Политичките елити се директно инволвирани во организираниот криминал во понеразвиените земји со висок индекс на корупција, објаснуваат експертите.
Политички организираниот криминал, познат меѓу луѓето како политичката мафија, според меѓународните организации и националната стратегија, е посебен, нов вид на организиран криминал, безбедносна закана број еден за земјите, институциите и граѓаните, оценуваат експертите. Според стручњаците, овој криминал, вообичаен за денешницата, не е типичен само за нас, туку и за сличните земји од северна и централна Африка, југоисточна Азија и централна Америка, кои ги карактеризира сиромаштија и нискиот стандард.
„Станува збор за понеразвиените земји, каде индексот на корупција е многу висок и каде политичките елити се тие кои што се директно инволвирани во организираниот криминал. Имаме случаи и во високоразвиените западни држави, да највисоките позиции од институционалната хиерархија на една земја бидат посредно инволвирани во она што останатите светски автори велат се во некоја тесна спрега и симбиотска врска меѓу политичкиот врв и определени криминални организации. Кај овој политичку тип на организиран криминал не се работи за обична спрега или врска, туку тука, политичкиот врв е директно инволвиран, кој организира одредени организирани криминални дејанија и активности“, вели Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за безбедност.
Тој ги издвојува видовите организиран политички криминал што постојат кај нас:
„Кај нас изминатите 20 години се случуваше криминалната приватизација, но веќе тоа заврши. Сега се јавните тендери во игра, па кај нас како облик најкарактеристичен и најдоминантен е организираниот финансиски криминал. Тој се манифестира преку различни модуси, но најкарактеристично е што, не само кај нас, туку и во останатите земји, јавните набавки претставуваат жариште на корупцијата. А таму кај што има висока корупција, доаѓа до израз организиран финансиски криминал“, вели Лабовиќ.
Тој додава дека во борбата против политичкиот криминал, според оригинално модифицираната варијанта во склад со специфичните фактори кај нас, треба да се формираат самостојни институции независни од извршната власт, како концентрација на моќ и извор на висока корупција и организиран криминал, кои ќе бидат во рамките на системот на државата.
Експертите велат дека официјални податоци за обемот и насоката на развојот на политичкиот криминал нема, поради недостаток на мерење на оваа појава, што треба прво да се третира, па да се санкционира. Според Лабовиќ, овој вид на организиран криминал е константно присутен како најголема опасност за една држава. За политичкиот криминал, во контекст на борбата против тероризмот и безбедносните ризици во регионот на Балканот и Македонија, се расправаше на школата за јавни политики што Центарот за истражување и креирање политики неодамна ја организира во Охрид.
Станува збор за понеразвиените земји, каде индексот на корупција е многу висок и каде политичките елити се тие кои што се директно инволвирани во организираниот криминал.Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за безбедност.
„Станува збор за понеразвиените земји, каде индексот на корупција е многу висок и каде политичките елити се тие кои што се директно инволвирани во организираниот криминал. Имаме случаи и во високоразвиените западни држави, да највисоките позиции од институционалната хиерархија на една земја бидат посредно инволвирани во она што останатите светски автори велат се во некоја тесна спрега и симбиотска врска меѓу политичкиот врв и определени криминални организации. Кај овој политичку тип на организиран криминал не се работи за обична спрега или врска, туку тука, политичкиот врв е директно инволвиран, кој организира одредени организирани криминални дејанија и активности“, вели Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за безбедност.
Тој ги издвојува видовите организиран политички криминал што постојат кај нас:
Сега се јавните тедери во игра, па кај нас како облик најкарактеристичен и најдоминантен е организираниот финансиски криминал. [...] Јавните набавки претставуваат жариште на корупцијата.Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за безбедност.