Љубовта е демоде е кабаретска претстава во режија на Софија Ристевска и изведба на независната театарска дружина ИНТИМЕН ТЕАТАР, работена по текст на Билјана Крајчевска и извадоци од делата на кралот на валканиот реализам Хуан Педро Гутиерес.
Добро ни дојдовте во нашиот театар! Оставете ги вашите фиксации, фази на романтика, реалност и политика.
Заборавете ги домашните фрустрации, вештачки колкови и продолжувачи на пениси, љубовниците, бројките од бирото за вработување, простатата, препишаните љубовни пораки, врските, разводот, стравот никогаш да не станете мајки, проектите, преговарањата, вашите невоспитани деца, мирисот на морето, луѓето кои ве сожалуваат, луѓето кои се извинуваат, разните јадења, жената на која и ветивте се и потоа ја оставивте, депресијата, проќелавоста, цензурата, Истанбул од сапуниците и Париз од детските соништа, таблетите, јавните говори, безвизните пасоши што не можат да ве одведат никаде, вонбрачните деца, заборавете на сексот на сабајле, на полуписмените, на кампањите, на билбордите со спомени, на ЦИН 3 и сите болести добиени од љубов и заборавете на овој мал град! Оставете го надвор вашиот едноставен нормален живот! Вашите штикли од коишто ве болат нозете! Oвде не е така! Овде може се!
Овде животот е убав!
Вака започнува кабарето Љубовта е демоде на режисерката Софија Ристевска и независната театарска дружина ИНТИМЕН ТЕАТАР што по премиерната изведба во битолскиот ноќен клуб Расчекор ќе може да го проследат љубителите на оваа уметност и самомислечките луѓе од целата земја.
Се работи за втор
проект на оваа дружина која симпатиите на публиката ги собра со претставата Љубовница која беше поставена на почетокот од 2011 година и во изминатиот период со успех се играше и во Скопје и во Битола.
Љубовта е демоде е работен по текст на драматургот Билјана Крајчевска, а користени се извадоци од делата на кралот на валканиот реализам Хуан Педро Гутиерес, кој е познат по својата скептична, интелектуална, хумористична и искрена нарација.
„Љубовта е демоде доаѓа од денешната тенденција на современиот човек, матријалното и парите и потрошувачкото општество и човекот како потрошувач да биде многу поважно од тоа каков е човекот како индивидуа, како личност и колкава способност има да се заљуби“, истакнува режисерката Ристевска.
Таа за овој вид на вониституционално уметничко делување со дополна:
„Има една разлика од претставите што ги правиме ние и претставите што ги прават во државните театри, глумата е демоде во овој век, на тоа како се развива светот, па и театарот понатаму. Ние зборуваме и критикуваме, правиме дебати за темите кои ги носиме на површина.“
На кабарето, пак, душа и тело ќе му дадат актерите Маја Андоновска, Викторија Степановска, Катерина Аневска, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Петар Спировски, Борче Ѓаковски и Илина Чоревска.
„Соработката со Софија мене секогаш ми е многу драга, заради тоа што таа пред се е еден прекрасен човек, многу емотивна, слично на мене и зата може да се најдеме во многу работи, што таа сака да ги каже“, вели Чоревска која играше и во проектот Љубовница.
Инаку, музиката е дело на Александар Талевски и Бојан Колевски, костимограф е Андреј Ѓорѓиевски, фотограф Петар Тасевски, дизајнот е на Даниела Димитровска, кореографијата ја потпишува Кире Миладиновски, а поради содржината кабарето не им се препорачува на лица под 16 годишна возраст.
Љубовта е демоде доаѓа од денешната тенденција на современиот човек, матријалното и парите и потрошувачкото општество и човекот како потрошувач да биде многу поважно од тоа каков е човекот како индивидуа, како личност и колкава способност има да се заљуби.Софија Ристевска, режисерка на претставата.
Вака започнува кабарето Љубовта е демоде на режисерката Софија Ристевска и независната театарска дружина ИНТИМЕН ТЕАТАР што по премиерната изведба во битолскиот ноќен клуб Расчекор ќе може да го проследат љубителите на оваа уметност и самомислечките луѓе од целата земја.
Се работи за втор
Соработката со Софија мене секогаш ми е многу драга, заради тоа што таа пред се е еден прекрасен човек, многу емотивна, слично на мене и зата може да се најдеме во многу работи, што таа сака да ги каже.Илина Чоревска, актерка.
.