Судбината на еврото ќе биде една од клучните економски теми во 2012-та година. Лидерите на Европската Унија понудија план за обновување на довербата во еврото, но не сите земји членки се подготвени да го прифатат. Аналитичарите оценуваат дека Европа е на крстосница, - или евро-зоната ќе се консолидира или ќе се распадне.
2012-та ќе биде година на планот за спас на еврото, презентиран од Германија и од Франција, кој ќе внесе нов дух на европското единство или ќе пропадне поради националната тесноградост на некои земји. Новиот договор би требало да биде формализиран во март и ќе значи поголема политичка и економска интеграција на членките на Европската Унија.
Во спротивно, ќе има враќање назад во времето на ривалски држави. Тоа можеби звучи пресилно, но по 3-годишната евро-криза, никој, вклучувајки ги и европските лидери, веќе не го потценуваат овој проблем.
Идејата во врска со новиот договор е во него да се вклучат сите земји од Европската Унија, а не само 17-те членки на евро-зоната, но Велика Британија е против. Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, во Европскиот Парламент изјави:
„Ова не е договор на 17 плус, туку на 27 минус. Повеќето лидери на државите членки ја искажаа нивната решеност да одиме напред со европската интеграција кон фискално стабилна унија. Тие покажаа дека сакаат повеќе Европа, а не помалку.“
Според новиот договор, во кој се заострува фискалната дисциплина, за прв пат се воведуваат и санкции за земјите кои нема да се придржуваат до мерките за штедење. Со тоа, европските земји, уште еден дел од својот суверенитет, пренесуваат во Брисел. Далибор Рохац од Легатум Институтот во Лондон, наведува:
„Мислам дека најголем проблем е да има влади на европската периферија кои навистина ќе го прифатат овој договор. Земји како Грција, Италија или Португалија, вложуваат големи напори да стават ред во финансиите, често на сметка на социјалата и на сметка на економсиот развој. Можам да замислам што ќе се случува доколку владите се обидат да воведат и нови мерки за штедење, според новиот договор. Ќе дојде до масовни протести, какви што имаше во Грција.“
Друг проблем на планот за спас на еврото е што на него се гледа како на германски. Берлин, кој имаше лавовски удел во пакетот финансиска помош за проблематичните земји, се соочува со отпор дома за нови слични аранжмани. Според економскиот аналитичар Рохац, суштината на германската формула е – периферните земји на Унијата да штедат, додека Германија, како економски мотор, преку извозната индустрија да го поттикнува економскиот раст и со тоа еврото да зајакне. Но, Рохац додава:
„Земјите на периферијата ја губат конкурентноста. Германија ќе биде способна да извезува, но доколку останатиот дел од Европа е во депресија, ќе нема многу места каде да се извезува. Затоа сметам дека овој модел нема да успее.“.
Според Бундесбанк, германската економија во 2012-та ќе забележи раст од само 0,6 насто, за разлика од 3 насто во оваа година, што е последица токму на предвидувањата за должничката криза.
Кризата во евро-зоната предизвика несигурност и во земјите кои се членки на ЕУ, но не го користат еврото. Чешкиот премиер Петр Нечас изјави дека тој лично е против делот од договорот според кој сите земји на ЕУ треба да партиципираат во фондот од 200 милијарди евра за подршка на земјите со големи долгови. И во Полска веќе имаше протести против поголема интеграција во Европската Унија, иако владата во Варшава го подржува планот.
Во 1997-ма година, кога еврото уште не беше воведено, американскиот економист од Универзитетот Харвард, Мартин Фелдштајн изјави дека заедничката европска валута не може да успее без политичка и фискална унија. Предвиде и дека доколку Европа дополнително не се интегрира во насока на подршка на заедничката валута, ќе има зголемени тензии, па дури и конфликт во Европа. Се чини дека сега неговите тогашни предвидувања се земаат сериозно. Доколку договорот за спас на еврото не помине, тешко дека Германија ќе прифати некој друг план, па може да се очекува дека Германија и другите богати земји од Унијата ќе размислуваат за формирање своја заедничка валута со високо ниво на фискална координација. Тоа ќе значи распаѓање на евро-зоната и многу неизвесна иднина на Европа.
Ова не е договор на 17 плус, туку на 27 минус. Повеќето лидери на државите членки ја искажаа нивната решеност да одиме напред со европската интеграција кон фискално стабилна унија. Тие покажаа дека сакаат повеќе Европа, а не помалку.Жозе Мануел Баросо,Претседателот на Европската Комисија.