцијата на Глигоров беа присутни на политичката сцена. Првиот претседател на Собранието на Македонија, Стојан Андов вели дека се простуваме со личност која единствена во нашата историја ги спои двете најголеми одлуки - Едната
Ќе остане во историјата како личност за почит и треба ние Македонците да му бидеме благодарни за тоа.
Стојан Андов, прв претседател на Собранието на РМ.
на АСНОМ во 1944 година, а другата е осамостојувањето на Макеоднија во 1991 година.

„Тој учествуваше и во едната и во другата, а во 1991-та имаше клучна улога. Ќе остане во историјата како личност за почит и треба ние Македонците да му бидеме благодарни за тоа.“

Пратеникот во сите состави на

Инагурација на претседателот Ѓорге Иванов, 2009-та година.

Собранието од осамостојувањето, Тито Петковски вели дека Глигоров ќе биде запаметен како еден од втемелувачите и основоположниците на македонската држава.

„Како претседател на Македонија практично допринесе најмногу со својата мудрост, политичко искуство, Македонија по мирен пат да стекне самостојност и независност. Значи во тие турбулентни времиња многу
Товарот беше премногу голем за да се најдат оптимални решенија за тоа време, време во кое поважно од се беше да се сочува мирот наспроти војната со која другите делови од Југославија се раздружуваа.
Слободан Чаушуле, поранешен министер за надворешни работи.
умешно ја водеше Македонија кон целта самостојна и суверена држава, меѓународно почна да се етаблира и да стане практично држава со сите потребни атрибути.“

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чаушуле вели дека неспорно е дека Глигоров остави белег врз времето во кое дејствуваше. Како прв претседател беше изложен на непријатни преговори за време на распаѓањето на Југославија и беше изложен на збунетоста на македонското општество што сака со својата држава.

„Товарот беше премногу голем за да се најдат оптимални решенија за тоа време, време во кое поважно од се беше да се сочува мирот наспроти војната со која другите делови од Југославија се раздружуваа. Од таму историјата, а треба да се направи поголема дистанца, ќе биде вистинскиот вреднувач на ликот и делото на господинот Глигоров.“

Владата денеска ќе одржи седница на која ќе донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост. За време на неговиот мандат во 1995 година врз Глигоров беше извршен атентат, кој го преживеа со тешки повреди на главата. Досега не се откриени ни нарачателите, ни извршителите на атентатот, а истрагата е се уште отворена.