Нерационално трошење на народните пари. Собранието, на пример, плаќало двојно поскап превод од ИСППИ. Една државна институција плаќа до четири пати повеќе за иста услуга од друга, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации.
Институциите не се однесуваат рацинално во трошењето јавни пари. Одредени институции за исти производи или услуги плаќале и неколкукратно повеќе пари, покажува извештајот за рациналност на трошењето јавни пари изработен од Центарот за граѓански комуникации.
При изработката на извештајот, Центарот анализирал три производи(клима уреди, лаптоп компјутери и ГПС уреди за возила, како и две услуги (превод од македонски на англиски и физичко обезбедување). Најголемите разлики се јавуваат кај услугите, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.
„Во преводот од англиски на македонски, разликата меѓу најниската и највисоката цена која институциите ја платиле за овој вид на услуга изнесува дури 167 проценти, а кај физичкото обезбедување разликата е уште поголема и изнесува 400 проценти,
што значи дека една државна институција плаќа четири пати повеќе за обезбедување од друга, а сите тие се финансираат од еден ист буџет кој го полнат граѓаните. Ваквата состојба се разбира е неприфатлива.“
На пример, за една страница превод од македонски на англиски, Институтот за социолошки и политичко правни истражувања плаќал 300 денари, а Собранието на Република Македонија од 531 до 814
денари. За час физичко обезбедување, здраствената установа „Трифун Пановски“ од Битола платила 39,3 денари, Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје 142 денари, обезбедувањето на дирекцијата на АД Електрани на Македонија чинело 180,4 денари за час, а општина Вевчани платила 196 денари.
Најголем дел од разликите во цените по кој институциите купувале производи или услуги не можат да се објаснат со применетите постапки, со купените количини или со изборот на поволна понуда.
„Во голем дел од случаите високите цени се постигнати во отворени постапки, за кои е објавуван оглас, потоа високи цени се постигнати и во случаи кога критериумот бил најниска цена, има и случаи во кои институциите кои плаќаат највисока цена за одреден производ или услуга купиле и најмногу количини со што се доведува во прашање основната економска логика и се создава сомнеж дека во постапките за јавни набавки можно е да постојат и некои други фактори кои влијаат врз цените.“
Од Центарот за граѓански комуникаци доставиле 100 барања до институции за изработка на извештајот, но од 16 институции не добиле никаков одговор.
„Се поставува прашањето, дали причината за нивното игнорирање е изгубеното чуство дека се трошат парите на граѓаните и дека треба да се даде отчет во секое време или можеби од друга страна прикривање на податоците кои знаат дека не се поволни за нив“, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникаци.
Државната комисија за спречување на корупцијата го идентификуваше секторот за јавни набавки како еден од можните ризични сектори и тој е посебно обработен во новата државна програма за спречување на корупцијата,вели претседателот на државната комисја за спречување корупција Воислав Зафировски.
Кај физичкото обезбедување разликата е уште поголема и изнесува 400 проценти, што значи дека една државна институција плаќа четири пати повеќе за обезбедување од друга, а сите тие се финансираат од еден ист буџет кој го полнат граѓаните.Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.
При изработката на извештајот, Центарот анализирал три производи(клима уреди, лаптоп компјутери и ГПС уреди за возила, како и две услуги (превод од македонски на англиски и физичко обезбедување). Најголемите разлики се јавуваат кај услугите, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.
„Во преводот од англиски на македонски, разликата меѓу најниската и највисоката цена која институциите ја платиле за овој вид на услуга изнесува дури 167 проценти, а кај физичкото обезбедување разликата е уште поголема и изнесува 400 проценти,
На пример, за една страница превод од македонски на англиски, Институтот за социолошки и политичко правни истражувања плаќал 300 денари, а Собранието на Република Македонија од 531 до 814
Се поставува прашањето дали причината за нивното игнорирање е изгубеното чуство дека се трошат парите на граѓаните и дека треба да се даде отчет во секое време или можеби од друга страна прикривање на податоците кои знаат дека не се поволни за нив.Сабина Факиќ, Центар за граѓански комуникации.