Лидерите на Европската унија вечер во Брисел го отвораат дводневниот состанок кој, според повеќето посматрачи, е клучен во борбата да се спречи колапсот на еврозоната. Германија и Франција веќе излегоа со предлози. Во врска со нив, весникот Вашингтон пост објавува анализа во која се вели: „Многумина се охрабрени од Арапската пролет, верувајќи дека демократијата маршира. Маршира, ама наназад. Во Европа таа безглаво се повлекува.“
Лидерите на европските водечки земји, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози побараа од колегите да им ја отстапат контролата на нивните национални буџети на неизбрани технократи и судии.
Секоја земја чиј буџетски дефицит ќе биде поголем од 3 насто од БДП ќе се соочи со финансиски санкции кои засега не се ни специфицирани. Економските консеквенци на овој погрешен фискален пуританизам се застрашувачки.
Доколку другите членки на Унијата се согласат со тоа, тогаш им испорачуваат на нивните граѓани години, а можеби и децении на намален животен стандард.
Ако земјата е во рецесија, а некои веќе се, не ќе можат да бидат способни да инвестираат во нови работни места.
Уште повеќе што балансираниот буџет не е гарант за економско заздравување. Шпанија на пример имаше буџетски суфицит се додека не експлодира меурот на приватната станбена изградба. Кога невработеноста достигна 20 насто, буџетот неизбежно дојде на црвено.
Но, предлозите на Меркел и на Саркози не носат прекин на циклусите на шпекулативни порасти и падови.
Па зошто воопшто европските лидери оваа недела ќе гласаат да си ја стават лудачката кошула што им ја нудат Меркел и Саркози? Зошто тие би им ја предале нивната суверена моќ на бројачи на гравчиња во Брисел?
Одговорот е: пазарите не им оставија поинаков избор. Каматните стапки што ги плаќаат за нивните обврзници без кои не можат да останат во бизнис пораснаа до погубна височина за понепродуктивните земји во јужна Европа, а сега Стандард и Пурс им се заканува со намалување на кредитниот рејтинг и на поразвиените членки од северот.
Под закана е и Германија, не поради нејзиното однесување, туку бидејќи нејзиното соседство има проблеми.
Банкарот Роџер Алтман, кој за време на администрацијата на американскиот претседател Бил Клинтон беше заменик министер за финансии, неодамна за Фајненшал тајмс изјави дека финансиските пазари станаа глобална супер влада.
„Тие соборуваат режими каде што нормалните политички процеси тоа не можат да го направат. Тие присилуваат на штедење, на спасувачки пакети за банките и на други големи политички промени. Оставајќи го настрана неупотребливото нуклеарно оружје, финансиските пазари станаа најмоќната сила во светот“, пишува Алтман.
Кризата во Европа најчесто се прикажува како борба меѓу Германија, која бара од соседите да прифатат фискални ограничувања, и неспособните јужни земји. Во поширока смисла, Германија само несвесно јава кон глобално финансирање. Ова не е мала иронија, ако се има предвид дека Германија го зачува својот финансиски сектор од шпекулации.
Новата европска компактност ќе бара од владите и од граѓаните да се снаоѓаат со помалку, но банките иако се причина за економски колапс, како во Ирска и Шпанија, ќе останат неогребени. Јавното расипништво е казнето, приватното останува надвор од контрола.
Се појави глобална супер влада, која не е избрана, не е одговорна и не се грижи за општата благостојба. Таа нема ништо со Обединетите нации и не лета околу со црни хеликоптери. Каква и да е, 2011 не беше добра година за демократијата, се заклучува во анализата на Вашингтон пост.
Многумина се охрабрени од Арапската пролет, верувајќи дека демократијата маршира. Маршира, ама наназад. Во Европа таа безглаво се повлекува.Вашингтон пост.
Секоја земја чиј буџетски дефицит ќе биде поголем од 3 насто од БДП ќе се соочи со финансиски санкции кои засега не се ни специфицирани. Економските консеквенци на овој погрешен фискален пуританизам се застрашувачки.
Доколку другите членки на Унијата се согласат со тоа, тогаш им испорачуваат на нивните граѓани години, а можеби и децении на намален животен стандард.
Ако земјата е во рецесија, а некои веќе се, не ќе можат да бидат способни да инвестираат во нови работни места.
Уште повеќе што балансираниот буџет не е гарант за економско заздравување. Шпанија на пример имаше буџетски суфицит се додека не експлодира меурот на приватната станбена изградба. Кога невработеноста достигна 20 насто, буџетот неизбежно дојде на црвено.
Но, предлозите на Меркел и на Саркози не носат прекин на циклусите на шпекулативни порасти и падови.
Па зошто воопшто европските лидери оваа недела ќе гласаат да си ја стават лудачката кошула што им ја нудат Меркел и Саркози? Зошто тие би им ја предале нивната суверена моќ на бројачи на гравчиња во Брисел?
Финансиските пазари станаа глобална супер влада.
Тие соборуваат режими каде што нормалните политички процеси тоа не можат да го направат. Тие присилуваат на штедење, на спасувачки пакети за банките и на други големи политички промени. Финансиските пазари станаа најмоќната сила во светот.Роџер Алтман, банкар, поранешен заменик министер за финансии на САД.