Синоќа во својот дом во Скопје, на 95 години, почина првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.
Синоќа во Скопје, на 95-годишна возраст почина Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија. Информацијата ја потврди кабинетот на Глигоров, кој беше избран за претседател на Република Македонија на 27 јануари 1991 година и беше на функцијата до 19 ноември 1999 година.
Погребот ќе биде извршен утре во 13 часот на гробиштата Бутел, во кругот на најтесното семејство, а телото ќе биде изложено во капела од 12 часот.
Киро Глигоров е роден во Штип, во 1917 година. За претседател на РМ беше избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а по втор пат на 19 ноември 1994 на претседателски избори. Функцијата претседател на Република Македонија ја вршеше до 19 ноември 1999 година.
Во текот на своите два мандати ја промовира политиката на „eквидистанца“ кон сите соседи на земјата: Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција и Албанија. За време на неговиот мандат се случиja некои од најважните настани од современата историја на Република Македонија: на референдум на 8 септември 1991 бeше прогласена независноста на земјата, а Македонија беше и единствената од поранешните југословенски републики која се осамостои по мирен пат. На 17 ноември 1991 беше донесен новиот Устав, а на 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации.
На 3 октомври 1995 година врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров беше извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Досега не се откриени ни нарачателите, ниту, пак, извршителите на атентатот, а истрагата е се уште отворена.
Во текот на неговата политичка активност, Киро Глигоров беше одликуван со повеќе ордени.
Прочитајте уште:
Претседателот Иванов изрази сочувство до семејството на Глигоров
Утре ден на жалост поради смртта на Киро Глигоров
Али Ахмети - Глигоров ќе остане запишан во историјата на Македонија