УСАИД почнува нов проект за мали и микро претпријатија за Скопскиот регион. УСАИД го зголеми финансирањето на македонските невладини организации од 700 илјади долари во 2010 на 3,4 милиони во 2011.
УСАИД започна нов проект за поддршка на малите и микропретпријатија со оглед на тоа што тие се основните двигатели на економијата и креатори на работни места. Целта на проектот, како што појасни директорот за економски развој на УСАИД, Џозеф Лесард е да се информираат претприемачите и да се соберат заедно на едно место заради размена на искуства и консултации.
„И да им укажеме на тоа какви се услуги ќе се нудат во овој проект. Услугите ќе бидат од низата на услуги за подобрување на конкурентноста, услуги за вадење на иновативни производи на пазарот, услуги за воспоставување деловни контакти, вмрежување помеѓу самите деловни луѓе“, изјави Лесард.
Министерот за економија Ваљон Сарачини потврди дека малите, микро и средни претпријатија имаат најголемо значење за македонската економија затоа што опфаќаат околу 99 проценти од вкупниот број претпријатија во земјата и апсорбира 80 проценти од севкупната работна сила во земјата.
„И со трансфер на знаења и трансфер на технологии ќе се обидеме да придонесеме за нашите микро и мали претпријатија повеќе да се ориентираат кон извозот како и кон друго успешни приказни, а со тоа нели и отварање на нови работни места и економски раст во државата“, изјави Сарачини.
Проектот кој започнува со скопскиот регион подоцна ќе се прошири уште на четири региони во земјата Полошкиот Источниот и Вардарскиот. Лесард го најави како одлична можност за добивање обука и практични знаења со цел од тоа да произлезе и повисока стапка на раст на економијата и повеќе работни места.
Овој проект ќе го спроведе Центарот за развој на претприемачи и менаџери кој и во изминативе пет години вршеше обука на менаџери и претприемачи. Иако се најавуваше повлекување на УСАИД од Македонија, оваа организација на полиња го зголеми одвоените средства за разни проекти во Македонија. За наредните години најавува и зголемување на средствата.
Услугите ќе бидат од низата на услуги за подобрување на конкурентноста, услуги за вадење на иновативни производи на пазарот, услуги за воспоставување деловни контакти, вмрежување помеѓу самите деловни луѓе.Џозеф Лесард, директор за економски развој на УСАИД.