Не сме приклонети кон која било страна и работиме согласно законот, вели првиот антикорупционер Воислав Зафировски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Зафировски, во последниот извештај за корупцијата на Транспаренси интернешнл, Македонија бележи пад од седум места во однос на минатата година. На што се должи тој пад?
Транспаренси интернешнл ги рангира земјите според коефициентот на перцепција на корупцијата. Република Македонија бележи пад од 0,2 индексни поени во поглед на перцепцијата од минатата година. Тој пад од 0,2 индексни поени ја симнува Република Македонија за седум места наназад. Ако погледнеме од земјите од регионот, со исклучок на Црна Гора, сите земји од регионот бележат пад во индексот на перцепцијата на корупцијата. Зад нас се и земји членки на ЕУ, како што е Романија, како што е Грција, како што е Бугарија, потоа зад нас е Србија, зад нас е Албанија, зад нас е Косово. И да напоменам една многу значајна работа, буџетите на сите антикорупциски комисии во регионот се неколкукратно поголеми од буџетот на Државната комисија за спречување на корупција во Република Македонија. На што се должи овој пад на индексот на перцепција на корупцијата? Постојат два клучни моменти за тоа - првиот е тоа што Државната комисија за спречување корупција годинава работи согласно новото законско решение што значи дека членовите на Државната комисија за спречување комисија на Република Македонија се професионално ангажирани, но во меѓувреме не се промени ништо во делот на Секретаријатот, односно во делот на јакнење на капацитетите на Секретаријатот за да ја следи работата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Но се надевам дека со проекцијата за пет нови вработувања во наредната година овој проблем со јакнењето на капацитетите до некаде ќе биде совладан и ќе можеме да очекуваме исчекор. И другата причина заради која ценам дека има пад во поглед на перцепцијата е изборната реторика која ја имавме во периодот на изборите.
Дали тоа значи дека дека имате финансиски проблем да ги реализирате своите работни обврски како Комисија?
Буџетот за оваа година беше лимитиран и ако не се направеше ребаланс имаше средства за активности и за плати до септември оваа година, меѓутоа со ребалансот кој се направи се овозможија, се одвоија средства за нормално, непречено функционирање на Државната комисија за спречување корупција. И тие средства обезбедуваат нормално наше функционирање до крајот на годината. Проекцијата на буџетот за следната година е далеку подобра од онаа што беше за годинава. Така што цениме дека буџетот за наредната година во целост ќе ги покрие планираните активности кои се зацртани во програмата за 2012-та година.
Најавивте дека ќе поднесете иницијатива за кривично гонење на СДСМ поради нерегуларностите кои ги забележавте во нивниот финансиски извештај. До каде е таа постапка?
Сега сме во онаа фаза кога работиме на изготвувањето на иницијатива за кривично гонење на оние субјекти кои го имаат прекршено кривичниот законик. Јавноста веќе знае, ние добивме два финални извештаи од Социјалдемократскиот сојуз, од А1 телевизија и од продукција Плус. Кривичнит законик предвидува дека тоа е недозволено, дека ние го третираме како обид да се изманипулира државната комисија за спречување на корупција и од тие причини ќе поднесеме иницијатива за кривично гонење. А, се разбира јавното обвинителство е тоа кое ќе цени дали постојат елементи на кривичното дело за кое ние цениме дека се повредени одредбите или не.
Во извештајот од следењето на финасирањето на партиите за време на изборите, наведено е дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ потрошила многу повеќе пари отколку што пријавила дека има. Зошто комисијата не покрена постапка за тоа прашање?
Комисијата не може да покрене постапка не само за тоа прашање, туку и за останатите прашања кои се врзани со должничко-доверителни односи меѓу два субјекта. Значи се она што согласно законот може да биде санкционирано, ние го санкционираме. Овде станува збор за договор меѓу два правни субјекта. Начинот на исплатата навистина останува под голем знак прашалник. Меѓутоа имајте предвид дека согласно Изборниот законик, согласно освоениот број на мандати во парламентот, политичките партии добиваат и буџетски средства, кои потоа можат да бидат искористени за подмирување на долговите. Сакам да кажам дека ние можеме да санкционираме само она што за што законот предвидува санкции.
Дали остава простор за сомневање за корупција во финансирањето, затоа што станува збор за разлика од 3 милиони евра. Има ли капацитет да се провери од каде се тие 3 милиони евра разлика помеѓу расходите и приходите на владеачката партија?
Станува збор пред се за трошок кој е направен како резултат на медиумско покривање на кампањите. Најголемите трошоци кај сите организатори на политичките партии се всушност средствата потрошени на медиумско покривање и платено политичко рекламирање по медиумите. Тие договори можеме да ги добиеме и таму точно се наведува и ги имаме информациите и од самите медиумски куќи, која е цената на чинење на отстапена минута платено политичко рекламирање, дали е даден попуст и ако е даден колкав е попустот и попустот го рачунаме како донација и таа не смее да поминува 5 проценти од износот кој е прикажан како приход во завршната сметка за претходната година. Со оглед на тоа дека станува збор за договор меѓу два субјекта ние можеме тоа да го следиме, законот не обврзува една година да ги следиме сите јавни набавки, сите тендери во поглед на тоа да нема фаворизирање на одредени субјекти, односно да нема дискриминирање на некои други субјекти. Тоа ќе го чиниме како Државна комисија, тоа и го следиме. Меѓутоа како договорен однос, треба да се следи периодот од најмалку 3 години за да можеме да дојдеме до заклучок дали станува збор за донација или не, за да ставиме знак на сомневање дали е во прашање корупција или не. Затоа што во рок од три години застаруваат финансиските побарувања, тоа значи дека последниот ден од истекот на третата година ако радиодифузерот си поднесе судско барање за наплата на извршената услуга во тој случај немате случај корупциски и нема основ за сомневање за корупција.
