Владејачката Единствена Русија победи на вчерашните парламентарни избори, но претрпе остар пад во поддршката од граѓаните. Со околу 96 насто преброени гласови, Централната изборна комисија соопшти дека Единствена Русија доби нешто помалку од 50 проценти. На претходните избори во 2007 година имаше 64 насто од гласовите.
Единствена Русија останува мнозинска партија во државната Дума, а веднаш по неа е Комунистичката партија, по што следат центристичката Праведна Русија и ултра-националистичките либерал демократи на Владимир Жириновски.
Другите три партии кои учествуваа на изборите не успеаjа да го минат прагот од седум насто за влез во Думата.
Резултатите претставуваат сериозен срам за владејачката партија. Таа ја загуби двотретинската доминација кога од 450 те места во Думата контролираше 315. Сега би требало да има 238 места.
Премиерот Владимир Путин, кој на телевизијата се појави заедно со претседателот Дмитри Медведев, изјави дека тоа се одлични резултати во тешки времиња.
„Врз основа на овие резултати ќе бидеме во можност да обезбедиме стабилен развој на нашата земја.“
Путин кој, според посматрачите, веќе ја има обезбедно својата победа на претседателските избори во март, воопшто не го спомна падот на поддршката за Единствена Русија.
За разлика од него, Медведев кој ја води партиската листа на Единствена Русија и за кој се очекува да стане нов премиер кога во идната година му истекува претседателскиот мандат, изјави дека намаленото мнозинство го покажува расположението на јавноста и, како што рече, демократијата во акција.
Од Комунистичката партија вчерашните резултати ги оценуваат како почеток на нова реалност во земјата.
„Граѓаните на нашата земја му свртеа грб на курсот на владејачката партија. И покрај обидите да се скрши јавното мислење, земјата одби да ја поддржи Единствена Русија и всушност таа загуби во скоро сите градови“, изјави лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов.
Дел од руските аналитичари сметаат дека иако не станува збор за тотален пораз на Единствена Русија, резулатите од изборите се алармно ѕвонче за властите.
„Доколку властите не го обноват политичкиот систем или барем додека не го модернизираат, тогаш страхувам дека за неколку години ќе гледаме протести, не на подиумите, туку на улиците. А тогаш ќе биде предоцна нешто да се менува“, вели политичкиот аналитичар од Москва Павел Салин.
Активисти и опозициони лидери велат дека имало голем број на случаи на нарушување на изборниот процес. Според некои наводи, околу 200 активисти биле уапсени во Москва и во Санкт Петерсбург, бидејќи протестирале против изборите. На западно финансираната организација за следење на изборите Голос и на два либерални медиуми им биле блокирани интернет страниците.
Централната изборна комисија соопшти дека одѕивот бил 60 насто од 110 те милиони луѓе со право на глас. На претходните, излезот бил 64 проценти.

Врз основа на овие резултати ќе бидеме во можност да обезбедиме стабилен развој на нашата земја.