Александар Прокопиев, авторот на Човечулец – македонскиот претставник за годинешната меѓународна книжевна награда Балканика, деновиве стана добитник и на наградата Хеликон.
Македонскиот книжевник Александар Прокопиев, заедно со својот српски колега Светислав Басара, се добитници на почесната награда Хеликон – признанието што ги обединува бугарските и балканските писатели, преведувачи и издавачи. Наградите им беа доделени на манифестацијата што се одржа во деновите од изминатиот викенд во Градската галерија и во книжарниците во Софија.
„За секој автор е најрадосно кога неговото творештво не само што се вреднува, туку и се чита. И најубаво беше можеби на овие средби освен тие офичијални моменти кои ја хранат суетата, имаше најубави средби со читатели и читателки. Едноставно сфаќаш дека луѓето те знаат, те читаат те толкуваат и сакат со тебе да го споделат своето доживување.“
Ова случување беше драгоцено за Прокопиев и поради фактот што тојна него потпишал договор за превод на Ѕиркачот, романот кој за 2007 година беше македонскиот претставник за престижната регионална награда Балканика, на бугарски јазик.
По пауза од четири години, овојпат со Човечулец, книжевната бајка што ја објави издавачката куќа Магор од Скопје, токму Александар Прокопиев повторно е во конкуренција за ова значајно признание.
„Иако Балканика е награда за одделно дело иако тука кандидатите се сите избрани преку национални конкурси од таа страна јас сум сигурен дека нема да им бидам непознат, најмалку тоа, на членовите на жирито, и можеби тоа ќе овозможи еден извесен адут во самата трка за наградата, се е можно но се надеваме дека членовите на жирито кои секогаш се еминентни критичари и професори на литературата, сга ќе имаат слух и за ова мое ново дело.“
Во очекување на доделувањето на Балканика кое е предвидено да биде на крајот на јануари наредната 2012 година, најверојатно во Охрид со што симболично ќе биде одбележана 15 годишнината од промовирањето на идејата за наградата, овој наш прозаист, есеист и поет, основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература и член на Независните писатели на Македонија, не престанува да твори и ги најавува своите две нови книжевни објави.
„Сите овие пропратни манифестации, награди, признанија се нешто многу убаво, но суштински е предаденоста на својот занаает, во таа смисла јас веќе работам и тоа не на една книга, туку на еден нов роман чиј работен наслов е Ермасници, туку работам и на книга есеи со работен наслов Скопски предавања, значи тоа пишување не прекинува, секој ден нешто запишувам смислувам, се радувам, се мачам.“
За секој автор е најрадосно кога неговото творештво не само што се вреднува, туку и се чита. Едноставно сфаќаш дека луѓето те знаат, те читаат те толкуваат и сакат со тебе да го споделат своето доживување.Александар Прокопиев, книжевник.
„За секој автор е најрадосно кога неговото творештво не само што се вреднува, туку и се чита. И најубаво беше можеби на овие средби освен тие офичијални моменти кои ја хранат суетата, имаше најубави средби со читатели и читателки. Едноставно сфаќаш дека луѓето те знаат, те читаат те толкуваат и сакат со тебе да го споделат своето доживување.“
Ова случување беше драгоцено за Прокопиев и поради фактот што тојна него потпишал договор за превод на Ѕиркачот, романот кој за 2007 година беше македонскиот претставник за престижната регионална награда Балканика, на бугарски јазик.
По пауза од четири години, овојпат со Човечулец, книжевната бајка што ја објави издавачката куќа Магор од Скопје, токму Александар Прокопиев повторно е во конкуренција за ова значајно признание.
Јас веќе работам и тоа не на една книга, туку на еден нов роман чиј работен наслов е Ермасници, туку работам и на книга есеи со работен наслов Скопски предавања, значи тоа пишување не прекинува, секој ден нешто запишувам смислувам, се радувам, се мачам.