Меѓународниот суд на правдата утврди дека Грција ја прекршила Времената спогодба, со ветото за членство на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година.
Хашкиот суд и официјално ја објави пресудата донесене во врска со македонската тужба против Грција поднесена пред овој суд со цел да се докаже дека јужниот сосед ја прекршил времената спогодба со тоа што го блокираше приемот на земјава во НАТО на самитот во 2008 година.
„Судот прво, со 14 гласови наспроти 2, утврдува дека има надлежност да постапува во случајот почнат од поранешната југословенска Република Македонија од 2008 година и дека ова барање до судот е допуштено.
Второ, со 15 гласови наспроти 1, се утврдува дека Хеленската Република, со противењето на прием на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО, ги прекршила обврските согласно членот 11 став 1 од Времената спогодба.
Трето, со 15 гласови наспроти 1, се одбиваат сите други поднесоци поднесени од поранешната југословенска Република Македонија“, рече судијата претседавач, Хисаши Овада.
Според образложението на пресудата коешто траеше околу еден час, судот одбил најголем дел од аргументите на тужената страна, односно на Грција меѓу кои и тоа дека прекршувањата на спогодбата биле одговор на претходно направени прекршувања на спогодбата од страна на Македонија како подносител на тужбата. Единственото прекршување на спогодбата, како што утврдил судот, од страна на Македонија направено во 2004 година како резултат на употреба на симболи на спротивната страна, судот на го утври како доволен аргумент да се блокира зачленувањето на земјава во меѓународни организации. Не беа утвдрени прекршувања ниту во делот на добрата волја да се изнајде решение по однос на спорот и не пронајде одговорност во ниту еднба од страните за тоа што до сега не дошле до решение на спорот, којшто е под наделжност на ОН.
Македонија ја поднесе тужбата против Грција на 17 ноември 2008, откако Грција истата година на самитот на НАТО којшто се одржа во април во Букурешт, ја блокираше поканата на земјава за членство во Алијансата.
Македонските власти не ја кријат надежта дека пресудата може да помогне во деблокирањето на македонските евроинтегерации длабоко заглавени во спорот за името со соседна Грција. Експертите од оваа област воглавно до сега предупредуваа хашката пресуда нема да донесе правни обврски за Грција, туку евентуално може да помогне во натамошната расоправа со јужниот сосед за надминување на спорот. Како Брисел ќе го третира исходот од спорот ќе се види веќе на Советот на министрите, како и на претстојниот состанок на НАТО.
Хеленската Република, со противењето на прием на поранешната југословенска Република Македонија во НАТО, ги прекршила обврските согласно членот 11 став 1 од Времената спогодба.Хисаши Овада, судија претседавач во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.