Поскапувања како новогодишна честитка

Струјата поскапува за 7 отсто, а парното за речиси 11 проценти. Парното поскапе и пред два месеци за речиси 9 отсто.
Зголемување на цената на струјата за 7 насто, а на парното за речиси 11 проценти. Граѓаните ја добија својата новогодишна честитка. Несомнено, најавите за новите поскапувања ќе бидат шок за буџетот на секое семејство. Логично е дека повисоките сметки за електрична енергија ќе повлечат низа други поскапувања, особено кај животните продукти.
Ние мораме како држава да градиме сериозен термо-енергетски објект во државна сопственост, кој ќе даде релативно поефтина електрична енергија, инаку ризикуваме да зависиме 60-70 проценти од увоз на електрична енергија, тоа веќе овој народ нема да го поднесе.
Атанаско Тунески, експерт за енергетика од СДСМ.

Од регулаторната комисија за енергетика образложија дека поскапувањето требало да биде двојно повисоко од предложеното, доколку се прифателе сите барања на компаниите.

Опозицијата остро реагира на ваквите најави. Изминатите пет години се потрошени, оти Владата можеше, а не ја спречи ваквата тенденција, обвинува Атанаско Тунески, експерт за енергетика од Социјалдемократскиот сојуз.

„Уште ТЕЦ Неготино во 2007-ма не беше на правилен начин воден тој проект и ден денеска е

Далновод

објект којшто не работи. Ние не осетивме некој значајни подобрувања со доаѓањето на ЕВН во 2006-та. Оние проблеми што со ГА-МА постоеја и ден денес постојат, па ГА-МА дава или не дава, па дури и да имате гас, ризикувате ГА-МА да не ви даде дозвола за користење на гасоводот.“

Тоа се воглавном проекти кои минимум 4-5 години траат поголемите објекти, во тој контекст напорите не отсуствуваат, но резултатите ќе се видат подоцна.
Талат Џафери, ДУИ.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ засега не добивме коментар на новите поскапувања. Пратениците кои ни беа посочени како упатени во оваа проблематика, не одговорија на нашите јавувања. Од владејачката ДУИ, пак, велат дека Владата не може да влијае врз одлуката на регулаторната комисија, но дека во континуитет работи на тоа да се отворат нови капацитети за производство на електрична енергија.

„Тоа се воглавном проекти кои минимум 4-5 години траат поголемите објекти, во тој контекст напорите не отсуствуваат, но резултатите ќе се видат подоцна“, изјави Талат Џафери од ДУИ.

За Тунески, пак, постојат мерки што треба да бидат преземени што побрзо за да се заштитат граѓаните од плаќањето високи сметки за парно и струја.

„Ние мораме како држава да градиме сериозен термо-енергетски објект во државна сопственост, кој ќе даде релативно поевтина електрична енергија, инаку ризикуваме да зависиме 60-70 проценти од увоз на електрична енергија, тоа веќе овој народ нема да го поднесе“, изјави Тунески.

Последен пат електричната енергија поскапе на 1 јануари годинава за скоро 6 проценти, а последната корекција на цената на топлинската енергија во Скопје беше во ноември годинава, кога имаше поскапување од 8,7 насто. Конечната одлука за цената ќе биде донесена до крајот на неделава. Доколку истата се реализира, тоа би значело дека едно семејство кое за парно месецов платило 3.600 денари, во јануари ќе плаќа безмалку 4.000 денари. Разочараноста кај луѓето е голема зошто во земјава има над 30 проценти невработеност. За околу 20 насто од вработените платата е околку осум илјади денари, 27 проценти примаат плата од осум до дванаесет илјади денари, а 30 проценти од вработените имаат месечен приход од дванаесет до дваесет илјади денари.