Како регирате на обвинувањата на опозицијата дека сте продолжена рака на власта?
Немам таков впечаток дека државната комисија е приклонета кон било која страна, затоа што ние работиме согласно законот. Опозицијата имаше можност, право и обврска, сите свои забелешки по однос на кадровските решенија да ги каже, да ги презентира на вистинското место во рамките на Собранието на Република Македонија и во рамките на комисијата за избори и именувања. Тие таму не се појавија, така што сите разговори надвор од официјалните места наликуваат на женски муабети кои едноставно не заслужуваат коментар.
Дали има место за сомнеж за корупција во делот на јавните набавки и анекс договорите во проектот Скопје 2014 од аспект на тоа што со анекс договорите дополнително се зголемува првично договорената цена.
Законот за јавни набавки дозволува и овозможува да се прават анкес договори кои можат да ја зголемат вредноста на одреден објект или на одредена договорна услуга за одреден процент. Во тие рамки ние досега немаме сознание од остварениот увид во документацијата која се однесува на проектот Скопје 2014 дека има прекршување на законски утврдените лимити, но тоа не значи дека Државната комисија за спречување на корупција секогаш кога ќе има вакви инфомации истите да ги стави под лупа. Сакам во таа насока една паралела да направам, ние повторно на маса го отворивме случајот Метрудхем.
До каде е постапката по тој предмет. Вашата колешка Мира Димовска, уште во 2008 тврдеше дека има сериозни сомневања за корупција.
Сериозни сомневања дека има прекршувања на законот за јавни набавки во смисла на фаворизирање на одреден економски субјект при самата продажба односно при купувањето на топилницата, тие сомневања стојат. Меѓутоа комуникацијата со Министерството за економија ја имаме евидентирано овдека, од судот не ни беа доставени одредени документи, конкретно договорот за купо-продажба на топилницата, така што сега со оглед на актуелните случувања, повторно тој предмет доаѓа на дебата во Државната комисија за спречување на корупција. А, како ќе се одвиваат работите по тој предмет, тоа откако Државната комисија ќе расправа.
Тој предмет го имате веќе 4 години? Од 2008 е во Комисјата или во бирото?
Не, ставен е во мирување, со оглед на тоа што од Министерството за економија во 2008 година е добиено извествање дека нема да се дозволи рестартирање на велешката топилница без да се обезбедат било какви претпоставки за заштита на околината, за почитување на еколошките стандарди, и така натаму, и дополнително бевме известени дека нема да се преземе ништо без наша консултација во тој дел.
Кога може да очекуваме став по овој предмет?
Па неблагодарно е да кажувам време, особено што треба да се има во предвид што членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, добар дел од нив дури четворица се нови членови. Јас веќе се запознав со предметот, но со тој предмет ќе треба да се запознаат и тие, за да може да се апсолвираат информациите кои се содржани во она што досега е сработено, за да можеме компетентно да разговараме и да носиме одлуки согласно законот за спречување на корупцијата.
Вашиот претходник тврдеше дека во областа на јавните набавки и тендери има многу елементи за корупција, затоа што со години едни исти фирми се јавуваат и ги добиваат тие тендери и има основи за сомневање дека тие се фаворизирани. Колку може и што може да направи Државната комисија за да навлезе во корените на овој проблем ?
Државната комисија за спречување на корупцијата го идентификуваше секторот за јавни набавки како еден од можните ризични сектори и тој е посебно обработен во новата државна програма за спречување на корупцијата, каде што се инсистира на многу поголема транспарентност каде што се инсистира на почитување на фазите во одлучувањето и се разбира делот кој се однесува на жалбената постапка. Инсистираме на тоа да се воведе обврска за сите оние кои учествуваат на таквите тендери да поднесат изјава за немање судир на интереси.
Дали може да се пофалите со некој случај кој добил судска разрешница по ваша иницијатива?
Паааааа, ние функционираме во овој состав од 6-ти односно од 9-ти април годинава. Досега имаме покренато четири иницијативи за кривично гонење и чекаме од обвинителството, тие се во процедура ќе видиме што ќе се случи.
Досега и во претходните состави на комисијата, ретко кој случај виде судски крај. Зошто се остава впечаток во јавноста дека ниту судството, ниту обвинителството не ги земаат сериозно предвид иницијативите на државната комисија.
Токму од овие причини, ние како Државна комисија за спречување на корупцијата бараме интервенција во Законот за јавното обвинителство кој е сега во процедура на негово донесувањето токму во насока на тоа да обвинителите многу посериозно постапуваат кон иницијативите на Државната комисија за спречување корупција бидејќи во секоја иницијатива ние приложуваме навистина бројни докази.